Одредби и услови на Canon промоцијата „Враќање во училиште“

1. ПРОМОТИВНИ ПРОИЗВОДИ, ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД И УЧЕСНИЦИ

1.1. Оваа промоција е достапна само на набавки направени од производите на листата наведена/прикачена подолу („Промотивни производи”) во Р. Северна Македонија од овластени партнери помеѓу 15.8.2022 и 30.9.2022 година, вклучително („Промотивен период”).
1.2. Сите Учесници мора да бидат на возраст од 18 години или постари и мора да бидат жители во Европската економска област или Швајцарија (EEA) („Учесник”).
1.3. Се зема предвид дека сите учесници се согласиле да бидат обврзани со овие одредби и услови.
1.4. Сите производи мора да бидат набавени во Р. Северна Македонија и мора да биле доставени и дистрибуирани до трговците на мало од Canon CEE GmbH („Canon”) или од групата компании на Canon лоцирани во EEA. Ве молиме проверете со вашиот трговец за веродостојноста на горенаведеното за да се избегнат разочарувања. Продавниците на интернет мора да прикажуваат регистрирана/поштенска адреса во Р. Северна Македонија.
1.5. Сите промотивни производи мора да бидат нови и оригинални производи на Canon. Набавки на употребувани, реновирани или обновени производи, или производи кои се фалсификувани или ги прекршуваат на кој било начин правата на интелектуалната сопственост на групата компании на Canon (на пример, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на паралелни или "сиви" производи) нема да се квалификуваат за оваа промоција. За да дознаете повеќе за паралелни производи погледнете на вашиот локален линк http://www.canon.com.mk/backtoschool

2. КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ

2.1. За да учествувате во промоцијата, Учесникот мора да набави промотивен производ во Р. Северна Македонија, во промотивниот период од овластени партнери.
2.2. Промотивниот попуст се заснова на купување на еден од промотивните производи.
2.3. Промотивните производи се предмет на достапност додека траат залихите на истите. Canon нема да биде одговорен за неуспехот на трговците на мало да ги исполнат нарачките на промотивни призводи за време на промотивниот производ.
2.4. Може да се направи само едно барање за набавен промотивен производ.
2.5. Оваа промоција не може да се откупи во поврзаност со која било друга промоција.

3. ИНСТАНТ ПОВРАТ НА ПАРИ

3.1. Учесниците ќе добијат инстант поврат на пари во износите прикажани за набавките на промотивните производи.
3.2. Ако сте регистриран ДДВ обврзник во Р. Северна Македонија и добивате поврат на пари, тоа може да ја намали оданочуваната вредност на вашата набавка и затоа можеби ќе треба соодветно да го намалите влезниот данок.

4. ПРОМОТОР

4.1. Промоторот е Canon CEE GmbH, Oberlaaer Straße 233, 1100, Виена, Австрија.

5. ОДРЕКУВАЊА

5.1. Во најголема мера дозволена со закон, Canon нема да одговара за каква било загуба, штета или повреда од каква било природа, предизвикана од кој било Учесник во рамките на оваа промоција. Меѓутоа, ништо во овие правила нема да има ефект на исклучување или ограничување на одговорноста на Canon за лична повреда или смрт предизвикана од докажана небрежност на вработените или агентите на Canon.
5.2. Canon го задржува правото да ја поништи, прилагоди, и/или измени оваа промоција во секое време без никаква одговорност.
5.3. Canon го задржува правото да ревидира барања за да обезбеди усогласеност со овие одредби и услови и да побара дополнителни информации и придружни документи. Canon го задржува правото да исклучи барања и/или учесници ако се посомнева дека промоцијата се злоупотребува на каков било начин. Одлуките на Canon во врска промоцијата се конечни и нема да бидат внесени кореспонденции.

6. ПРАВО И ЈУРИСДИКЦИЈА

Овие одредби и услови и сите спорови кои произлегуваат од или во врска со нив ќе се регулираат и толкуваат во согласност со законите на Австрија и ќе бидат предмет на неексклузивната надлежност на австриските судови.

Целосна листа на производи кои учествуваат

Производ Износ на попуст
TS3150 500 ден
TS3450 600 ден
TS5150 600 ден
TS5350 600 ден
TR4550 500 ден
MG3650BK 500 ден
G3415 900 ден
G3411 900 ден
G2420 600 ден
G2415 600 ден
G2411 600 ден
G3420 900 ден
MG2550 500 ден
TS3350 600 ден
TS3451 600 ден

Партнер (продавачот) кој учествува во промоција:

Neptun Setec