Видео-хибрид

Сонот на креаторите на содржини. Еден фотоапарат за фотографии и видео

Хавиер Кортес сликаше балерина во сала со Canon EOS R6

Хавиер Кортес во акција како слика балерина која вежба во оперската куќа Масимо, Сицилија. ® Teatro Massimo.

Освен фотографии со врвен квалитет, EOS R6 создава и извонредни видеоснимки. Снимајте со резолуција до 4K/60p или со стапка на слики до 120p кога снимате Full HD-видео - со Dual Pixel CMOS AF и во двата случаи за да добиете континуиран автоматски фокус со следење. Користете ги напредните технологии на фотоапаратот за да снимате со широк динамички опсег и прекрасни бои.

Раце држат Canon EOS R6 во природна околина

Фотографирајте со раце и искористете го целиот потенцијал на моќната комбинација од објектив и вграден стабилизатор на слика во EOS R6.

Сликање на балерина во отворен природен простор опкружена со столбови

Снимајте 4K 60p за да ја доловите грациозноста и флуидноста на балетот, во исклучителни детали и природна боја.

Canon EOS R6 држен под низок агол сликајќи балерина што седи на подот

Екранот со променлив агол помага во врамување на сликата при сликање под мал агол за драматичен ефект. ® Teatro Massimo.

Добијте изглед и чувство по ваша желба

EOS R6 може да снима видеоснимки со различни резолуции и стапки на слики, во зависност од изгледот и чувството што сакате да го постигнете.

Во 4K UHD-резолуција, режисерите можат да снимаат извонредно остри и детални материјали и да изберат повеќе стапки на слики:
• 23,98p за филмски изглед и чувство
• 25p и 30p за нормална репродукција
• 50p и 60p за репродукција на течни движења на динамичките субјекти или за создавање ефекти на забавени движења со двојно помала брзина

Кога снимате во Full HD-резолуција, достапни се повеќе опции:
• 100p и 120p за уште порамномерна репродукција на субјекти кои се движат многу брзо и екстремни ефекти на забавени движења со четири пати помала брзина.*

Освен стандардно фотографирање со тајмер за интервали, EOS R6 поддржува и снимање видеоснимки со забрзани движења во 4K и Full HD. Тоа им овозможува на видеографите да ги доловат промените во сцените што настануваат во многу подолг период од нормалното, а потоа да ги споредат со видеоматеријали во реално време и видеоматеријали со забавени движења.

* Не се снима звук при снимање во Full HD со 100/120p

Хавиер Кортес слика две балерини во сала со Canon EOS R6

Хавиер ги снима балерините, демонстрирајќи ги извонредните можности за правење видеа на EOS R6, како и неговата IS со 8 чекори. ® Teatro Massimo.

Квалитет на слика од професионална класа

EOS R6 ви нуди опција да снимате со Canon Log 1 за да добиете резултати во кои нема да се изгубат деталите во светлите површини и во сенките кога снимате во услови со голем контраст. Видеоматеријалите снимени со Canon Log 1 можат лесно да се обработуваат во работните процеси по снимањето, овозможувајќи ви лесно применување на специфични изгледи или профили на бои или, пак, усогласување на нивните бои со видеоматеријали снимени со други фотоапарати што го користат истиот формат.

EOS R6 сега го поддржува и кодекот H.265 покрај стандардниот H.264. Тоа овозможува снимање со 10 бита и 4:2:2 за да добиете неверојатен квалитет на слика, а снимените материјали може да се зачуваат внатрешно на SD-мемориски картички или надворешно на снимач преку микро HDMI-излезот.

Примена на динамичкиот опсег

Кога фотографирате во услови со голем контраст, режимот за HDR-видео на EOS R6 наизменично снима слики со недоволна и соодветна експозиција, а потоа ги спојува во една слика во која автоматски се зачувуваат деталите во светлите површини. И тоа не е сè.

EOS R6 поддржува и режим HDR PQ за снимање видео и фотографии. Овој режим со висок динамички опсег користи перцептивен квантизатор за да снимате материјали што ќе изгледаат прекрасно кога ќе ги гледате на компатибилни HDR-екрани.

Фотоапаратот снима HDR PQ во формат што е во согласност со спецификациите за BT.2100 (PQ) HDR и компресија H.265 и што може да се уредува со компатибилен софтвер.

Балерина изведува поза на отворен простор опкружен со столбови

„EOS R6 од Canon ми овозможува да ги подобрам моите постигнувања како режисер“.

Dual Pixel CMOS AF II

Нашиот подобрен систем Dual Pixel CMOS AF II овозможува рамномерно, сигурно и континуирано фокусирање во сите режими за снимање. Тој се одликува со функции за откривање лица и очи што покриваат над 100 проценти од кадарот* и што го прават идеален за снимање брзи движења. Системот може да препознава и мачки, кучиња и птици и може лесно да ги следи низ кадарот, прилагодувајќи го фокусот за да не се заматат.

Исто така, ќе можете лесно да создавате ефекти со менување на фокусот, при што острата површина ќе ја менува својата положба од едно на друго место, а со тоа и вниманието на публиката. Ова е одличен професионален ефект, а EOS R6 ви овозможува лесно да го создадете. Треба само да допрете на екранот на допир на фотоапаратот (или на екранот на паметниот уред што е поврзан со фотоапаратот) и фотоапаратот рамномерно ќе го премести фокусот - со брзина што вие ќе ја изберете во менито на системот.

* Само со компатибилни објективи. Во одредени сцени и за одредени субјекти е можно рамката за AF да не може да се помести до работ на екранот.

EOS R6 има функција за „црно-бели ленти“ - ленти што се прикажуваат врз сликата на екранот за да ве предупредат дека некој предмет или површина наближува до одреден степен на светлина и дека е можна прекумерна експозиција. Може да ги поставите да се активираат на одредени нивоа на светлина со помош на опциите во главното мени на EOS R6.

Балерина изведува поза на отворен простор опкружен со столбови

Фокусирајте го тоа што е најважно

Благодарение на напредниот автоматски фокус Dual pixel CMOS AF II, EOS R6 може да препознава и следи субјекти во движење најдобро од сите фотоапарати без огледало досега.
Фотоапарат Canon EOS R6 на рачен држач

® Teatro Massimo.

Алатки што ќе ви помогнат да фокусирате
Кога фокусирате рачно, EOS R6 нуди многубројни алатки што ќе ви помогнат да добиете врвна острина и резултати какви што посакувате.

Издвојување со фокус
Рабовите на површините од сцената што се во фокус ќе се прикажат во боја по ваш избор.
Фокусирање со зголемување
Со зголемување на сликата, прво за 5x, а потоа за 10x, ќе можете подобро да ја видите сликата и да го процените фокусот.
Dual Pixel CMOS AF Assist
Технологијата Dual Pixel CMOS AF на EOS R6, што прв пат ја вградивме во нашиот фотоапарат Cinema EOS C300 Mark II, го мери растојанието до субјектот со помош на алгоритмите на Dual Pixel и прикажува индикатор кој покажува дали субјектот е во фокус.

Време на снимање

EOS R6 нуди моќни перформанси за снимање видеоснимки и фотографии и има куќиште со компактен дизајн. При најголемите стапки на слики и резолуции несомнено се генерира топлина поради резолуцијата, стапката на слики и автоматското фокусирање. Подолу се дадени приближните времиња на снимање за достапните резолуции и стапки на слики во опкружувања со температура од 23°C / 73°F, кога уредот не бил користен непосредно пред вклучувањето.

4K 60P
- 94% од ширината на сензорот: 30 минути
- Отсекување во APS-C-формат (5,1K со прекумерно семплирање): 35 минути *1

4K 30P
- 94% од ширината на сензорот: не е ограничено од топлина
- Отсекување во APS-C-формат (5,1K со прекумерно семплирање): 40 минути *1
*1 Снимањето е ограничено на 29 минути 59 секунди. Го посочува времето кога ќе можете веднаш да продолжите со снимањето

Ако фотоапаратот ја достигне температурната граница, ви препорачуваме да го исклучите фотоапаратот за да овозможите дисипација на топлината.
Подолу се наведени приближните времиња на обновување во опкружувања со температура од 23°C / 73°F, но тие зависат од повеќе фактори како што е амбиенталната температура, континуираната употреба на фотоапаратот и избраната резолуција за снимање. Времето потребно за да добиете максимално време за снимање ќе се разликува во зависност од амбиенталната температура.

4K 60P
- Мирување од 10 минути овозможува време за снимање од прибл. 5 минути

„СНИМАЊЕТО ВИДЕОСНИМКИ ИМА МОЌ ДА ВЕ ОДВЕДЕ НА ПАТУВАЊЕ“

Торбата со опрема на Javier Cortes

Неопходната опрема што се користи за професионално снимање.

Хавиер Кортес држи фотоапрат Canon EOS R6

Фотоапарати

EOS R6

Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат.

Дознајте повеќе

Објективи

RF 24-70mm F2.8L IS USM од Canon

Овој објектив е еден од трите неопходни професионални RF-објективи со зум од Canon и се одликува со брза решетка, стабилизација на слика и Nano USM-мотор за бесшумно фотографирање.

Дознајте повеќе

Објективи

RF 15-35mm F2.8L IS USM од Canon

Најбрзиот објектив за зумирање со извонредно широк агол од Canon се одликува со Nano USM-мотор, стабилизација на слика со 5 чекори и 3 асферични и 2 UD-елементи за неверојатна острина. Wanda вели дека ѝ помага во создавањето „прекрасни и неверојатно остри слики“.

Дознајте повеќе

RF 50mm F1.2L USM од Canon

Објектив што поставува нови стандарди во фотографските перформанси, нудејќи врвна острина, дополнителна креативна контрола и неверојатни перформанси при слаба осветленост.

Дознајте повеќе

Слични написи

Разгледајте ги овие написи за да дознаете како EOS R6 од Canon се истакнува во толку многу области.

  • РАКУВАЊЕ И ПОВРЗУВАЊЕ

    Дизајниран од Canon, за вас

    Дизајнот на EOS R6 ќе ви изгледа познато уште од првиот момент.

  • БРЗИНА

    EOS R6 - бесшумно и континуирано фотографирање

    Користете го фотоапаратот EOS R6 за да фотографирате континуирано и бесшумно со неверојатни 20 слики во секунда.

  • АВТОМАТСКИ ФОКУС

    Фокусирајте го тоа што е најважно

    Благодарение на напредниот автоматски фокус Dual Pixel CMOS AF II, EOS R6 може да препознава и следи субјекти во движење најдобро од сите фотоапарати без огледало досега.

  • КВАЛИТЕТ И СТАБИЛИЗАЦИЈА НА СЛИКА

    Одличен квалитет на слика во услови што не се идеални

    EOS R6 располага со технологии што ги вградуваме во нашиот најдобар фотоапарат EOS-1D X Mark lll.