Објективи RF

Canon RF 35mm F1.8 MACRO IS STM

Широкоаголен примарен објектив со брза максимална решетка f/1,8 и опции за макро

Одличен објектив за...

Canon Camera

Паметен дизајн кој ја поттикнува креативноста

Објективот RF 35mm F1.8 MACRO IS STM е пренослив, лесен и едноставен за користење. Прилагодете ги подесувањата со прилагодливиот контролен прстен на објективот и гледајте ги јасно информациите како што е фокусното растојание на визирот при снимањето.

Идеален за снимање

Комбинираната стабилизација на сликата ја користи оптичката стабилизација на сликата на објективот и електронската стабилизација на сликата со 5 оски на вашиот фотоапарат за снимки кои се извонредно стабилни – дури и ако се снимени во движење. Тивкото автоматско фокусирање со STM е рамномерно и стабилно, за промени во фокусирањето со природен изглед.

Canon Camera

Одличен при слаба осветленост

Широката решетка од F1,8 е надополнета со моќната технологија Dual Sensing IS која им овозможува на фотографите да фотографираат без заматување предизвикано од тресењето на фотоапаратот благодарение на стабилизацијата на слика со 5 чекори.

Ново поглавје во квалитетот на сликата

RF 35mm F1.8 MACRO IS STM располага со напреден оптички дизајн, вклучувајќи го и слојот Super Spectra. Приклучокот за објективи RF го поставува објективот поблиску до сензорот за да добиете неверојатна јасност и острина.

Спецификации

  • Решетка од

    f/1,8

  • Контролен прстен

    на објективот

  • Решетка

    со 9 сечила

  • Зголемување од

    0,5x

  • Тивок STM

    мотор

  • Хибриден

    IS

Во рацете на професионалците

Погледнете што може да направи системот EOS R во рацете на професионалните фотографи и сниматели.

Дополнителна опрема за објективи

Поврзани производи

Раце кои држат фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon.

Можеме ли да ви помогнеме да го изберете вашиот следен објектив?

Нашата алатка за избирање објективи ќе ви ја прикаже целата наша палета на објективи и ќе ви помогне да го пронајдете објективот кој совршено ќе ви одговара вам и на вашиот фотоапарат EOS.

Широкоаголни објективи

Добијте пошироко видно поле и опфатете повеќе во кадарот со нашата палета на широкоаголни објективи.