Canon EOS R6
Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат.
Врвна брзина. Врвен фотоапарат без огледало.
Револуционерниот EOS R6 е опремен со технологија со која одново ќе се заљубите во фотографирањето. Гледајте и фотографирајте субјекти на потполно нови начини и внесете нова димензија во визуелното раскажување на вашите приказни.
Погледнете ги сите спецификацииСпецификации
-
Бесшумно фотографирање со брзина од 20 fps1
Достапна е и механичка бленда со брзина од 12 fps доколку ви е потребна
-
Стабилизација на слика со 8 чекори*
За извонредна острина при долги експозиции без да користите статив.
-
ISO 102.400
За одлични перформанси при слаба осветленост
-
4K до 60p
Репродуцира движења со реалистичност и острина
-
Резолуција од 20 мегапиксели
Сензор за целосна слика со врвни перформанси при слаба осветленост и динамички опсег
-
Dual Pixel CMOS AF II
Препознава и следи очи, лица и животни.
Што содржи кутијата
-
Куќиште EOS R6
-
Капаче за фотоапарат R-F-5
-
Ремен ER-EOS R6
-
Полнач за батерии LC-E6E
-
Батерија LP-E6NH
-
Капак за батерија
-
AC-кабел
Canon EOS R6
Оценки и прегледувања
Препорачани објективи
Фотографирајте уште подобро со нашата палета на објективи RF наменети за фотоапарати без огледало за целосна слика од Canon. Ви нудиме избор на објективи RF што се идеални за употреба со EOS R6.
-
RF 16mm F2.8 STM
Компактен, достапен и извонредно широкоаголен објектив за целосна слика со фокусна должина од 16 mm што е наменет за серијата EOS R и дизајниран за видеоблогери и креатори на креативни содржини. -
RF 24mm F1.8 MACRO IS STM
Компактен и лесен примарен објектив од 24 mm што е идеален за фотографирање пејзажи, снимање видеоблогови и ентериери, но и за снимање одлични макро слики. -
RF 50mm F1.8 STM
Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла. -
RF 85mm F2 MACRO IS STM
Објективот RF 85mm F2 MACRO IS STM нуди разновидни опции за фотографирање одблиску со дискретна телефото компресија и стабилизација на слика со 5 чекори, вградени во компактно и лесно куќиште. -
RF 100mm F2.8L Macro IS USM
RF 100mm F2.8L MACRO IS USM е професионален макро објектив RF што е совршен за рачно снимање слики и извонредни портрети со зголемување до 1,4x од реалната големина, со квалитетот на серијата L. -
RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM
Компактен и лесен објектив RF со зум од 15-30 mm што е совршен за патувања, но и за фотографирање градски сцени, пејзажи, архитектура и снимање видеоблогови во движење. -
RF 24-70mm F2.8L IS USM
Внесете професионалност во вашето фотографирање со објектив без огледало за целосна слика со зумирање од 24-70 mm кој се одликува со брза решетка и стабилизација на слика со 5 чекори. -
RF 24-105mm F4L IS USM
Лесен и разновиден објектив за зумирање од 24-105 mm со f/4 од серијата L со брз и тивок автоматски фокус и 5 чекори за стабилизација на сликата. -
RF 24-105mm F4-7.1 IS STM
Идеален објектив за секојдневна употреба за фотоапарати за целосна слика без огледало наменет за ентузијасти. Практичниот објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM е лесен, компактен и подготвен да го однесе вашето фотографирање на повисоко ниво. -
RF 70-200mm F2.8L IS USM
RF 70-200mm F2.8L IS USM е неопходен објектив од професионалното трио на објективи за зумирање и претставува совршен придружник за вести, спорт и патувања. -
RF 100-400mm F5.6-8 IS USM
Повеќенаменски, компактен и лесен RF-објектив со зум од 100-400 mm и стабилизација на слика со 5,5 чекори за фотографирање диви животни и движења.
Компатибилна дополнителна опрема
EOS R6 од Canon е дел од сеопфатна палета на фотоапарати без огледало за целосна слика, објективи и дополнителна опрема со кои ќе го подобрите вашето фотографирање и снимање. Ви нудиме избор што е идеален за употреба со EOS R6.
Слични производи
-
EOS R5
Променете ја вашата перспектива за фотоапаратите без огледало. Беспрекорните перформанси на EOS R5 ќе го подобрат начинот на кој фотографирате и снимате. -
EOS R
Фотоапарат без огледало за целосна слика кој отвора нови креативни можности за фотографите и снимателите. -
EOS RP
Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања.
-
До прибл. 12 fps со AF/AE со следење*
Кога користите RF-објективи и одредени EF-објективи. Погледнете ја веб-страницата за поддршка на Canon за листа на компатибилни објективи. Брзината на секвенцијалното фотографирање се разликува во 3 фази во зависност од видот на батеријата, преостанатата енергија во батеријата, бројот на батерии, објективот што се користи, температурата, поставката за вградениот Wi-Fi (вклучено/исклучено) и во зависност од тоа дали користите држач со батерија и WFT (само EOS R5), DC-приклучок или USB-адаптер за напојување. Покрај горенаведените фактори, максималната брзина на континуирано сликање може да се намали како резултат на брзината на блендата, апертурата, употребата на блицот, функцијата за намалување на треперењето, условите на субјектот, осветленоста (особено во темно место).
Електронска бленда:
До прибл. 20 fps со AF/AE со следење. Важи за одредени RF/EF-објективи кога решетката е целосно отворена. Посетете ја официјалната веб-страница на Canon за список на компатибилни објективи. Брзината на секвенцијалното фотографирање се разликува во зависност од брзината на блендата, поставката за решетката, состојбата на решетката при континуирано фотографирање, условите за фотографирање на субјектите, светлината (особено во затемнети услови) и видот на објективот, условите, светлината (особено во затемнети услови) и видот на објективот.
- * 8 чекори врз основа на стандардот CIPA со RF 24-105mm F4 L IS USM со фокусна должина од 105 mm
-
Најдобра стабилизација на слика во светот, прибл. 8,0 чекори*
Во групата на сите дигитални фотоапарати со заменливи објективи. Почнувајќи од 9 јули 2020 год. (истражено од компанијата Canon). Врз основа на стандардот CIPA, 8,0 чекори со RF 24-105mm F4 L IS USM со фокусна должина од 105 mm. Во зависност од периодот на купување, фирмверот на објективот треба да се ажурира. EOS R6 нуди исти перформанси за стабилизација на слика како и EOS R5