Најмногу опции за поврзување досега
EOS R6 им вграден Wi-Fi и постојано активна Bluetooth-врска со мала потрошувачка на енергија што одржува постојана врска со компатибилните паметни уреди. За да прегледувате и избирате слики од SD-картичките во фотоапаратот, но и да ги споделувате со вашата публика на интернет, треба само да ја активирате апликацијата Canon Camera Connect на компатибилен паметен телефон или таблет-уред* и фотоапаратот веднаш ќе се поврзе преку Wi-Fi, овозможувајќи ви да ги префрлите саканите датотеки со слики и да внесувате GPS-информации во нив, доколку е потребно. Исто така, може да фотографирате далечински преку вашиот паметен уред или да го конфигурирате EOS R6 да врши автоматски пренос на сликите, така што сликите автоматски ќе се испраќаат кон вашиот уред штом ги снимите.
Ваквата Wi-Fi-врска овозможува далечинска контрола на фотоапаратот и преку софтверот EOS Utility што нуди фотографирање со прегледување во живо и далечинско пребарување и контрола на фотоапаратот, за да можете да фотографирате од тешко достапни агли, од голема оддалеченост или во студио. А ако сакате најдобра контрола на фотоапаратот, тогаш можете да преземете комплет за развој на софтвер што ќе ви овозможи да создадете софтвер за вашиот EOS што ќе ви помага во деловното работење или во хобито. За да дознаете повеќе, посетете ја веб-страницата https://developers.canon-europe.com/s/