Благодарение на напредниот автоматски фокус Dual Pixel CMOS AF II, EOS R6 може да препознава и следи субјекти во движење најдобро од сите фотоапарати без огледало досега. Острината се насочува токму таму каде што е потребна и ќе фотографирате сигурно знаејќи дека EOS R6 функционира професионално.
Автоматскиот фокус на фотоапаратот се контролира преку процесорот DIGIC X што користи вештачка интелигенција со длабоко учење за да ги препознава и следи очите, лицето, главата и телото на субјектите. Луѓето се во остар фокус дури и при фотографирање во профил или кога им се гледа само едно око. А ако субјектот се заврти за момент - на пример, кога фотографирате динамичен спорт - EOS R6 ќе продолжи да ја следи неговата глава или тело за да може веднаш остро да го фокусира неговото лице штом повторно се заврти кон вас.
Можноста за следење елементи како тела и глави, а не само лица, е неопходна при фотографирање спорт во кој играчите ненадејно се вртат - како фудбал или хокеј - или треба да носат шлемови што прекриваат делови од лицето.
Кај EOS R6, оваа технологија опфаќа дури и мачки, кучиња и птици што значително го олеснува континуираното следење со фокусот при фотографирање диви животни.
Може да следи луѓе дури и ако носат кацига или очила за сонце. Кога фотографирате мотоспортови, благодарение на ажурирањето на фирмверот, фотоапаратот може да препознае мотоцикли и тркачки автомобили, дури и да направи разлика помеѓу затворен и отворен кокпит, прецизно одредувајќи ја кацигата на возачот кога е видлива.