PowerShot G1 X Mark II

Благодарение на големиот сензор и брзиот објектив со f/2, PowerShot G1 X Mark II нуди перформанси и разновидни опции слични на DSLR, сместени во куќиште на компактен фотоапарат.

PowerShot G1 X Mark II

Придобивки

  • Голем CMOS сензор од тип 1.5 со димензии од 18,7 x 14,0 мм од Canon со фотографирање од повеќе аспекти
  • Снимајте слики со 12,8 мегапиксели (3:2)* и Full HD видео снимки со квалитет сличен на DSLR
  • Бидете креативни со длабочината на полето, користејќи го брзиот објектив со f/2-3,9, агол од 24 мм, зум до 5x и решетка со 9 сечила
  • Брза обработка на слика и ракување со брз одзив со DIGIC 6
  • Снимајте одлични слики, дури и при слаба осветленост, со HS системот и максимална вредност на ISO од 12.800
  • Интелигентната IS го спречува тресењето на фотоапаратот
  • Прецизен AiAF со 31 точка. Прецизно рачно фокусирање и издвојување со рачен фокус
  • Два прилагодливи контролни прстени и интуитивен екран на допир за прилагодено ракување
  • Wi-Fi и синхронизација на слики за едноставно споделување и архивирање на слики. Поврзете паметен телефон или таблет уред за далечинско фотографирање
  • Изборен EVF за традиционално ракување
  • 14-битните RAW фајлови и софтверот DPP беспрекорно се интегрираат во секој работен процес

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon PowerShot G1 X Mark II

Квалитет на слика како кај DSLR, од компактен фотоапарат


Големиот сензор од тип 1.5 кај PowerShot G1 X Mark II има слична површина како и APS-C, со димензии од 18,7 x 14,0 мм. Тој се одликува со резолуција од 12,8 мегапиксели (3:2) и CMOS технологија од Canon која нуди квалитет на слика сличен на DSLR. Користете го Multi-aspect сензорот за снимање на слики со 12,8 MP во сооднос на слика од 3:2 или, пак, слики со 13,1 MP во сооднос на слика од 4:3, со истата фокусна должина.*

Одлични перформанси при слаба осветленост


Сензорот од тип 1.5 и DIGIC 6 процесорот кај PowerShot G1 X Mark II нудат врвни перформанси до вредност на ISO од 12.800. HS системот, во комбинација со осветлен објектив со f/2-3,9, максимално ја искористува достапната амбиентална светлина, за да добиете врвни бои и острина независно од условите. Интелигентната стабилизација на слика го избира оптималниот режим за оптичка стабилизација на сликата од 8 можни опции со цел да го намали тресењето и заматувањето кај фотоапаратот.

Прецизен објектив со зум до 5x


PowerShot G1 X Mark II се одликува со објектив со извонредно широк агол од 24мм и 5x оптички зум. Тој ги користи технологијата за прецизност и напредната експертиза за објективи на Canon за добивање на остри слики со висока резолуција. Големиот сензор од тип 1.5, во комбинација со осветлената решетка од f/2-3,9 со 9 сечила, овозможува одлично изолирање на објектот со рамномерно заматување на заднината.

Доловување на моментот


Процесорот DIGIC 6 нуди брзо ракување со брз одзив, така што секогаш ќе бидете подготвени да го доловите одлучувачкиот момент. AiAF со 31 густо распоредена точка го заклучува фокусот врз објектите на брз и прецизен начин, а со користење на двата контролни прстени на фотоапаратот, поставени околу цилиндерот на објективот, можете да вршите детални подесувања на рачниот фокус. Издвојувањето со рачен фокус дополнително ја зголемува прецизноста со обележување на фокусираните површини.

Безжично далечинско фотографирање и синхронизација на слики


Воспоставете Wi-Fi врска помеѓу PowerShot G1 X Mark II и некој компатибилен паметен уред со користење на наменското копче за поврзување на мобилен уред и NFC на фотоапаратот. По поврзувањето, апликацијата CameraWindow на Canon ќе ви овозможи безжично да го контролирате PowerShot G1 X Mark II на оддалеченост до 5м. Копчето за поврзување на мобилен уред може да врши и синхронизација на слики, овозможувајќи ви да направите резервни копии од вашите слики и видео снимки на регистриран домашен компјутер, Flickr™ и Google Drive™, преку image.canon.**

Дизајниран само за вас


Прилагодете го PowerShot G1 X Mark II според вашиот начин на работа. Често користените функции можат да се додадат во прилагодено мени, за да можете полесно да ги пронајдете кога ви се потребни. Двата прилагодливи контролни прстени кои го опкружуваат цилиндерот на објективот на фото апаратот можат да се програмираат за промена на различни подесувања.

Опфатете ги сите агли


Висококвалитетен LCD екран на допир, со резолуција од 1.040k точки, кој врши репродукција на sRGB бои и нуди одлична прецизност на бои, острина и контраст на слика. Екранот со можност за закосување и интуитивните контроли го прават PowerShot G1 X Mark II брз и едноставен за користење, дури и кога фотографирате од тешки агли. Опремете го фотоапаратот со изборен електронски визир со брз одзив за потрадиционално ракување.

Нови креативни можности


Експериментирајте со напредните режими за фотографирање и откријте нови креативни можности. Рачниот HDR режим и режимот за дефокусирање на заднината снимаат повеќе последователни слики и ги спојуваат заедно за да добиете резултати со професионален изглед. Режимите за ѕвезди нудат едноставен начин за доловување на извонредни астрофотографии.

Беспрекорни работни процеси


14-битните RAW фајлови и DPP софтверот од Canon го максимизираат квалитетот за време на пост-обработката и беспрекорно се интегрираат во вашите постоечки работни процеси за уредување или печатење.

Ергономско ракување


Моделот на PowerShot G1 X Mark II кој нуди подобро држење (достапен во Европа, Среден Исток и Африка) се одликува со голем ергономски држач за одлично ракување.

*Multi-aspect сензорот снима слики со 12,8 MP со сооднос на слика од 3:2 со зададени подесувања. Со истата фокусна должина можат да се снимаат слики со 13,1 MP и сооднос на слика од 4:3.

**Поддршката за Wi-Fi е различна во зависност од уредот и регионот. За повеќе информации посетете ја веб-страницата www.canon-europe.com/wirelesscompacts
За функциите за директно споделување на интернет, синхронизација на слики и за испраќање преку сервер е потребна image.canon сметка. Во некои земји и региони може да нема поддршка за image.canon. Ве молиме посетете ја страницата www.canon-europe.com/cig за повеќе информации.
Facebook и логото F се регистрирани заштитни знаци на Facebook Inc.
Google Drive™ е регистриран заштитен знак на Google Inc.
Twitter е регистриран заштитен знак на Twitter Inc.
Ознаката FLICKR е регистриран заштитен знак на Yahoo! Inc.

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon PowerShot G1 X Mark II, неговите функции и можности.

1.5 type CMOS

Сензор со слична големина како DSLR APS-C сензорите

f2.0-3.9

Широк отвор на блендата низ целиот опсег на зумот

12.8MP CMOS 3-2 aspect ratio

CMOS со 12,8 мегапиксели и сооднос на слика од 3:2

Dual Control Rings

Два прилагодливи прстени на објективот

Powerful DIGIC processing

Моќна обработка со DIGIC

Great low-light shots

Одлични снимки при слаба осветленост

5x optical zoom, ultra wide-angle

5x оптички зум, извонреден широк агол

Steady shots in every situation

Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

Share and backup images wirelessly

Безжично споделување и правење резервна копија на слики

NFC simplifies smartphone sharing

NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони

Remote Shooting WiFi

Контролирајте го фотоапаратот со паметен телефон

Tilt to shoot up high or down low

Закосете го фотоапаратот за да снимате нагоре или надолу

14-bit RAW

Рамномерни градации со 14-битен RAW формат

Aperture and shutter speed control

Контрола на решетка и брзина на бленда

High maximum ISO sensitivity

Голема максимална ISO чувствителност

1080p movies

1080p видео снимки

Create SLR style background blur

Креирајте заматување на позадината со SLR стил

Capture starry skies with ease

Фотографирајте го ѕвезденото небо на едноставен начин

Handheld_HDR

Снимајте HDR без статив

Neutral Density Filter

ND филтер

  • PowerShot G1 X Mark II

  • Батерија NB-12L

  • Полнач за батерии CB-2LGE

  • Ремен за на врат NS-DC11

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење

Резултати со DSLR квалитет благодарение на големиот сензор со голема чувствителност

За да ви обезбеди најдобар квалитет на слика, PowerShot G1 X Mark II се одликува со голем Multi-aspect сензор од тип 1.5. Со ефективна површина која е приближно 2x поголема отколку кај сензорите од тип 1.0 и 5,7x поголем отколку кај сензорите од тип 1/1.7, што најчесто се користат кај напредните компактни фотоапарати, тој нуди DSLR квалитет во компактна форма. Сензорот од тип 1.5 на фотографите им нуди и поголема контрола врз длабочината на поле и слики со исклучително мал шум, дури и кога фотографирате со голема ISO вредност во услови со премногу слаба осветленост.

sensor-range.jpg