Печатачи за во домот

Canon SELPHY CP810

Стилско преносливо печатење за неколку секунди

Придобивки

  • Стилски, извонредно компактен фото печатач

  • Брзо печатење со фото-лабораториски квалитет

  • 6,8 cm (2,7”) LCD екран со закосување

  • Печатење од мемориски картички, фотоапарати или USB уреди

  • ID Photo Print

  • Широк опсег на големини за печатење

  • Автоматска оптимизација на сликата

  • Траење на отпечатените материјали од 100 години

  • Изборна батерија

  • SELPHY Photo Print софтвер

Детални карактеристики

  • Стилски, извонредно компактен фото печатач

    Благодарение на привлечниот дизајн кој заштедува простор, преносливиот фото печатач SELPHY CP810 е идеален за секој дом.

  • Брзо печатење со фото-лабораториски квалитет

    Секој ќе има можност да печати фотографии со професионален квалитет за помалку од 1 минута со едноставно притиснување на копче. Технологијата за сублимација на бои обезбедува врвна длабочина и градација на боите за добивање на сличен изглед и чувство како традиционалните отпечатени материјали со фото-лабораториски квалитет без мака и чекање. На пример, едно печатење со големина на поштенска картичка се печати за приближно 46 секунди.

  • 6,8 cm (2,7”) LCD екран со закосување

    Практичниот дизајн вклучува LCD екран од 6,8 cm (2,7”) со функција за закосување која овозможува едноставно ракување и прегледување. Упатствата на екранот се разбирливи и нудат поддршка на 13 јазици.

  • Печатење од мемориски картички, фотоапарати или USB уреди

    За брзо печатење, поврзете го вашиот фотоапарат, кој е компатибилен со PictBridge, директно со печатачот или вметнете мемориска картичка во вградениот читач на картички – компатибилен со широк опсег на мемориски картички меѓу кои и SDXC. Исто така, ќе можете да печатите од USB уреди со флеш меморија, притоа добивајќи уште поголема флексибилност.

  • ID Photo Print

    Без разлика дали се работи за лична или професионална употреба, ID Photo Print ви овозможува да создавате и печатите фотографии за документи во стандардни големини кои се широко прифатени или да поставите големина по ваш избор. Печатете повеќе фотографии за документи во иста или различна големина на еден лист за да заштедите хартија.

  • Широк опсег на големини за печатење

    SELPHY CP810 нуди многу различни начини за споделување на вашите спомени. Ќе можете да печатите материјали со големина на поштенска картичка (148 x 100mm), L (119 x 89mm) или кредитна картичка (86 x 54mm) за неверојатно брзо време.

  • Автоматска оптимизација на сликата

    Автоматската оптимизација на слика со откривање на сцени и лица обезбедува врвни резултати. Таа ги открива и ги коригира несовршеностите во сликите, прилагодувајќи ја осветленоста и боите на сцените и лицата, а истовремено го намалува и непосакуваниот шум, внесувајќи дополнителна јасност и бои во вашите испечатени материјали.

  • Траење на отпечатените материјали од 100 години

    Може да создавате долготрајни испечатени материјали благодарение на специјалниот заштитен слој, кој се нанесува на горната страна на секој испечатен материјал за заштита од прскање, истурање течности и избледување, а доколку се чуваат во албум ќе траат до 100 години.

  • Изборна батерија

    Печатете додека патувате, во затворени простории или на отворено, со помош на изборната батерија на полнење NB-CP2L (потребен е адаптер за полнач CG-CP200). Едно полнење обезбедува над 36 отпечатени листови со големина на поштенска картичка.

  • SELPHY Photo Print софтвер

    Испорачаниот софтвер SELPHY Photo Print ви овозможува едноставно создавање на сопствен календар, избор на украсни рамки или вметнување на слики и балони за дијалози во материјалите за печатење со режимот за креативно печатење.

Спецификации

  • Напредни опции за големина на фотографии за документи

  • Интелигентна корекција

  • Долготраен квалитет од Canon

  • Печатете во движење

  • Печатење со големина на поштенска картичка

  • Печатење со големина на кредитна картичка

  • Налепници со големина на кредитна картичка

  • Печатење на креативни мини налепници