СТУДЕНТСКА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА CANON 2023

НАТПРЕВАР 2023

Пријавете се на овој натпревар со испраќање на вашето портфолио до истекот на периодот за пријавување и согласно правилата и условите за да добиете можност за учество во студентската програма за развој на Canon 2023, во која:

1)  100 учесници ќе бидат избрани и менторирани далечински од страна на професионалци во индустријата според нивното портфолио;
2)  најмногу 30 од овие 100 учесници (за кои ќе одлучува независно жири) ќе бидат избрани да присуствуваат на 5-дневна работилница пред да присуствуваат на фестивалот „Visa pour l’image“; и
3)  5 од тие 30 учесници ќе бидат избрани: да присуствуваат на настанот Hamburg Portfolio Review, да добијат грант од 2000€ и производи од Canon. Ве молиме погледнете ги сите правила и услови наведени тука.

Период за пријавување: од 13 март 2023 година - до 23:59 GMT на 16 април 2023 година

ОРГАНИЗАТОР И АДМИНИСТРАТОР НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

1.  Организатор е Canon Europa N.V. 59 Bovenkerkerweg, 1185 XB („организатор“) Секоја компанија, филијала, партнерство или друг субјект кои повремено се контролирани или се наоѓаат под општа контрола на организаторот ќе се нарекуваат „подружници на организаторот“, а организаторот и подружниците на организаторот заедно ќе се нарекуваат „групација на организаторот“.
2.  Процесорот за податоци, во улога на администратор на платформата за пријавување е Hypemarks, Inc. dba TINT incorporated,122 EastHouston St. San Antonio, TX 78258.
Со пријавувањето за натпреварот во рамките на студентската програма за развој на Canon („натпревар“), се смета дека сите кандидати се согласуваат со правилата и условите освен ако не добијат поинакво писмено известување од организаторот.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

3.  Сите учесници („учесници“) мора:
  • да имаат 18 или повеќе години на 16 април 2023 година;
  • да живеат во долунаведените земји и:

    1. да се запишани во образовна програма или да завршиле образовна програма во долунаведените земји за време на академската година 2022-2023 или
    2. да се стажисти во агенции или списанија во истиот период; или
    3. да се номинирани/поддржани од професионалци во фотографската индустрија

  • Листа на земји:
    • Албанија 
    • Алжир 
    • Ангола
    • Ерменија 
    • Австрија
    • Азербејџан
    • Бахреин
    • Белорусија
    • Белгија
    • Бенин
    • Босна - Херцеговина
    • Боцвана
    • Бугарија
    • Буркина Фасо
    • Бурунди
    • Камерун
    • Зелен ’Рт
    • Централна Африканска Република
    • Чад
    • Комори
    • Хрватска
    • Кипар
    • Република Чешка
    • Демократска Република Конго
    • Данска
    • Џибути
    • Египет
    • Екваторска Гвинеја
    • Еритреја
    • Естонија
    • Етиопија
    • Финска
    • Франција
    • Габон
    • Грузија
    • Германија
    • Гана
    • Грција
    • Гвинеја
    • Гвинеја-Бисау
    • Унгарија
    • Иран
    • Ирак
    • Ирска
    • Израел
    • Италија
    • Брег на Слоновата Коска
    • Јордан
    • Казахстан
    • Кенија
    • Саудиска Арабија
    • Косово
    • Кувајт
    • Киргистан
    • Латвија
    • Либан
    • Лесото
    • Либерија
    • Либија
    • Литванија
    • Луксембург
    • Мадагаскар
    • Малави
    • Мали
    • Малта
    • Мавританија
    • Маврициус
    • Мајот
    • Молдавија
    • Црна Гора
    • Мароко
    • Мозамбик
    • Намибија
    • Холандија
    • Нигер
    • Нигерија
    • Северна Македонија
    • Норвешка
    • Оман
    • Полска
    • Португалија
    • Катар
    • Република Конго
    • Реинион
    • Романија
    • Руанда
    • Света Елена
    • Сао Томе и Принсипе
    • Саудиска Арабија
    • Сенегал
    • Србија
    • Сејшели
    • Сиера Леоне
    • Словачка
    • Словенија
    • Сомалија
    • Јужна Африка
    • Јужен Судан
    • Шпанија
    • Судан
    • Свазиленд
    • Шведска
    • Швајцарија
    • Сирија
    • Таџикистан
    • Танзанија
    • Гамбија
    • Того
    • Тунис
    • Туркменистан
    • Уганда
    • Украина
    • Обединети Арапски Емирати
    • Обединето Кралство
    • Узбекистан
    • Западна Сахара
    • Јемен
    • Замбија
    • Зимбабве
4.  Canon го задржува правото да го провери правото на учество и приемот на учесниците со тоа што ќе побара копија од нивната лична карта и доказ дека се запишани на квалификуван курс/стажирање/агенција или, за оние кои се номинирани да учествуваат од професионалци во фотографската индустрија, писмо за препорака од професионалецот кој ги поддржува.
5.  Учесниците коишто присуствуваа на модулите 2 и 3 од студентската програма за развој на Canon за 2022 година немаат право на влез и/или учество.
6.  Вработените кај организаторот, подружниците, нивните семејства, агентите и другите лица кои се директно вклучени во програмата и спонзорството немаат право на учество.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА СТУДЕНТСКАТА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА CANON

ИЗБОРЕН ПРОЦЕС

7.  Кога ќе заврши периодот на пријавување, независното жири составено од вработени во Canon и надворешни професионалци од индустријата ќе изберат 100 пријави за учество во студентската програма за развој на Canon („програма“). Поднесените пријави ќе се оценуваат врз основа на наративните вештини, автентичноста, приказната, биографијата и целокупниот квалитет на портфолиото.
8.  Кандидатите чии пријави ги исполнуваат условите ќе бидат избрани и известени за резултатите од оценувањето до 5 мај 2023 година.
9.  Избраните кандидати ќе станат „учесници“ и ќе бидат примени во програмата. Програмата ќе содржи три посебни модули, а дел од учесниците ќе бидат избрани за понатамошни етапи од страна на независно жири, како што е објаснето тука, во делот 9 „Награда“.

НАГРАДА

10. Програмата ќе содржи три посебни модули
  • Модул 1: менторства за виртуелна подготовка на портфолиото
    Избраните 100 учесници ќе работат заедно со професионален ментор во периодот од 29 мај до 30 јуни кој ќе им овозможи поддршка и подобрување на нивното портфолио. Сите учесници ќе добијат најмногу три сесии по еден час. Сите сесии ќе се одржат виртуелно. 
  • Модул 2: работилница
    По завршувањето на модул 1, најмногу 30 учесници ќе бидат избрани во јули коишто ќе присуствуваат на 5-дневна работилница што ќе се одржи меѓу 2 и 6 септември 2023 во Жирона (Шпанија) и Перпињан (Франција). За време на работилницата, учесниците ќе слушаат наменски лекции, ќе учествуваат во групно оценување на портфолија и практични сесии, ќе го посетат фестивалот Visa pour l’image и ќе добијат можност да се запознаат со претставници од индустријата за обработка на слики и медиуми.
  • Модул 3: Hamburg Portfolio Review
    5. Во септември ќе бидат избрани учесници кои ќе добијат 3-дневно патување во Хамбург (Германија) и учество во настанот Hamburg Portfolio Review што ќе се одржи од 15 до 17 септември 2023 година. За време на настанот, учесниците ќе оценуваат портфолија и ќе присуствуваат на дополнителни состаноци со професионалци од индустријата. По настанот, 5-те учесници ќе добијат грант од 2000€ и производи од Canon во вредност до 9000€.
    Сите учесници ќе ѝ бидат претставени на соодветната локална организација на Canon во земјата.
11.  Избраните учесници за модулите 2 и 3 ќе бидат гости на организаторот. Организаторот ќе им обезбеди повратни билети од економска класа за патување со авион и автобус или воз (зависно од условите), сместување со полн пансион, оброци (појадок, ручек и вечера) и патничко осигурување (што не опфаќа кражба или губење скапи предмети) за време на престојот, како што е наведено во клаузула 9.
12.  За да избегне сомнеж, организаторот нема да биде одговорен за организирањето какви било визи за ниту еден елемент од наградите, па затоа одговорноста ќе припадне во целост на учесникот.
13.  Гостопримството е наменето само за учесникот, што значи дека организаторот нема да покрие други трошоци освен тие што се наведени погоре.
14.  Учесниците мора да бидат слободни во претходно споменатиот период од 29 мај до 17 септември 2023 година, доколку бидат избрани за некој од модулите наведени погоре. Canon не може да ги промени овие датуми.
15.  Компанијата Canon може, по своја желба, да вклучи некои учесници од претходната година во овогодишниот внес на 30 учесници во модул 2. Ова се однесува само на тие кои не можеле да учествуваат во модул 2 претходната година поради отежнувачки околности.

КАКО ДА УЧЕСТВУВАШ?

16.  Учеството е бесплатно. За да добијат шанса да бидат избрани за учество во програмата, кандидатите мора да го испратат своето портфолио (преку URL (canon-europe.com/get-involved/student-development-programme/submit/) до истекот на периодот за пријавување. Погледнете ја клаузулата 18 „Услови за пријавување“ за да дознаете повеќе информации.
17.  Нецелосните, неважечките или несоодветните пријави или пријавите добиени по истекот на периодот за пријавување нема да се земат предвид за учество во програмата.
18.  Избраните учесници ќе треба да ги достават следните документи од 5 мај до 14 мај 2023 година:
  • Потврда за учество во програмата;
  • Слика од пасош и/или лична карта заради докажување на возраста
  • Студентска легитимација и/или потврда од училиштето/универзитетот (или потврда за вршење практична работа во агенцијата/списанието) со кои се потврдува дека студентот е запишан во академската година 2022-2023.
Доколку учесниците не го потврдат учеството и/или не ја обезбедат потребната документација до 14 мај 2023 година, тие ќе го изгубат правото на учество во програмата и нивната апликација ќе биде поништена.
19.  Официјалниот и единствен јазик што ќе се користи во рамките на иницијативата е англиски и нема да биде обезбеден превод. Учесниците треба да имаат соодветно познавање на англискиот јазик за да можат да ја следат програмата, како и да ги поседуваат потребните алатки и вештини за да учествуваат во дигиталната онлајн средина.

УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

20.  Кандидатите треба да испратат портфолио со најмногу две стории/проекти, коишто ќе содржат максимум дваесет (20) фотографии и опис од нивниот/те проект/и во 200 или помалку зборови, лична биографија и текст за сликите. Сите пишани материјали треба да се доставени на англиски јазик. Датотеките треба да бидат во форматот JPEG, макс. 1500 DPI, 2000 px.

Кандидатите можат да испратат и дополнителна придружна документација како:
  • Мотивациско писмо за учество во програмата;
  • Препорака од наставникот/училиштето/агенцијата/списанието/професионалецот во индустријата
21.  Испратените фотографии мора да бидат оригинални и снимени од страна на кандидатот.
22.  Фотографиите што ги испраќа кандидатот не смеат да содржат ништо што може да се смета за незаконско или ништо што може да ги прекрши правата на која било трета страна, вклучувајќи ја и интелектуалната сопственост, моралните права или правата на приватност; или
23.  Организаторот го задржува правото да ги дисквалификува нецелосните или неразбирливите пријави или пријавите што не ги исполнуваат горенаведените услови на некаков друг начин.

ГАРАНЦИИ

24.  Со поднесувањето на пријавата, кандидатот гарантира дека:
  • Кандидатот е авторот на фотографиите;
  • Кандидатот е носител на сопственичките права на фотографиите;
25.  Организаторот гарантира дека:
  1. Ќе дејствува во рамките на правата доделени со овие правила и услови;
  2. Организаторот може да го употреби вашето име и одредени фотографии за рекламни цели, промоција и публицитет за Canon, студентската програма за развој и други образовни иницијативи на Canon без дополнителен надомест. Во овој случај, организаторот ќе го контактира учесникот за да побара негова дозвола согласно клаузулата 31. Не може неосновано да се одбие да се даде согласност.

ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

26.  Организаторот го задржува правото да одбие да ги награди пријавените проекти или да ја надомести целосната вредност за наградата ако смета дека дошло до злоупотреба или прекршување на правилата и условите на натпреварот.
27.  Организаторот нема да сноси одговорност за каква било загуба, штета или повреда од каков било вид, без разлика како била предизвикана, а која им била нанесена на учесниците во натпреварот. Сепак, ништо во правилата не ја поништува или ограничува одговорноста на организаторот за повреди или смрт предизвикани поради докажана небрежност на неговите вработени или изведувачи на работи.
28.  Во случај на расправа околу толкувањето или примената на правилата во врска со какво било прашање поврзано со натпреварот, одлуката на директорите на организаторот ќе се смета за конечна и нема да се разменува коресподенција.
29.  Даноците или давачките што локалната власт може да ги пропише за учесниците поради нивното учество во програмата ќе ги сноси организаторот (или локалната подружница, доколку е можно).
30.  Организаторот го задржува правото да ги објави името и државата на учесниците или да го промовира доделувањето на наградата по датумот на завршување на програмата. Ако победникот не сака да се објават ваквите информации, тој/таа треба да го извести организаторот за ваквата одлука при примањето на известувањето за одобрено учество во програмата.
31.  Исто така, кандидатите се согласуваат да бидат контактирани од организаторот и неговите претставници за целите на спроведување на натпреварот или ако организаторот сака да разговара за друга употреба на фотографиите испратени за натпреварот.
32.  Наградата не може да се пренесе на друго лице, ниту да се замени за готовина или друг алтернативен начин на исплата. Ако наградата (или кој било дел од неа) не може да се додели поради околности на виша сила, организаторот го задржува правото да ја измени програмата.
33.  Организаторот не ги прекршува овие правила и услови, ниту е одговорен за доцнење во исполнувањето или неисполнување на обврските наведени во правилата и условите ако доцнењето во исполнувањето или, пак, неисполнувањето на обврските е последица на настани, околности или причини што се надвор од неговата разумна контрола, вклучувајќи тука, без ограничување, пожари, поплави, пандемија (вклучувајќи тука, без ограничување, како резултат на или во директна или индиректна поврзаност со Covid-19), ембарго, војна, воени активности (без разлика дали е објавена војна), терористички дела, бунтови, протести, граѓански немири, штрајкови, масовни отпуштања или други пречки поврзани со работната сила, природни непогоди или активности, пропусти или доцнење во преземањето на активности од страна на владини тела („виша сила“).
34.  Одбиеното или непотврдено место во програмата може да им се понуди на други кандидати по сопствена и апсолутна желба на организаторот.

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

35.  Canon Europa N.V., 59 Bovenkerkerweg, 1185 XB е контролорот на податоци во поглед на личните податоци што ги доставуваат кандидатите. Доставените лични податоци се безбедни и може да се префрлат на безбеден сервер надвор од земјите коишто припаѓаат на ЕЕА.
36.  Hypemarks, Inc. dba TINT incorporated,122 EastHouston St. San Antonio, TX 78258 е процесорот на податоци кој раководи со платформата за пријавување.
37.  Личните податоци што ги добиваме од кандидатите подлежат на Политиката за приватност на корисници на Canon https://myid.canon/canonid/#/policy.

НАДЛЕЖНОСТ

38.  Правилата и условите, како и споровите што може да произлезат од нив или во врска со нив, ќе бидат регулирани и толкувани согласно законите на Холандија и ќе подлежат на неексклузивната судска надлежност на судовите во Амстердам.

Верзија I, ажурирана на 25 јануари 2023 година

Може да ве интересира и

Информирајте се за различната опрема и алатки коишто можат да ви помогнат да станете професионалци.