Дополнителна опрема за EOS

Canon Насочувачки стерео микрофон DM-E1D

Преминете на звук од дигиталната ера со помош на микрофонот што снима остар и јасен звук, што се поврзува преку повеќефункционалниот приклучок од Canon и што нуди сигурни перформанси и практично ракување.

  • Висококвалитетен дигитален звук

    Дигиталната обработка на сигнали создава појасни и поостри сигнали за звук за да ви овозможи подобро доживување - со звучно поле што ја пренесува публиката во центарот на случувањата.

  • Поврзување без кабли

    Насочувачкиот стерео микрофон DM-E1D, кој со лизгање се прикачува и заклучува на повеќефункционалниот приклучок на компатибилните фотоапарати, нуди сигурно и безбедно поврзување без кабли, со малку шум.

  • Напојување директно од фотоапаратот

    Прикачете го насочувачкиот стерео микрофон DM-E1D со сигурност и никогаш повеќе не грижете се дали има доволно енергија во батеријата на микрофонот, бидејќи тој се напојува директно од фотоапаратот.

  • Насочување заради прецизна контрола

    Трите режими за насочено снимање ви нудат флексибилност за снимање звук според вашите потреби. Изберете помеѓу моно или стерео звук од 90° или 120° во зависност од големината на просторијата.

  • Лесно ракување преку менито на фотоапаратот

    Притиснете го копчето MENU на микрофонот за да го отворите менито со поставки за микрофонот на LCD-екранот на фотоапаратот, заради брзо и лесно ракување и контрола.

Спецификации

  • Дигитален звук

    Снимање појасен и поостар звук

  • Директно поврзување

    Не се потребни кабли

  • Без батерии

    Се напојува директно од фотоапаратот

  • Насочувачки

    Моно, 90° или 120° за различни потреби при фотографирањето

  • Копче MENU на микрофонот

    Го отвора екранот со поставки за микрофонот на LCD-екранот на фотоапаратот заради лесна контрола

Directional stereo microphone DM-E1D

Што содржи кутијата

  • Насочувачки стерео микрофон DM-E1D

  • Заштита од ветар за насочувачкиот стерео микрофон DM-E1D

  • Капаче за приклучок

  • Прирачник со инструкции

  • Гаранција

Слични производи

    1. Сите податоци се базираат на стандардните методи за тестирање на Canon, освен ако не е поинаку назначено. Подлежи на промена без претходно известување.