Објективи за DSLR

Canon EF 50mm f/1.8 STM

STM објектив со достапна цена, брза решетка од f/1.8 за општо фотографирање, фотографирање при слаба осветленост и портрети.

Објектив со широк отвор на бленда за висококвалитетни портрети и фотографии снимени при слаба осветленост

Со објективот EF 50mm f/1.8 STM можете лесно да создавате поуметнички и подобри фотографии, благодарение на широката решетка од f/1.8 која овозможува остро фокусирање на вашиот објект и поубава заматена заднина.


EF 50mm f/1.8 STM објективот е одличен за:

  • Портрет

    Совршен за снимање изрази на лицата на пријателите и семејството, идеален за свадби, свечени настани и забави

  • Слаба осветленост

    Совршено во ситуации кога снимате ноќни пејзажи, огномент или ентериери во темни услови

  • Секој ден

    Снимајте го животот што се одвива пред вас, почнувајќи од улиците на вашиот град па сè до емотивни настани.

Уметничко и детално фотографирање

Широката решетка од f/1.8 на EF 50mm f/1.8 STM ви дава можност остро да го фокусирате вашиот објект и да ја заматите заднината. Фотографите ова го нарекуваат „тесна длабочина на полето“ при што вашиот објект се издвојува, што е одлично за портрети бидејќи луѓето стануваат во чист фокус на вашата снимка.
8f669a16ae6611c17a438832606df7cdc3d9d749

Пропуштете повеќе светлина

Широката решетка од f/1.8 пропушта 8x повеќе количина на светлина во споредба со стандардниот објектив за зумирање кој се испорачува со вашиот EOS*. Ова резултира со поостри слики со помало заматување на движењата и намалена потреба да се користи блиц во услови на затемнетост, така што ќе можете лесно да ја доловите атмосферата во опкружување со слаба осветленост.

EF 50mm f/1.8 STM
EF 50mm f/1.8 STM

За портрети и за секојдневна употреба

Фокусното растојание од 50mm ви овозможува да ја исполните рамката со вашиот објект од доволна оддалеченост, што го прави одличен објектив за портрети. Сличната перспектива како и човечкото око и компактната големина го прават EF 50mm f/1.8 STM одличен објектив за секојдневна употреба кој можете да го носите во секое време со вашиот EOS фотоапарат.

Остар фокус за фотографии и видео записи

Технологијата за бесшумен STM (чекорен мотор) овозможува неверојатно брзо фокусирање при фотографирањето, така што можете брзо да реагирате за да ги доловите краткотрајните елементи. Создавањето висококвалитетни видео записи е полесно со STM бидејќи нуди стабилно и бесшумно континуирано фокусирање, така што вашите видео записи ќе бидат јасни и ќе ги слушате само звуците во опкружувањето, а не шумот предизвикан при фокусирање на моторот.

EF 50mm f/1.8 STM

Возобновување на класичноста

EF 50mm f/1.8 STM е замена за популарниот EF 50mm f/1.8 II објектив кој беше добро познат по исклучителниот квалитет на сликата по достапна цена. Оваа најнова верзија ви го нуди истиот неверојатен квалитет на фотографиите, но со брз, бесчуен мотор за фокусирање и поробустна изработка која ја засенува неговата цена.

Галерија со примероци

Погледни галерија

Слична дополнителна опрема

  • Дополнителна опрема за објективи

    Lens Hood ES-68

    Сенилото за објектив ја спречува залутаната светлина да навлезе во вашиот објектив, за да не ги уништите фотографиите со несакани одблесоци.

  • Дополнителна опрема за објективи

    Футрола за објектив LP1014

    Заштитна мека торбичка за одредени EF објективи.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Lens Cap E-49

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.

  • Дополнителна опрема за објективи

    Капаче за објектив за заштита од прав E

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Може да ви се допадне и следното...

    Четири алтернативни објективи за EF 50mm f/1.8 STM избрани од нашите експерти за објективи.