Компактен телефото објектив кој ве доближува до случувањата. Стабилизацијата на слика го спречува заматувањето предизвикано од ненамерно придвижување на фотоапаратот. Технологијата STM овозможува рамномерно и тивко фокусирање при снимање на видео снимки.
Погледнете подетални информации за Canon EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS STM
Доближувајќи ве до случувањата, EF-S 55-250mm f/4-5,6 IS STM претставува совршен придружник за стандардниот објектив за зумирање од 18-55mm на вашиот EOS и е идеален за фотографирање на дивина, спортови и патувања. Тој нуди комбинација од моќни телефото перформанси, одличен квалитет на слика и инстинктивно ракување.
За да ја задржи острината, EF-S 55-250mm f/4-5,6 IS STM ја применува технологијата за стабилизација на слика од Canon. Таа овозможува користење на брзини на бленда до 3,5 чекори побавни од нормалната и истовремена заштита од ефектите предизвикани од тресењето на фотоапаратот – одлично при слаба осветленост или при фотографирање со голем зум. Автоматското откривање на поместувањата ја исклучува стабилизацијата во хоризонтална или вертикална насока, што помага во добивање на чувство за брзина при фотографирање подвижни објекти.
EF-S 55-250mm f/4-5,6 IS STM се одликува со технологија на чекорен мотор (STM) за рамномерно, тивко и континуирано фокусирање при снимање на видео снимки со вашиот EOS, како и брз и прецизен AF при фотографирање. Фокусирањето со STM е толку тивко што микрофонот на фотоапаратот не може да го долови, а тоа значи дека звукот од вашите видео снимки нема да содржи несакани звуци.
EF-S 55-250mm f/4-5,6 IS STM користи UD (извонредно ниска дисперзија) стаклени елементи и Super Spectra слоеви на објективот за да обезбеди јасни и остри слики со голем контраст низ целиот опсег на зумот. Дијафрагмата на блендата со седум сечила го зголемува квалитетот на површините кои не се во фокус, така што вашиот објект ќе биде истакнат наспроти мека заматена заднина.
Прстенот за рачно фокусирање овозможува прецизно подесување на фокусот на брз и едноставен начин во секое време, додека најмалото растојание на фокусирање од 0,85m овозможува фотографирање на мали објекти. Предниот елемент кој не ротира го олеснува користењето на филтрите.
Дознајте повеќе за Canon EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS STM, неговите функции и можности.
Нашата алатка за избирање објективи ќе ви ја прикаже целата наша палета на објективи и ќе ви помогне да го пронајдете објективот кој совршено ќе ви одговара вам и на вашиот фотоапарат EOS.
Опремени со зголемени фокусни должини што ви овозможуваат да се приближите до објектот без да ја попречувате сцената.