Одржливост – Canon и одржливо деловно работење

Canon тежнее кон одговорно деловно работење. Ние веруваме дека иновациите и технолошките напредоци кои ги вградуваме во нашите решенија за обработка на слика, треба да ги збогатат животите и деловното работење на нашите потрошувачи без да ѝ наштетат на животната средина. Нашето деловно работење и нашиот бренд се изградени врз основа на одржлив економски развој. Ние ја намалуваме нашата потреба за нови природни ресурси, внимателно го следиме економскиот напредок и ризиците, и ги почитуваме заедниците кои зависат од нас.

Одржливоста е дел од нашето деловно работење. На потрошувачите им нудиме одржливи решенија за обработка на слика кои ќе им помогнат да работат поефикасно и да го намалат нивното влијание врз животната средина. Ние ги намалуваме влијанијата врз животната средина кои ги предизвикуваат нашите производи, со што ја минимизираме потребата од нови ресурси, а материјалите ги рециклираме и повторно ги употребуваме. Преземаме одговорност за нашите дејства, преку намалување на нашето влијание врз животната средина при работењето и ги охрабруваме заедниците и акционерите за поддршка за поширок економски развој. Исто така, подготвени сме и усогласени со регулативите и стандардите, па дури и ги надминуваме онаму каде што е можно.

Корпоративна одговорност
Ние ја преземаме одговорноста за нашето влијание и применуваме фер политика на работење. Нашата посветеност кон одржливоста се фокусира во три клучни области: животна средина, општество и деловно работење.

Дознајте повеќе за нашите три клучни области:
Животна средина
Општество
Деловно работење

United Nations Global Compact Picture_UNGC logo
Canon Europe се пријави за иницијативата United Nations Global Compact (Јануари 2014 год.), обврзувајќи се на нејзините 10 универзално прифатени принципи во областа на човековите права, трудот, животната средина и борбата против корупција. Со нашето учество се формализира пристапот кој веќе го имаме преземено како би можеле оддржливоста да ја вградиме во нашата стратегија, култура и деловно работење.

Одржлив развој
Нашиот долгорочен план е да раководиме со три регионални главни седишта во Европа, САД и Јапонија, вклучувајќи и центри за истражување и развој, како и можностите за производство во секој регион. Нашите главни седишта во Европа се распоредени на четири локации во Canon Europe Limited, Лондон, Обединето Кралство; Canon Europa N.V., Амстелвен, Холандија; и поранешните локации на Océ во Венло, Холандија и Поинг, Германија.

Нашата филозофија
Нашето деловно работење се базира на нашата јапонска корпоративна филозофија Kyosei, која во превод значи "заеднички живот и работа за доброто на сите". Ова значи дека преземаме одговорност за влијанието кое го предизвикуваат нашите активности, ги почитуваме нашите потрошувачи, заедниците и земјите во кои работиме, како и нашата животна средина. Дознајте повеќе за Kyosei.

Извештај за одржливост на Canon EMEA за 2013 година

Животна средина – намалување на штетните влијанија врз животната средина
Ја минимизираме потребата за нови природни ресурси, со што ги намалуваме штетните влијанија врз животната средина почнувајќи од дизајнот па сè до крајот на работниот век на производите и нашите операции. Нашите решенија можат да им помогнат на нашите потрошувачи да работат поефикасно и да го намалат нивното влијание врз животната средина.

Дознајте повеќе за начинот на кој го намалуваме влијанието врз животната средина кое го предизвикуваат нашите производи и нашата работа, како и за промовирањето на одржлива потрошувачка на енергија во нашиот дел за животна средина.

Општество - го поддржуваме општеството преку слики
Ние го збогатуваме општеството преку можности и решенија за обработка на слика, комуникација со вработените, заедниците и други акционери независно каде работиме, и почитување на етичките принципи. Нашата цел е да направиме позитивен придонес за општеството, зголемувајќи ја вредноста на животот на луѓето кои се опфатени со нашето деловно работење. Пронајдете детали за начинот на кој соработуваме со нашите акционери во нашиот дел за општество.

Деловно работење - фер и одговорно работење
Создаваме деловна одговорност, поддржувајќи поширок економски развој, работејќи фер и во согласност со применетите закони, регулативи и стандарди. Ние ги следиме строгите политики и постапки за заштита на нашите потрошувачи и вработени, додека ја зголемуваме одржливоста на нашето деловно работење и ги исполнуваме економските цели. Дознајте повеќе за начинот на кој работиме деловно во нашиот дел за деловно работење.

spacer
					image
Одржливост
Животна средина
Општество
Деловно работење
Награди
Извештаи за одржливост