РЕСТАВРАЦИЈА НА ФОТОГРАФИИ

Реставрација на драгоцени спомени

Дознајте за проектот ReStory чија цел е поправка на многубројни фотографии оштетени во катастрофалната поплава во Белгија во 2021 година.
Дланки држат оштетена фотографија од бебе кое спие.

Во јули 2021 година, Белгија се соочи со една од најдеструктивните и ненадејни поплави во историјата, со многу жртви и повеќе од 220.000 куќи оштетени или уништени. Јужниот регион на Белгија, Валонија, поточно провинцијата на Лиеж, беше еден од најпогодените и сè уште закрепнува.

Кога ќе изгубите сè, ви остануваат само спомените, но преживеаните изгубија и илјадници фотографии со огромна сентиментална вредност, поради оштетување или губење во поплавата.

Со поддршката на проектот наречен „ReStory“ - заедничка иницијатива помеѓу рекламната агенција Happiness Brussels, бројни волонтери за дигитална преработка, лабораторијата за реставрација Object Care и Canon Belgium - започнавме мисија за реставрација на колку што е можно повеќе фотографии на жртвите од поплавата.

„Ние во Canon сме свесни за емотивната моќ на сликите и приказните што ги раскажуваат“ - вели Jacco Leurs, директор на Canon Benelux. „Затоа ја поддржуваме програмата ReStory за реставрација на фотографии и затоа бевме воодушевени од приказните за неа. Проектот е наменет за сите кои претрпеле штети од поплавата и сакаат да ги реставрираат своите оштетени фотографии. На овој начин, овие луѓе ќе можат да ги спасат своите спомени, а ние ќе им помогнеме во олеснување на нивната тага“.

ReStory: проект за реставрација на фотографии оштетени во поплавата

Жена седи на маса и држи фотографија оштетена од вода.

Фотографиите ни овозможуваат да зачуваме скапоцен дел од историјата во нашите раце - луѓето, местата и спомените кои ни се најдраги.

Оштетена фотографија од вода на која е прикажана млада жена која седи на трева покрај куче.

Оваа фотографија имаше специјално значење за нејзиниот сопственик - била снимена на убаво локално место што редовно го посетувала со нејзината сестра.

За време на поплавата, низ сите медиуми одекнаа гласовите и лицата на многу луѓе кои беа погодени од ваквиот настан што им го промени животот. Mattias Vermeire, директорот на Happiness Brussels, се навраќа на репортажите и како придонесоа да се создаде движење што ќе ја обезбеди потребната помош.

„Имаше една жена на телевизија која изјави дека изгубила сè, но ѝ останал албумот со фотографии од нејзината свадба и нејзините одмори“ - објасни тој. „Таа кажа ‚Можам да купам нов телевизор, можам да купам сè, но овие спомени се незаменливи‘ - се разбира, не знаејќи за достапните можности. Си рековме ‚Можеме да им помогнеме на овие луѓе‘. Почнавме да размислуваме дали има постојни услуги со кои ќе можеме да ги реставрираме сликите“.

Агенцијата се обрати до Object Care, компанија што специјализира во реставрација на предмети преку хемиска стабилизација, со цел да ги обнови оштетените фотографии.

Реставрација на спомени

Жена стои во рушевини и држи албум со фотографии во кој има оштетена свадбена фотографија.

Оваа жена го загуби својот маж девет години пред поплавата да ѝ ја сруши куќата. Таа очајно сакаше да ги зачува спомените од нивното време поминато заедно, особено нејзините свадбени фотографии.

Жена стои пред ѕид и држи извалкана црно-бела фотографија од трицикл.

Можеби мислите дека фотографиите оштетени од вода не можат да се поправат, но можат да се исчистат и реставрираат со користење на дигитални техники.

Откако го скрои планот, тимот на Happiness Brussels го промовираше проектот преку групите на Facebook и непрофитабилните организации кои им помагаа на жртвите од поплавата. Меѓутоа, првичниот одзив беше слаб. „Разговаравме со Canon Belgium и тие ни ја обезбедија најдобрата филмска опрема што ја нуди Canon, а ние снимивме документарен филм со неа“ - објаснува Mattias. „Потоа појдовме на терен за да поразговараме лично со луѓето“.

„Таму останавме три дена и разговаравме со сите минувачи за да им објасниме што правиме. Некои од нив велеа: ‚Може да ми помогнете бидејќи ми останаа неколку слики, или знам некој на кој може да му помогнете‘“.

Потоа тимот го започна процесот на реставрација, го документираше проектот преку снимени интервјуа кои беа објавени и во краткиот документарен филм и на изложба на фотографии за време на настанот Photo Days што се одржа на Brussels Expo во октомври 2021 година. Набрзо, сè повеќе луѓе почнаа да бараат реставрација на нивните фотографии, а нашиот проект продолжи и следната година.

Процесот за реставрација на фотографиите

Превиткана фотографија оштетена од вода на која е прикажана жена која јаде.

„Сликите што ги собравме не беа оштетени само од вода“ - вели Mattias. „На нив имаше песок, нечистотии, па дури и материјали како масло или мастило. Собравме и слики кои беа потполно портокалови“.

Преработена фотографија од жена која јаде.

Иако постојат одредени ограничувања за тоа што може да се реставрира, процесот е неверојатно ефикасен. Дури и најоштетените слики можат да се подобрат.

Процесот на реставрација што го вршеше Object Care опфаќаше рачно чистење на секоја слика. Потоа, тимот од волонтери за преработка од агенцијата Happiness Brussels се погрижи за прецизна обработка на сликите.

„Тие не се плашат да ги стават оштетените слики во вода“ - вели Mattias. „На почетокот ни изгледаше лудо, но тие знаеја точно што треба да направат. Сликите ги ставаа во вода за да ги отстранат сите различни елементи од нив и да ги исчистат колку што е можно повеќе. Потоа ги дигитализираа, а тоа го правеа преку фотографирање со фотоапарат од Canon. Потоа настапуваме ние.

„Ние создаваме рекламни фотографии со помош на Photoshop и други техники за подобрување или комбинирање слики. Си помисливме, ‚Ќе го искористиме нашето професионално искуство за да ги исчистиме сликите и да ги отстраниме точките и линиите‘“.

Волонтерите за дигитална преработка потрошија приближно 1.000 часа во чистење на сликите оштетени во поплавата во рамките на проектот ReStory, а во волонтерските активности учествуваа и неколку хонорарци. Процесот на уредување имаше ограничувања, но резултатите и повратните информации беа неверојатни.

„Тоа што не можевме да го направиме беше да репродуцираме како изгледал човекот на сликата каде што недостасува половина од неговото лице поради оштетувањето. Но затоа можеме да ги обновиме небата и дрвјата, а можеме и да ги отстраниме дамките врз луѓето на сликите“ - вели Mattias.

Коригираните фотографии беа печатени со imagePROGRAF PRO-1000 од Canon за да се добијат живописни отпечатени материјали со професионален квалитет. „Собираме многу слики за да помогнеме на колку што е можно повеќе луѓе. Организираме тури за собирање слики од луѓето, бидејќи емотивната вредност на тие слики е преголема за луѓето безгрижно да ги стават во плик и да ни ги испратат по пошта“.

Апликациите за реставрација на сликите оштетени од поплавата може да се направат на www.restory.photo

Пет совети за реставрација на стари и оштетени слики

Дланки држат група оштетени фотографии, најгорната е портрет од мало дете.

„Многумина имаат само по две или три фотографии за реставрација, што значи дека ќе можеме да помогнеме на многу луѓе“ - вели Mattias. „Тоа е нашата цел. Не сакавме да помогнеме само на тројца или четворица кои ќе донесат 100 или 200 слики, туку сакавме да помогнеме на многу луѓе со помалку слики што многу им значат, слики што ги навраќаат на нивните спомени“.

1. Не обидувајте се да ги исушите фотографиите брзо

„Сликите што се оштетени од вода не треба да се сушат веднаш и да се ставаат врз каков било систем за греење бидејќи на тој начин ќе се оштетат уште повеќе“ - советува Mattias. „Хартијата ќе почне да се стврднува и ќе почне да пука, што е всушност хемиска промена, а тоа е невозможно да се поправи. Штом сликата се оштети, најдобро нешто што можете да направите да ја чувате во истото опкружување“.


2. Ставете ја во затворена ќеса со водена пареа

За оние кои имаат намера да ги испратат своите фотографии на експерти за реставрација: „Ако вашата слика паднала во вода, најдобро нешто што можете да направите е да ја ставите во затворена ќеса со малку водена пареа или капки вода за да создадете исти услови“ - вели Mattias.


3. Ако сакате сами да реставрирате слики, тогаш дигитализирајте ги пред да ги вчитате во Photoshop или во Digital Photo Professional (DPP)

Скенирајте ја или фотографирајте ја со висок квалитет сликата што планирате да ја реставрирате, а потоа отворете ја дигиталната верзија во софтвер за уредување како Adobe Photoshop. Откако ќе направите копија од вашата слика, може да го извршите потребното отсекување и исправување.


4. Поправете ги оштетените површини и коригирајте ги боите

Користете ја алатката Spot Healing Brush во Adobe Photoshop за да ги отстраните превиткувањата, точките и да ги коригирате скинатите делови, односно да ги поправите сите оштетени површини предизвикани од вода или абење. Само не заборавајте да создавате нов слој за сите промени што ќе одлучите да ги направите за да не го уредувате оригиналниот слој во заднина. Може да ја користите и алатката Noise Reduction за да ја намалите зрнестата текстура. Избледувањето на боите е честа појава кај старите слики, па затоа се препорачува и корекција на боите за да добиете квалитетни отпечатени материјали. Софтверот DPP од Canon наменет за обработка на RAW-слики и уредување фотографии, исто така, нуди опции за прецизно уредување на вашите слики , вклучувајќи изострување и прилагодување на боите.


5. Подгответе се за печатење

Зачувајте ја вашата слика во соодветен формат како JPEG, PNG или TIFF пред да почнете да ја печатите во домот. Ако вашиот фотоапарат го поддржува форматот RAW, тогаш ви препорачуваме да фотографирате во тој формат, бидејќи нуди максимална флексибилност при уредувањето . Компактниот и повеќенаменски PIXMA PRO-200 од Canon за A3+-формати е совршен за печатење во боја и црно-бело печатење со висок квалитет. Ако сакате сами да реставрирате слики, овој безжичен печатач ви нуди систем со 8 мастила базирани на боја за извонредна репродукција и прилагодливи големини на печатење. Исто така, достапната палета PIXMA нуди квалитетни резултати кога печатите фотографии во домот. Pro Platinum PT-101 од Canon е сјајна и тешка фотохартија за печатење со завршна обработка како во фотостудио и одлична отпорност на избледување.


Adobe и Photoshop се заштитени трговски марки или трговски марки на Adobe во САД и/или други земји.


Напишано од Lorna Dockerill

Слични производи

  • Слика од Pixma Pro-200 од Canon од предната страна

    Професионални печатачи за фотографии

    PIXMA PRO-200

    Фокусиран на печатење фотографии со живописни бои, разновидни опции и практично користење, PIXMA PRO-200 е идеален избор за ентузијастите за фотографирање и надежните фотографи.
  • Инк-џет печатачи

    Photo Paper Pro Platinum (PT-101)

    Професионална фотохартија со завршна обработка како во студио која нуди исклучителен квалитет и отпорност на избледување. Благодарение на широката репродукција на бои, оваа сјајна и тешка хартија го зголемува креативниот потенцијал на фотографите.

Слични статии

  • ОСНОВИ НА УРЕДУВАЊЕ

    Како да уредувате битни фотографии

    Подобрете ги вашите фотографии од посебни прилики со овие едноставни совети за уредување фотографии.

  • УРЕДУВАЊЕ ФОТОГРАФИИ / ОБРАБОТКА ПО СНИМАЊЕТО

    Уредување RAW-слики со DPP

    Дознајте како да ги уредувате и подобрувате вашите RAW-фотографии со помош на софтверот DPP од Canon.

  • КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Најдобри совети за изложување отпечатени фотографии

    Дознајте како да го разубавите вашиот дом со прекрасни отпечатени семејни фотографии како во галерија.

  • СЕМЕЈНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Снимете подобри божиќни фотографии оваа година

    Фотографот Lena Petrova дава совети за подобрување на вашите празнични фотографии.