low-light photography

Фотоапарати за слаба осветленост

Доловете ја вистинската атмосфера на моментот кога заоѓа сонцето со фотоапаратите од Canon за слаба осветленост со HS систем

Поголема јасност – помал шум

Фотографирањето при слаба осветленост со паметен телефон може да резултира со разочарувачки слики со слаб квалитет. Компактните фотоапарати за слаба осветленост од Canon користат напредна оптика, сензори и процесори кои ќе ви обезбедат поубави и пореалистични резултати при слаба осветленост.

photography clarity

Доловете ја вистинската атмосфера на моментот

Користењето блиц за фотографирање при слаба осветленост може да ја уништи атмосферата на фотографијата со бледи лица, неприродни бои и темни заднини. Фотоапаратите за слаба осветленост од Canon со HS систем создаваат прекрасни резултати без блиц – за да го снимите токму тоа што го гледате.

face woman photography

Кажете и збогум на заматеноста

Рачното фотографирање при слаба осветленост може да предизвика тресење на фотоапаратот и заматени слики, но нашите фотоапарати за слаба осветленост со HS систем, објективи со голема решетка и интелигентна стабилизација на слика ќе ви овозможат да фотографирате рачно при светлина од свеќи или на концерти и да добиете остри резултати.

shooting handheld in low light

Напредни технологии за извонредни снимки при слаба осветленост

Иновативниот HS систем на Canon претставува ексклузивна комбинација од сензор со голема чувствителност кој доловува повеќе светлина и моќен процесор DIGIC. Тој нуди врвен квалитет на слика и одлични перформанси при слаба осветленост за да ја доловите реалистичната атмосфера на моментот

Објективи со голема решетка

Овoj објектив со f/1,8 пропушта повеќе светлина во фотоапаратот и овозможува поголеми брзини на блендата за добивање природни слики со помалку заматување. Професионалните фотоапарати од Canon со врвна и брза оптика и HS систем претставуваат идеален избор доколку сакате да усовршите фотографирање при слаба осветленост.

G7 X camera

Интелигентна стабилизација на слика

Современата интелигентна стабилизација на слика од Canon - напредна оптичка стабилизација на слика која го спречува тресењето на фотоапаратот - ви овозможува да фотографирате рачно при слаба осветленост без заматување. Тој нуди разновидни опции, потполно автоматски, се прилагодува кон различните сцени за да обезбеди врвни резултати.

low light city photography

Ве молиме имајте предвид дека сите функции не се достапни кај сите производи.