Снимајте извонредни слики кога сте во движење со помош на овој фотоапарат кој е практичен за патувања и се одликува со џебна големина, голем зум до 40x, опции за поврзување и разновидни опции за креативна контрола.
Понесете доволно моќ и разновидни опции на сите патувања. Овој фотоапарат со опции за лесно поврзување со паметни телефони кој е практичен за патување ви нуди објектив со огромен зум до 40x и широк агол од 24 mm со џебна големина – за извонредни слики и Full HD видеоснимки исполнети со далечни детали во текот на денот или ноќта.
Доловувајте прекрасни детали во далечина на едноставен начин користејќи го овој моќен уред со џебна големина, огромен оптички зум до 40x и интелигентна стабилизација на слика за остри и стабилни резултати
Уживајте во извонредни и остри снимки за време на патувањата, во текот на денот или ноќта, благодарение на HS системот со 20,3 мегапиксели. Снимајте спонтани моменти со можноста за брзо континуирано фотографирање и одлични автопортрети со помош на LCD екранот што се закосува
Снимајте Full HD видеоснимки со 60 fps без напор, со допирање на едно копче. Уживајте во стабилни видеозаписи дури и кога зумирате или кога снимате во движење со помош на динамичка стабилизација на слика со 5 оски
Поврзете го вашиот паметен уред на едноставен начин и одржувајте постојана врска* преку Bluetooth®** за да можете да фотографирате далечински, а потоа да ги споделувате вашите дела на интернет за неколку секунди
Само насочете и фотографирајте со хибридниот автоматски режим кој ги избира совршените поставки за фотоапаратот наместо вас или, пак, преземете го следниот чекор во креативното фотографирање со целосната рачна контрола
Извонреден широкоаголен зум до 40x во компактно куќиште
CMOS сензор со 20,3 мегапиксели
Појасни и пореалистични видеоснимки со брзи движења
Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика
Екран што се закосува нагоре за автопортрети и фотографирање од низок агол
Постојана врска помеѓу фотоапаратот и паметниот уред
Безжично споделување и правење резервна копија на слики
Практично полнење преку USB кабел
Сè што ви е потребно за доловување прекрасни детали додека патувате - додајте само мемориска картичка и торбичка за фотоапарати
Дигитален фотоапарат PowerShot SX730 HS
Ременче за на зглоб WS-800
Батерија NB-13L
Полнач за батерии CB-2LHE
AC кабел
Комплет со упатство за користење
* Поврзувањето преку Wi-Fi и функциите се различни во зависност од моделот и регионот.
** Зборот во ознаката Bluetooth® и лого ознаките на Bluetooth® се регистрирани заштитни знаци во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое користење на тие знаци од страна на Canon Inc. е дозволено со лиценца. Другите заштитни знаци и заштитни имиња им припаѓаат на нивните сопственици.