Фалсификувани батерии

Предупредувања во поглед на фалсификувани литиум-јонски батерии и полначи.

Предупредувањето се однесува на следните групи производи од Canon:

  • Дигитални компактни фотоапарати
  • Дигитални SLR фото апарати
  • Дигитални видео камери

Неодамна утврдивме дека на пазарот се појавиле фалсификувани литиум-јонски батерии и полначи за дигитални компактни фотоапарати, дигитални SLR фотоапарати и дигиталните видео камери од Canon, особено на веб-сајтовите за интернет аукции.

Во повеќето случаи, фалсификатите не се одликуваат со безбедносни карактеристики кои ги исполнуваат определените стандарди за квалитет. Како резултат на тоа, тие може да предизвикаат разни проблеми при користење или полнење:

  • Дефект на производ
  • Генерирање на абнормално количество на топлина 
  • Пукнатини и истекување, експлозија или пожар 
  • Повреди кај корисникот, како изгореници и слепило

Поради безбедносни причини, компанијата Canon ги замолува своите потрошувачи да не ги користат или, пак, случајно да ги купат фалсификуваните производи во продавниците или преку интернет.

Ве молиме имајте предвид дека компанијата Canon нема да сноси никаква одговорност за дефектите или несреќите кои ќе се појават поради користење на неоригинални литиум-јонски батерии и полначи од Canon, вклучувајќи ги и фалсификатите.

Компанијата Canon навистина ја цени вашата континуирана лојалност кон оригиналните производи на Canon.

Пример за фалсификат
(име на оригинален производ: батерија BP-511)



Како ќе знам дали е во прашање оригинален производ?

На истиот начин како што беше претходно споменато, ќе можете лесно да дознаете дали батеријата е оригинална, така што ќе го проверите уникатниот холограм што се наоѓа на пакувањето на оригиналната батерија на Канон. На холограмот треба да се прикаже зборот „Канон“ кој се простира хоризонталново траките. Исто така е прикажана спиралата помеѓу траките, врз која е отпечатен зборот „Genuine“ („оригинал“). Покрај тоа, бојата на холограмот се менува од златна во зеленишкава, при закосување од предната страна кон хоризонтална положба. Доколку не дојде до промена, холограмот е лажен. Секогаш проверувајте ги холограмите.

За повеќе информации за фалсификувани батерии, прочитајте „Известување кое се однесува на фалсификувани батерии“ на Асоцијацијата за фото-апарати и производи за графика (CIPA) на http://www.cipa.jp/battery/index_e.html