Фалсификати

Фалсификуваните производи Canon е потешко да се препознаат - и веројатно поопасно - отколку што мислите. Фалсификуваните или „лажни“ Canon производи може да изгледаат речиси идентично како и оригиналните производи од Canon, но не се оригинални. Најчесто фалсификувани производи од Canon се картриџите за тонер и за мастило, батериите и полначите и дополнителната опрема за фотоапарати.

Изработката, увезувањето или продавањето на фалсификувани производи претставува криминална активност. Canon соработува со полицијата, царината, организациите за спречување на фалсификувањето и властите во Европа, Средниот Исток и Африка (EMEA) за да го спречи тргувањето со фалсификувани производи Canon.

Counterfeit

Следните информации ќе ви помогнат да ги разберете опасностите од користењето на фалсификувани производи Canon, начинот на кој можете да ги препознаете и што да направите доколку сметате дека сте купиле таков производ.

- Опасности од користењето фалсификувани производи Canon
- Како да препознаете фалсификувани производи Canon
- Што треба да направите доколку сметате дека сте купиле фалсификуван производ
- Повеќе информации

Опасности од користењето на фалсификувани производи Canon

Безбедност
Фалсификуваните производи Canon не се произведени и тестирани според строгите стандарди за квалитет на оригиналните производи од Canon и можат да предизвикаат повреди или оштетувања на производот. На пример, фалсификуваните батерии можат да генерираат премногу топлина, да истечат или да експлодираат при користење, предизвикувајќи сериозни повреди или непоправлива штета на производот.

Квалитет
Фалсификуваните картриџи со мастило и тонер Canon можат да протечат, да ја блокираат главата на печатачот или да предизвикаат заматување на боите и неправилни бои. Исто така, фалсификуваните картриџи во повеќето случаи нудат значително помал капацитет за печатење отколку оригиналните производи. Капацитетот за печатење на фалсификуваните картриџи кои ги тестираше Canon се движи од 28% до 69% во споредба со оригиналните картриџи од Canon.

Еколошки
Оригиналните производи од Canon се усогласени со меѓународните и европските закони, вклучувајќи ги WEEE, директивата RoHS и регулативата REACH. Фалсификуваните производи не се усогласени со овие закони, па затоа претставуваат поголем ризик за животната средина.

Како да препознаете фалсификувани производи Canon

Најчесто фалсификувани производи Canon се картриџи за мастило, шишиња со мастило, тонери за копири и дополнителна опрема за фотоапарати како батерии, полначи, капачиња за објективи, далечински управувачи и торби.

На пакувањето на сите оригинални картриџи за мастило1, шишиња со мастило, тонери за копири и батерии од Canon има уникатен холограм од Canon.

Холограмот претставува уникатна слика која добива златна или црвено-златна боја што се прелева кога се гледа однапред, но ако ја навалите хоризонтално бојата се менува во темна зелена боја што се прелева. Ако холограмот е фалсификат, тогаш неговата боја не се менува во темна зелена боја.

Работи на кои треба да обрнете внимание кај фалсификуваните производи

- Фалсификуваните холограми најчесто се поставуваат неправилно и изгледаат оштетени, заматени, имаат погрешна боја или големина.
- Лого ознаките на Canon кај фалсификуваните пакувања може да се изработени несоодветно, со погрешна боја, фонт на букви или големина.
- Пакувањето може да изгледа како да е препакувано, користено претходно или отворено.
- На пакувањето може да има печатни грешки или недостаток на интерпункциски знаци.
- Внимавајте на продавачи со необично ниски цени.
- Внимавајте кога купувате на интернет и од веб-страници што вршат онлајн наддавања. Не сите производи што се продаваат на интернет се фалсификати, но фалсификаторите често го користат интернетот за да продаваат фалсификати брзо, анонимно и низ целиот свет, па затоа внимавајте кога купувате на интернет.

Што треба да направите доколку сметате дека сте купиле фалсификуван производ

Ако се сомневате во оригиналноста на производот Canon што сте го купиле, ве молиме не го користете и обратете се кај овластен продавач на Canon или контактирајте нè на ipr.info@canon-europe.com
За жал, ние не можеме да ги замениме фалсификуваните производи Canon, но можеме да потврдиме дали производот е оригинален или не и да ви издадеме писмена потврда за оригиналноста на производот. 
За да се осигурите дека купувате само оригинални производи од Canon, посетете ја нашата страница Каде може да купите за општа листа на овластени продавачи на производи од Canon.

Корисни информации



Подолу има листа на корисни линкови за повеќе информации за спречување на фалсификувањето:
Веб-страница на Асоцијацијата за фотоапарати и уреди за обработка на слика (CIPA).
React – европска мрежа за спречување на фалсификувањето
Деловни акции за спречување на фалсификувањето и пиратеријата
Група за спречување на фалсификувањето
Канцеларија за интелектуална сопственост
Коалиција за потрошни материјали за обработка на слики (Imaging Consumables Coalition) во Европа, Средниот Исток и Африка

Може да ве интересира и

  1. можно е европските пластични инк-џет пакувања или проѕирните пакувања на мултикомплетите да немаат уникатен холограм.