Револуција во видеопродукцијата. CN-E18-80mm T4.4 L IS KAS S во голем формат од Canon се одликува со висококвалитетен серво мотор за видео со функции како неверојатно рамномерен серво зум и фокус по достапна цена.
Подетално разгледување на Canon CN-E18-80mm T4.4 L IS KAS S
Од филмови и документарни снимки па сè до свадби и деловни снимки, CN-E18-80mm T4.4 L IS KAS S (компактен објектив со серво мотор за видео) од Canon е дизајниран да ги задоволи потребите на професионалните фотографи и напредни аматерски режисери. Овој објектив со моќен оптички зум од 4,4x и фокусна должина од 18-80 mm е идеален објектив за секаква намена кој тежи само 1,2 kg и се одликува со функции за прецизен серво зум и фокус кои ќе ги збогатат сите ваши снимки со професионален изглед и чувство.
Компактниот објектив со серво мотор за видео од Canon, кој е дизајниран да се користи со DSLR фотоапарати со EF приклучок од Canon и компатибилни видеокамери со заменливи објективи, ги искористува придобивките од многубројните функции на објективите со EF приклучок од Canon, вклучувајќи и 3 режими на стабилизација на слика и автоматско фокусирање со неверојатна брзина. Моќниот Dual Pixel CMOS AF овозможува брзо и прецизно фокусирање со притиснување на едно копче, а континуираниот AF ви овозможува да го следите вашиот објект без да го загубите фокусот. Корекцијата на надворешното осветлување помага во еднаквото осветлување на целиот кадар, а објективот и камерата постојано комуницираат, почнувајќи од снимање метаподатоци за објективот за полесна обработка по снимањето па сè до можноста за избирање на број „T“ или број „F“ на екранот на камерата.
Еден од најважните фактори за одлични видеоснимки е длабочината на полето која му го привлекува вниманието и фокусот на гледачот кон вашиот објект. Создавањето препознатливи ефекти на дефокусирање во вашите видеоснимки е едноставно – компактниот објектив со серво мотор за видео од Canon користи ирис со 9 сечила што резултира со прикажување точки светлина со прекрасни ефекти на дефокусирање што ќе ги направат вашите дела препознатливи.
При употребата на објективи за фотографирање во проектите за снимање видео, постои можност да настанат проблеми поради промените во фокусот. Промените во фокусот се дискретни изобличувања на перспективата што настануваат при зумирање и одзумирање, но бидејќи компактниот објектив со серво мотор за видео од Canon е наменски објектив за снимање видео, тој е дизајниран да ги намали промените во фокусот и да ги минимизира изобличувањата.
Компактниот објектив со серво мотор за видео од Canon е подготвен за иднината. Инженерите од Canon го опремија со прецизна моќ за обработка, од средината на објективот па сè до рабовите, а неговата функција за пренос на модулација (MTF) е оптимизирана за потребите на 4K камерите. Одликувајќи се со намалена хроматска аберација и баланс на бои кој совршено им одговара на другите Cinema EOS објективи од Canon, компактниот објектив со серво мотор за видео од Canon нуди неверојатен квалитет на слика независно дали снимате во 4K или HD.
Изборниот држач за зумирање ZSG-C10 од Canon кој е специјално дизајниран за компактниот објектив со серво мотор за видео отвора потполно нови можности за снимање, овозможувајќи неверојатно рамномерно активирање на сервото за зумирање и AF за една снимка. ZSG-C10 е поврзан со куќиштето на објективот преку 20-пински кабел и може да се користи кога е монтиран на цилиндарот на објективот (за удобно снимање со опремата на рамо) или кога е одвоен од објективот и се користи рачно. ZSG-C10 има преклопник кој е едноставен за користење, копче за активирање/запирање на снимањето, копче за автоматско фокусирање со една снимка и држач со прилагодлив агол за оптимална удобност.
Дознајте повеќе за Canon CN-E18-80mm T4.4 L IS KAS S, неговите функции и можности.