hero

EOS R

Уживајте во светот на EOS со палета на специјална дополнителна опрема

EOS R од Canon и EOS RP од Canon се најновите членови на препознатливата серија EOS и се потполно компатибилни со системот развиен со континуирано усовршување во период подолг од три децении. Овие фотоапарати со EOS R-систем се иновативни и нови по дизајн, но лесно може да се приспособат за користење со други објективи EF и EF-S, блицови Speedlite и дополнителна опрема.

Исклучителни оптички перформанси

Објективите RF се специјално дизајнирани да ги надополнат фотоапаратите со EOS R-систем и да постават нови стандарди за моќта за обработка. Тајната на нивниот успех е одново дизајнираниот приклучок за објективи што го поставува објективот на оптимално растојание од сензорот. Овој генијален дизајн отвора нови можности за создавање палета на објективи EOS RF од серија L што нудат одлични оптички перформанси и снимаат слики со максимални детали.

Користете ги вашите објективи EF или EF-S

Освен објективите RF, може да ја користите и целата палета на објективи EF или EF-S од Canon со фотоапаратите со EOS R-систем без апсолутно никакви загуби во оптичките перформанси, со помош на повеќе адаптери1. Овие адаптери воспоставуваат целосна комуникација помеѓу куќиштето и објективот, но нудат поголема контрола што ви овозможува да продолжите да ги користите вашите објективи и да разгледувате други во системот на објективи од Canon.

1погледнете ги спецификациите

Може да ви се допадне и следното
Canon related article perfect blend

EOS R

Совршен спој на ракување и одличен дизајн

Canon EOS RP Autofocus

EOS RP

Фокусирајте насекаде веднаш

Related tell your stories

EOS R

Раскажете ги вашите приказни со 4K-видеозаписи и исполнете го екранот со детали

Use your EF or EF-S

Откријте голем избор на можности за осветлување

Уште една придобивка од тоа да се биде дел од серијата EOS е компатибилноста на фотоапаратите со EOS R-систем со постојната дополнителна опрема од Canon, вклучувајќи ја и целата тековна палета на блицови Speedlite и специјални производи како што е серијата Macro Ring Lite. Тоа ви овозможува уште покреативни опции за фотографирање при слаба осветленост или креативно фотографирање, а притоа да уживате во технолошките придобивки што ги нуди системот EOS R.

Explore high range lighting
Explore high range lighting

Може да ве интересира и