Приказ на слика - EOS-1D X Mark II

Управување со слики со неверојатна брзина

Максимизирајте го времето за снимање. Минимизирајте сè останато.

eos-1d-x

Вграден GPS

EOS-1D X Mark II располага со вградена сателитска врска со сателитите за глобално позиционирање GPS (САД), GLONASS (Русија) и Quasi-Zenith Michibiki сателитот (Јапонија) за поголема прецизност на GPS уредот и брзо добивање на сигнал1. Фотоапаратот додава информации со географски ознаки (географска должина, географска ширина, надморска височина, координирано универзално време) во мета-податоците на сликите, кои претставуваат корисни информации за агенциите и фотографите кои сакаат да знаат кога и каде ги снимиле сликите.

Исто така, GPS системот автоматски го поставува времето на часовникот на фотоапаратот според податоците од сателитите, а функцијата за евидентирање му овозможува на корисникот да си ги следи чекорите со фотоапаратот што може да се искористи во системите за мапирање. GPS податоците можат да се внесат и во видеоснимките при почетокот на снимањето.

1 GP-E1 и GP-E2 од Canon и GPS уреди со Bluetooth од трети страни не се компатибилни.

eos-1d-x

Отсекување и испраќање

Функциите за отсекување и испраќање при репродукцијата уште повеќе ги зголемуваат можностите на EOS-1D X Mark II. Овие две функции се додадени како одговор на барањата за преработка на композицијата по снимањето и овозможуваат лесно менување на големината на сликите за да можете веднаш да ги споделите. Фотографите можат да ги отсекуваат сликите според тоа како сакаат да бидат издадени и можат брзо да им ги испратат на уредниците и на студијата.

eos-1d-x

WFT-E8 со IEEE 802.11AC стандард

Овозможете му нови можности за поврзување на EOS-1D X Mark II со безжичниот предавател WFT-E8. Брзиот безжичен LAN пренос, подобрите опции за пренос на FTPS и можноста за далечинско фотографирање го прават WFT-E8 задолжителна галантерија за EOS-1D X Mark II.

Префрлувајте податоци на оддалеченост до 150m со голема брзина благодарение на стандардот IEEE 802.11ac (фреквенција од 5Ghz), кој поддржува приближно 2,5x побрза комуникација од IEEE 802.11n. Контролирајте ги поставките на фотоапаратот како што се фокусот, брзината на блендата, режимот за прегледување во живо и репродуцирајте додека снимате далечински преку опцијата WFT сервер или апликацијата Canon Camera Connect.

Бројот на поставки за мрежни врски што можат да се зачуваат во EOS-1D X Mark II е зголемен од 5 (кај EOS-1D X) на 20, а бројот на мрежни врски што можат да се зачуваат на мемориска картичка останува 10.

Дознајте повеќе

eos-1d-x
eos-1d-x

Поврзување со голема брзина

Приклучокот SuperSpeed USB 3.0 овозможува префрлување слики со голема брзина во компјутер. EOS-1D X Mark II, исто како и EOS-1D X, им нуди можност на фотографите да ги префрлуваат сликите преку мрежа благодарение на вградениот приклучок за етернет или изборниот безжичен предавател WFT-E8 или WFT-E6.

Апликација Canon Camera Connect

Апликацијата Canon Camera Connect ви овозможува да го поврзете вашиот EOS-1D X Mark II со паметен телефон или таблет-уред (iOS или Android) преку WFT-E8 или WFT-E6, за далечинско снимање, прегледување, оценување, префрлување и споделување слики кога фотоапаратот треба да се постави на поголема оддалеченост, на пример, зад голот за време на фудбалскиот натпревар, а потоа ви овозможува веднаш да ги испратите сликите во студијата или да ги искористите на социјалните мрежи. Camera Connect, исто така, ви овозможува да снимате и префрлувате MP4 видеоснимки снимени со EOS-1D X Mark II.

Connect-App