Овозможете му нови можности за поврзување на TREX со безжичниот предавател WFT-E8. WFT-E8 се одликува со брз пренос преку безжична мрежа благодарение на компатибилноста со IEEE 802.11ac, подобри опции за пренос преку FTP и далечинско фотографирање, а нуди и голем број дополнителни функции за целосно искористување на можностите на TREX.
Погледнете подетални информации за Canon WFT-E8
Со употребата на новиот стандард IEEE 802.11ac (фреквенција од 5Ghz), WFT-E8 ви овозможува да префрлувате податоци на оддалеченост до 150m со голема брзина. IEEE 802.11ac поддржува побрза комуникација (приближно 2,5x во пракса) од стандардот IEEE 802.11n присутен кај WFT-E6, со теоретска брзина од прибл. 1300 Mbps наспроти брзината од 450Mbps со IEEE 802.11n.
Фотографите можат безбедно и далечински да се поврзат со FTP сервер преку FTPS (протокол за пренос на датотеки преку SSL/TLS) и да снимаат и испраќаат слики во реално време, со што се минимизира времето потребно за прибирање, класифицирање и вчитување на сликите во сервер.
Снимајте, прегледувајте и репродуцирајте слики или видеоснимки далечински, благодарение на опцијата за WFT сервер што ја нуди WFT-E8. WFT сервер претставува ажурирана верзија на досегашниот HTTP режим и овозможува потполна контрола врз поставките на фотоапаратот TREX, вклучувајќи и фокус, прегледување во живо, репродукција на видеоснимки и прегледување RAW слики, за да можете да видите што гледа фотоапаратот и да ги прилагодите поставките далечински преку компјутер, паметен телефон или таблет-уред.
Апликацијата Camera Connect од Canon ви овозможува да поврзете паметен телефон или таблет-уред за далечинско снимање, прегледување, рангирање, префрлување и споделување слики кога треба да го поставите фотоапаратот на поголема оддалеченост, на пр., зад голот за време на фудбалскиот натпревар или над кошот. Исто така, Camera Connect овозможува снимање и префрлување Full HD MP4 видеоснимки.
Поврзете најмногу 10 споредни фотоапарати преку главниот фотоапарат со предавателите WFT-E8 и WFT-E7, за синхронизирано фотографирање на оддалеченост до 100 метри. Со користење на функцијата на фотоапаратот за синхронизирање на времето, разликите помеѓу часовниците на фотоапаратите се елиминираат за да се овозможи прецизна серија на фотографирање.
Дознајте повеќе за Canon WFT-E8, неговите функции и можности.