Sponsorship at Canon Hero

Спонзорство во рамки на Canon

Нашето спонзорство и партнерство во рамките на EMEA опфаќа широк опсег на социјални, културни и спортски активности кои ги поддржуваат нашите цели за деловна и корпоративно-социјална одговорност. Преку овие активности, ние се стремиме да придонесеме со нашата стручност во обработката на слика и портфолиото со широк опсег на производи за да направиме разлика во општеството.


Светско првенство во рагби 2019
Canon е официјален спонзор на Светското првенство во рагби 2019 во Јапонија, коешто ќе се одржи во дванаесет градови-домаќини низ земјата од 20 септември до 2 ноември 2019 година. Canon ќе продолжи да придонесува кон напредокот на спортот преку неговите производи и технологии.
RWC
Visa pour l’image
Canon го поддржува Visa pour l’image, еден од водечките фестивали за фоторепортерство во светот, последните 29 години. Ние нудиме еднонеделни курсеви за обука за студентите по масовни медиуми во Европа за да им помогнеме да раскажат приказни што опфаќаат сè, од конфликт и природа до луѓе и животната средина.
Visa L’image

Кога ги разгледуваме многуте барања за спонзорства кои ги добива Canon Europe, ги користиме следните критериуми кои ни помагаат во одлуката дали да стапиме во партнерство:

  • Не спонзорираме поединци или тимови. Ова вклучува блогери, влогери или какви било патувачки проекти каде што поединецот бара бесплатен производ во замена за промоција
  • Посетете ја страницата на Canon Pro за да дознаете повеќе информации за програмата за амбасадори на Canon
  • Настанот/активноста мора да биде паневропски проект. За локални активности, ве молиме обратете се на соодветната канцеларија на Canon
  • Настанот/активноста не смее да има никакви религиозни асоцијации, политички врски, ниту пак да биде поврзуван со воени дејства од каков било вид
  • Секој настан/активност што ќе ја разгледуваме мора да ги поддржува нашите цели за одржливост


Доколку вашиот настан или активност одговара на критериумите наведени погоре и сакате вашиот предлог да биде земен предвид за спонзорство, пополнете го формуларот подолу. Имајте предвид дека голем дел од нашата стратегија за спонзорства се исполнува преку нашите тековни партнерства и дека буџетите за дополнителни можности се ограничени. Жалиме поради фактот што, поради високиот број на барања што ги добиваме, не сме секогаш во можност да одговориме лично на сите барања. Доколку вашето барање е успешно, ќе бидете контактирани во рок од 60 дена од добивањето на вашата апликација.

За да аплицирате за спонзорство, пополнете го формуларот и член од тимот ќе стапи во контакт со вас