EOS R3

Canon EOS R3

Минливи моменти снимени со фотоапарат на начини што досега биле невозможни. Добредојдовте во иднината на акциската фотографија.

Спецификации

  • Сензор со подредена структура

    Подреден, заднински осветлен сензор

  • Секвенцијално фотографирање со брзина до 30 fps

    Континуирано фотографирање со брзина до 30 fps, или 12 fps со механичка бленда, со AE и AF со следење

  • Секвенцијално фотографирање со голема брзина до 195 fps1

    Фотографирајте со приспособлива брзина за секвенцијално фотографирање

  • Макс. ISO 25.600

    Чувствителност од ISO 100 до ISO 102.400 (се продолжува до ISO 204.800)

  • Резолуција од 24 мегапиксели

    Идеален баланс на квалитет на сликата, високи перформанси на ISO и големина на датотеката

  • До 8-stop IS

    Сигурен стабилизатор на слика работи во тандем на сопствената IS на објективот

  • AF со контрола со очи

    Изберете фокусни точки или предмети за следење со едноставно гледање

  • Следење на субјектот

    Автоматски следи луѓе, животни и возила и во режими на фотографии и во режим на видео

  • Екран со променлив агол

    Целосно артикулиран екран на допир од 8,2 см, 4.200.000 точки

  • Електронски визир

    Електронски визир без затемнување со 5.760.000 точки, стапка на обновување од 120 fps и покриеност од 100 проценти

  • WiFi и Bluetooth

    Безжична конекција за далечинско управување и пренос на слика

  • 6K RAW

    60 fps со најголема флексибилност за промена на поставките како што е балансот на белата боја во пост-продукција

  • 4K 120p

    Снимајте видеозаписи со бавни движења и извонредно високо ниво на детали

  • Full HD 240p

    Снимајте видеозаписи со извонредно бавни движења и високо ниво на детали

  1. AE и AF со следење не се достапни во режимот за секвенцијално фотографирање со голема брзина. Максималниот број на снимени слики може да се постави до 50
Фирмверот издаден на 22 јули 2022 година додаде континуирано фотографирање до 195 fps, Full HD-видео со 240p, како и многу други корисни функции. Може да се преземе од страницата за поддршка.

Ви го претставуваме следното поглавје во EOS

EOS R3 ќе го промени начинот на кој размислувате за камерите без огледало. Сензорот со подредена структура и задно осветлување може да ги замрзне движењата со брзина на бленда од 1/64.000, а овозможува и континуирано фотографирање со брзина од 30 fps која може да се зголеми до 195 fps1. AF со контрола со очи интелигентно ги препознава и следи субјектите додека снимате - што е одлично за спорт, вести и фотографирање диви животни.

Резиме на EOS R3

Експлозивна брзина од 30 fps.

Уживајте во максимална брзина на блендата од 1/64.000 секунди и континуирано фотографирање од 30 fps, со истовремено AF/AE следење.

Усовршување на движењето

EOS R3 доловува многу кратки моменти со 30 fps, откривајќи детали што се пропуштаат со голо око.

Видете. Реагирајте. Одговорете

Благодарение на најновата технологија за контрола на автоматскиот фокус со очите, EOS R3 фокусира каде и да следите.

Создаден за видеа

EOS R3 е професионален хибрид, способен да снима кинематски видеа, соодветни за емитување, и сензационални фотографии.

Создаден за професионалци

EOS R3 е изграден за да ги издржи условите во секојдневна професионална употреба и сè што ќе ви донесе животот.

Напредно поврзување

EOS R3 го користи својот жичен LAN приклучок и 2,4/5GHz за да комуницира со компјутерски мрежи, лаптопи и мобилни уреди за брзо, лесно споделување на слики и далечинска контрола на фотоапаратот.

Усовршување на движењето

EOS R3 снима краткотрајни моменти со брзина од 30 fps, што може да се зголеми до 195 fps1, и открива детали што не можат да се видат со голо око.

Двослојниот сензор на фотоапаратот со задно осветлување е толку брз што им овозможува на фотографите да користат електронска бленда за да го замрзнат брзото движење без да се грижат дека ќе дојде до изобличување заради „ротирачката бленда“. Добијте максимална брзина на блендата до 1/64.000 сек., како и брзина на фотографирање од 30 fps со AF/AE со следење за максимум 420 слики, кога снимате Raw-датотеки.

Сакате повеќе? Нудејќи континуирано фотографирање со приспособена голема брзина, EOS R3 може да фотографира секвенцијално со приспособена стапка на слики до 195 fps, а притоа да долови извонредни детали кај субјектите што се движат многу брзо. Во една серија на секвенцијално фотографирање може да снимите најмногу 50 слики што ќе се зачуваат во форматот JPEG, HEIF или RAW.

За полесно балансирање на дневната светлина и блицот во светли услови, или за замрзнување на субјектите што се движат брзо, сега е можна синхронизација на блицот кога ја користите електронската бленда на фотоапаратот - ова важи и за блицовите Speedlite од Canon и за блицовите од трети страни наменети за фотостудија.

EOS R3

Напредeн AF со контрола со очи

Сте користеле ли толку напреден фотоапарат што ви се чини дека ви ги чита мислите? Благодарение на најновата технологија за контрола на автоматскиот фокус со очите, EOS R3 фокусира каде и да гледате. Поради уникатната контрола на AF, фотоапаратот реагира со истата брзина како и вие и ви овозможува брзо да реагирате на сцените коишто постојано се менуваат.

EOS R3

Најдоброто следење субјекти досега

Користејќи вештачка интелигенција за учење и илјадници слики од реалниот свет, го научивме EOS R3 точно и самоуверено да ги препознава луѓето, животните и возилата - без оглед каде се движат во рамката.

Може да следи луѓе дури и ако носат кацига или очила за сонце. ога фотографирате мотоспортови, EOS R3 може да препознае мотоцикли и тркачки автомобили, дури и да направи разлика меѓу затворен и отворен кокпит, прецизно одредувајќи ја кацигата на возачот кога е видлива.
EOS R3

Спој на видео и фотографски перформанси

EOS R3 е професионален хибрид, способен да сними кинематско, висококвалитетно видео и сензационална фотографија. Бидејќи е опремен со опции кои ги прошируваат креативните граници на фотографите, фотоапаратот може да снима видеоснимки во формат 4К како и 6К RAW внатрешно на CFexpress-картичка. Canon Log 3 овозможува поширок динамички опсег и можности за градација на боите.

Најважно од сè е што можноста за препознавање предмети можат да ја користат не само фотографите, туку и видеографите, со што се овозможува следење на предметите кои се движат низ кадарот и истовремено остро фокусирање.
EOS R3

Поврзан со светот

Опциите за поврзување се клучни за фотографите на спортски настани и вести. EOS R3 го користи својот жичен LAN приклучок и 2,4/5GHz Wi-Fi за поврзување со компјутерски мрежи, лаптопи и мобилни уреди за брзо и лесно споделување на слика и далечинска контрола на фотоапаратот. EOS R3 е компатибилен и со нашата апликација Mobile File Transfer преку која професионалните фотографи додаваат метаподатоци и пренесуваат слики од мобилен телефон доколку не се поврзани на Wi-Fi-мрежа.

EOS R3, исто така, се одликува со нов мултифункционален додаток за биц, кој обезбедува комуникација со податоци и моќност за нови додатоци, како и делување како приклучок за постоечките блицеви и чкрапала.
EOS R3

Дизајниран и изграден за професионалци

EOS R3 е изграден за да ги издржи условите во секојдневна професионална употреба и сè што ќе ви донесе животот.

Од песочна бура до пороен дожд, тврдото тело од легура на магнезиум е запечатено да не пропушта прашина и вода на исто ниво како и нашите легендарни фотоапарати од серијата EOS-1D. Ви влева доверба да продолжите со фотографирање без оглед на условите.

EOS R3

Се вклопува во вашиот постоечки систем

EOS R3 се вклопува во вашиот постоечки систем, работи заедно со другите фотоапарати без огледало или DSLR.

Фотоапаратот се напојува со батерија LP-E19 со голем капацитет – истата што ја користат и телата од серијата EOS-1DX III. И вашите EF објективи ќе работат точно онака како што треба, благодарение на голем број квалитетни адаптери за монтирање, кои може да додадат и дополнителна функционалност, како што се контролен прстен или паѓачки филтри

Со своите интуитивни контроли и ергономска извонредност, EOS R3 е резултат на тридецениската еволуција, постојано дополнувана со барањата на професионалните фотографи. Уживајте во неспоредлива ергономија, со познат интуитивен интерфејс.

EOS R3

Прилагодливи контроли со брза реакција

EOS R3 е чистокрвен професионалец. Неговиот облик и форма се инспирарани од нашите фотоапарати од серијата EOS-1DX, но е помал и полесен, инкорпорирајќи ги принципите на дизајнот на системот EOS R без огледала за да се постигне извонредно ракување.

Фотоапаратот нуди широк избор на контроли, а мулти-контролерот и паметниот контролер се инстинктивно поставени на дофат на палецот. Трите прилагодливи вртливи копчиња на телото на фотоапаратот, како и контролниот прстен на секој објектив со Rf-приклучок овозможуваат приспособување на брзината на блендата, решетката, вредноста на ISO и компензацијата на експозиција додека го држите фотоапаратот доближен до очите. Исто така, со допир на едно копче активирате дигитален телеконвертор од 1,6x за да добиете поголем дострел - особено практично за отсекување на сликата додека фотографирате, за да ја намалите потребата од обработка по снимањето.

EOS R3, исто така, е опремен со подвижен екран со висока резолуција од четири милиони точки, кој е јасен и брилијантен, дури и во светли услови. Ви овозможува лесно компонирање од креативни перспективи. Двојните слотови за картички овозможуваат датотеките со слики и видеозаписи да се зачувуваат на лесно достапните SD картички (со поддршка за UHS-II) или супер брзите, најнови Cfexpress.

EOS R3

Користете ја електронската бленда со блиц

За да ви помогне да балансирате дневна светлина и блиц дури и во светли услови, или да ги замрзнете главите на субјектите што се движат брзо, сега е можна синхронизација на блицот кога ја користите електронската бленда на фотоапаратот - и за Speedlites од Canon и кај студиски блицеви од трети страни.

EOS R3

„ПОТРЕБНА НИ Е БРЗИНА. НИ ТРЕБААТ БРЗИНА И ПЕРФОРМАНСИ. ЗАТОА ГО КОРИСТИМЕ ОВОЈ ФОТОАПАРАТ.“

Photographer looking down view finder

Canon има за цел да постигне нула нето емисии на CO2 од своите деловни активности до 2050 година

Оваа цел ќе ја постигнеме со просечна годишна стапка на подобрување од 3% на индексот за подобрување на емисиите на CO2 по производ. Доколку ја одржуваме стапката на подобрување, тоа би значело приближно 50% намалување на нивоата од 2008 година до 2030 година. Ова е во согласност со нивото на намалување утврдено со Парискиот договор.

Ќе продолжиме да ја ревидираме целта од долгорочна перспектива како начин на проверка на нашиот придонес за реализација на општество со мало ниво на емисии на јаглероден диоксид.

Споредба на EOS R3

Погледнете како EOS R3 се споредува со другите професионални фотоапарати на Canon со целосна слика.

Функција

EOS R FF

EOS R3

EOS R FF

EOS R5

Ефективни пиксели (прибл. MP)

24,1 мегапиксели
20,0 мегапиксели
45,0 мегапиксели

Вградена стабилизација на слика

Да, предност до 8 чекори во зависност од објективот што се користи 1
НЕМА
Да, предност до 8 чекори во зависност од објективот што се користи 1

Откривање субјекти

Лице, око, животно и возило
Луѓе
Тело, лице, очи, животно

AF при слаба осветленост

Чувствителност до -7,5 EV 2
Лувствителен на -4EV или -6EV со Live View 2
Чувствителност до -6 EV 2

Брзина на континуирано фотографирање (fps)

12 fps со Servo AF
30 fps со електронска, бесшумна бленда и Servo AF 3
195 fps со фиксен AF/AE
20 fps со механичка бленда, Servo AF
20 fps со електронска, бесшумна бленда и Servo AF
12 fps со Servo AF
20 fps со електронска, бесшумна бленда и Servo AF 3

Видеоснимки

6K 12-битен RAW (RAW/RAW light) до 60 fps
4K-видео до 120 fps
Full HD со максимум 240 fps
Внатрешно снимање со 10 бита, 4:2:2, Canon Log 3 / HDR PQ
All-I / IPB / IPB light компресија со 10 бита и 4:2:2 некомпресиран 4K-формат со 60p, 10 бита кон надворешен снимач
5,5K 12-битен RAW (RAW/RAW light) до 60fps.
4K-видео до 60fps
Целосно HD до 120fps
Внатрешно снимање со 10 бита, 4:2:2, Log 1 / Log 3 / HDR PQ [7] од Canon
All-I / IPB компресија со 10 бита и 4:2:2 некомпресиран 4K-формат со 60p, 10 бита кон надворешен снимач
8K-видео до 30fps
4K-видео до 120 fps
Целосно HD до 120fps
Режим на 4K-видеоснимки за забрзано прикажување
Внатрешно снимање со 10 бита, 4:2:2, Log 1 / Log 3 [7] / од Canon / HDR PQ
All-I / IPB / IPB light компресија со 10 бита и 4:2:2 некомпресиран 4K-формат со 60p, 10 бита кон надворешен снимач
8K-видео во целосна рамка или исечено 5K-видео ProRes
RAW снимено надворешно преку HDMI на
Atomos Ninja V+

Контролни вртливи копчиња

Главно вртливо копче
Вртливо копче за брза контрола 1
Вртливо копче за брза контрола 2
Повеќенаменски контролор за AF
Паметен контролор
Екран на горната страна
Главно вртливо копче
Вртливо копче за брза контрола
Повеќенаменски контролор за AF
Паметен контролор
Екран на горната страна
Главно вртливо копче
Вртливо копче за брза контрола 1
Вртливо копче за брза контрола 2
Повеќенаменски контролор за AF
Екран на горната страна

LCD екран

8 cm / 3,2 инчи
LCD екран исполнет со 4,15М точки
Екран на допир со променлив агол
8 cm/3,15 инчи
LCD-екран со 2,1 M точки
Фиксни објективи
8 cm/3,15 инчи
LCD-екран со 2,1 M точки
Екран на допир со променлив агол

Визир

Електронски визир од 0,5-тип
Тип 0,5
OLED-екран со 5,76 милиони точки
Растојание до окото од 23 mm / зголемување до 0,76x 4 Максимум 120 fps
Оптички визир
Растојание до окото од 20mm / зголемување до 0,76x
Електронски визир од 0,5-тип
OLED-екран со 5,76 милиони точки
Растојание до окото од 23 mm / зголемување до 0,76x
До 120 fps

Мрежа

5 GHz /2,4 GHz и Bluetooth™
Поддржани функции 5,0 - EOS Utility, паметен телефон, вчитување на image.canon, безжично печатење, порт за Ethernet
Вграден 2.4 Ghz Wi-Fi и Bluetooth™
Изборен безжичен предавател WFT-R10 од 5Ghz
Ethernet приклучок
Вградени 5 Ghz и 2.4 Ghz Wi-Fi и Bluetooth™ [9]
Изборен безжичен предавател WFT-R10

Тежина на куќиштето (вклучувајќи батерија и мемориска картичка)

1015 g
1440 g
738g

Отвори за картички

1x CFexpress type B
1x SD/SDHC/SDXC и UHS-II
2x CFexpress
1x CFExpress
1x UHS-II SD

Батерија

LP-E19
Полнење преку USB со PD-E1
LP-E19
LP-E6NH
Полнење преку USB со PD-E1

Издржливост на батеријата

620 слики (режим за заштеда на енергија EVF)
860 слики (режим за заштеда на енергија на LCD-екранот)
Фотографирање 2850 слики преку визир
Фотографирање 610 слики преку Live View
320 слики (режим за заштеда на енергија EVF)
490 слики (режим за заштеда на енергија на LCD-екранот)

  1. 8 чекори засновани на стандардот CIPA со RF 24-105mm F4 L IS USM со фокусна должина од 105mm.
  2. AF при најмала светлина е достапен со објективи f/1,2, централна точка на AF, AF при единечна снимка, на 23°C / 73°F, ISO 100) Освен RF објективи со облога за рамномерно дефокусирање (DS).
  3. При серво AF, само RF објективи и некои EF објективи може да се користат за континуирано снимање со максимална брзина. За детали за поддржаните објективи, погледнете ја официјалната веб-страница на Canon.
    Континуираната брзина на снимање може да се намали со објективот, брзината на блендата, отворот, блицот, обработката за намалување на треперењето, условите на предметот и осветленоста (на пример, кога снимате во темно место).
  4. Со објектив од 50 mm до бесконечност, -1m-1 dpt.
  5. Врз основа на CIPA-стандардот и со користење на батеријата што се испорачува со фотоапаратот, освен ако не е поинаку назначено. Во режим за заштеда на енергија.
EOS R3

Што содржи кутијата

  • Куќиште EOS R3

  • Мало капаче за око ER-h

  • Капаче ER-SC1 за приклучокот за дополнителна опрема (отпорно на прав и вода)

  • Капаче за фотоапарат R-F-5

  • Ремен ER-L1

  • Полнач за батерии LC-E19

  • Батерија LP-E19

  • Капак за батерија

  • Кабел за напојување (ЕУ)

  • Кабел за интерфејс IFC-100U (без јадро)

  • Штитник за кабел за интерфејс IFC-100U

  • Упатство за користење (ЕУ1)

Дополнителна опрема

  • Speedlite EL-5

    Моќен и напреден блиц со кратко време на обновување, одлична креативна контрола и неверојатни перформанси во секоја ситуација.
  • DM-E1D
    За чист, јасен дигитален звук, изберете повеќефункционален приклучен насочувачки стерео микрофон DM-E1D заради неговата сигурна функција и брз пристап до поставките преку ЛЦД-екранот на компатибилен фотоапарат.
  • Multi-Function Shoe Adapter AD-E1
    Со заптивки за сите временски услови, овој приклучок ги конвертира Speedlites со конвенционална 5-пински приклучок, за употреба кај фотоапарати со повеќефункционален приклучок.
  • Speedlite ST-E10
    Ултра-компактен предавател Speedlite кој нуди напредни безжични карактеристики и контрола до 15 компатибилни блицеви.
  • ER-He

    Заштитник за очи ER-hE

    Големиот вртлив заштитник за очи што може да се користи и за левото и за десното око, им овозможува на лицата со очила целосно да уживаат во контролата со очите фокусирајќи се на EOS R3.
  • EOS R3
    Поврзете го вашиот паметен телефон преку овој повеќефункционален приклучок за да уживате во извонредна интеграција помеѓу фотоапаратот и апликациите за нови можности во текот на работата.

Во рацете на професионалците

Дали Canon EOS R3 може да го долови малиот и молскавично брзиот морски пескар?

Италијанскиот фотограф за див свет Бруно Д'Амисис го тестира EOS R3, фотографирајќи ретка и неверојатно брза птица на плажите во Абруцо.

Одење во дивината со Canon EOS R3

„Има подобри перформанси од сè она со што работев во минатото! Фотографот на мото спортови Владимир Рис го испроба Canon EOS R3 при неговото прво фотографирање на рели со електрични автомобили.

Живот во брзата лента со супер-телефото објективите на Canon

Фотографот од мото спортови , Владимир Рис, ја фаќа брзината со објективите Canon RF 400mm F2.8L IS USM и RF 600mm F4L IS USM при фотографирање брзо рели со автомобили со Canon EOS R3.

Објаснување на AF со контрола со очи

Дознајте ги интерните детали за неверојатниот систем за AF со контрола со очи на Canon, кој ја поставува или ја менува точката AF преку детекција на она што го гледате.

Слични производи

  • EOS R5

    Променете ја вашата перспектива за фотоапаратите без огледало. Беспрекорните перформанси на EOS R5 ќе го подобрат начинот на кој фотографирате и снимате.
  • EOS R6

    Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат.
  • EOS-1D X Mark III

    Животот е полн со неповторливи моменти. Доловете повеќе такви моменти со EOS-1D X Mark III и раскажете ја вашата визуелна приказна на светот.