ПЕЧАТИ СЀ ЛЕСНО И ЗАБАВНО

Време е да ги извадиш сликите од телефонот

Смартфонот е секогаш со тебе и со него успеваш да ги снимиш сите убави, вредни, забавни и луди моменти што ти се случуваат. И што може да биде подобро од тоа да ги оживееме?

Со Canon минипечатачите, може да печатиш директно од телефонот и да ги претвориш фотографиите во долготрајни и емотивни спомени. Со нив, печатењето од телефонот е лесно, практично, а најдобриот дел е што тие можат да бидат со тебе насекаде.

Со Wi-Fi можеш да отпечатиш сè за неколку минути, а потоа да ја ослободиш имагинацијата и да го претвориш во кул подарок за пријател, декорација на ѕидот дома или албум со приказни.

ЗА НАЈДРАГОЦЕНИТЕ МОМЕНТИ

Животот е полн со приказни, како и твојот телефон. Отпечати ги твоите омилени со SELPHY Square QX10 џебниот печатач.

Претвори ги омилените фотографии од уникатните моменти со твоите најблиски луѓе во издржливи квадратни фотографии со прекрасен изглед и со кутија со натписи.

Создај убави и квалитетни фотографии со SELPHY Square QX10 серијата минипечатачи.

СЕКОГАШ СО ТЕБЕ

Zoemini S2 инстант фотоапаратот е доволно мал за да биде со тебе насекаде и лесно можеш да ја претвориш секоја приказна во фотографија и секоја фотографија во забавна, персонализирана налепница.

Со вградено огледало и прстенест блиц, Zoemini S2 ќе ги претвори твоите луди селфи фотографии во фотографии со професионален изглед. И ако ти снема хартија, можеш да ги зачуваш омилените фотографии во Micro SD-картичката за да ги отпечатиш подоцна.

Сними и печати приказни во движење со Zoemini S2

ПЕЧАТАЧ ЗА СИТЕ

Избери си го најсоодветниот печатач и извади ги фотографиите од телефонот!

КАДЕ МОЖАМ ДА КУПАМ?

Neptun
Pix Plus