Информации за компатибилност за дигитални компактни фотоапарати од Canon кои поддржуваат Wi-Fi

Дигиталните компактни фотоапарати од Canon кои се одликуваат со Wi-Fi¹ технологија нудат многу начини за поврзување и споделување на фотографии и видео снимки со други уреди и преку интернет. Оваа страница ги прикажува потребните спецификации за секој вид на поврзување, како и важните информации за користење на функцијата за Wi-Fi.

Табела за компатибилност со Wi-Fi

Функција Користење на директно поврзување
(пр. при поврзување кога сте надвор)
Користење на Wi-Fi пристапна точка
(пр. при поврзување на домашна Wi-Fi мрежа)
Испраќајте слики до друг фотоапарат
од Canon кој поддржува Wi-Fi
Достапно кај сите модели со Wi-Fi од Canon
Не е достапно

Поврзете се и споделувајте слики со паметни телефони или таблет уреди, додавајте GPS локации или фотографирајте далечински од мобилен уред со помош на бесплатната апликација CameraWindow на Canon. За информации за компатибилноста, посетете ги линковите подолу:



Достапно за:


Мобилни уреди со Apple iOS


Мобилни уреди со Android*

Достапно за:


Мобилни уреди со Apple iOS


Мобилни уреди со Android

Споделување на онлајн услуги:
Facebook™
Twitter™ 

irista
Flickr™
Google Drive™
YouTube™
Е-mail
CiG Online Album

(за споделување на интернет е потребен пристап до image.canon)

Кога го поврзувате фотоапаратот со кој било друг мобилен уред кој поддржува технологија за меѓусебна Wi-Fi врска/ мобилни hot-spot пристапни точки

(мобилните уреди треба да имаат пристап до мобилна мрежа за податоци. Можно е да бидат наплатени дополнителни трошоци.)

Достапно кај сите модели со Wi-Fi од Canon

Направете резервна копија од сликите на: 

irista
image.canon,
Flickr,
Google Drive,
компјутер

(за функцијата за архивирање е потребен пристап до image.canon)

Кога го поврзувате фотоапаратот** со кој било друг мобилен уред кој поддржува технологија за меѓусебна Wi-Fi врска/ мобилни hot-spot пристапни точки

(мобилните уреди треба да имаат пристап до мобилна мрежа за податоци. Можно е да бидат наплатени дополнителни трошоци.)

Достапно**

Поврзување со компјутер кој поддржува Wi-Fi Не е достапно

Достапно

Директно печатење на фотографии од печатач компатибилен со PictBridge преку безжична LAN мрежа Достапно*


Достапно*

* Не е достапно кај IXUS 510 HS и IXUS 240 HS.
** Не е достапно кај PowerShot S110, IXUS 510 HS и IXUS 240 HS.

Дополнителни информации

Поврзувања

Директната Wi-Fi врска го користи фотоапаратот како пристапна точка на која може да се поврзе целниот уред. Тоа му овозможува на фотоапаратот да се поврзе со други уреди со Wi-Fi, дури и кога нема достапна надворешна Wi-Fi пристапна точка.

Ако не користите директна Wi-Fi врска, фотоапаратот мора да се поврзе со Wi-Fi пристапна точка (пр. домашен безжичен LAN рутер за интернет) за да може да комуницира со други уреди со Wi-Fi.

Иако овие фотоапарати поддржуваат поврзување со Wi-Fi пристапни точки, тие не можат да се користат во безжични мрежи како што се јавни безжични hotspot локации за кои треба да користите веб-пребарувач за проверка на идентитет.

Безжичните врски за пренос на податоци (вклучувајќи и Wi-Fi) можат да бидат ограничени во одредени земји или региони. Користењето на функцијата Wi-Fi треба да биде во согласност со законите и правилата на државата и областа во која се употребува, вклучувајќи ги и сите ограничувања за користење на електроника.

Можете да испратите најмногу 50 слики во една постапка за испраќање. Доколку не е потребно пренесување на слики со целосна резолуција, достапна е опција за автоматско менување на големината на сликите. Исто така, можете да испраќате видео снимки чие вкупно време на снимање не надминува 2 минути.

Паметни телефони и таблет уреди

Постојат два начини за споделување на слики од овие фотоапарати со паметни телефони/таблет уреди:
A) Изберете ги сликите кои сакате да ги споделите преку екранот на фотоапаратот и ископирајте ги во галеријата за фотографии на паметниот телефон или
B) Користете ја апликацијата CameraWindow од Canon за пребарување на содржините во фотоапаратот преку екранот на вашиот паметен телефон и за избирање на сликите кои сакате да ги зачувате во галеријата за фотографии на паметниот телефон или да ги вчитате на интернет (само за Android).

Апликацијата CameraWindow од Canon мора да биде инсталирана за да можете да го поврзете фотоапаратот со паметен телефон. За преземање на апликацијата и компатибилност со уреди, ве молиме посетете го веб-сајтот:

Кај паметните телефони со Android (OS верзија 4.0 или понова) кои се компатибилни со NFC, при активирање на NFC и допирање на паметниот телефон наспроти ознаката N (NFC) на фотоапаратот ќе се активира Google Play на паметниот телефон. Откако страницата за преземање на CameraWindow
ќе се прикаже, преземете ја апликацијата и инсталирајте ја. По инсталацијата можете да користите NFC за активирање на апликацијата.

GPS преку мобилни уреди

Можно е да додавате локации на вашите фотографии снимени со компактен фотоапарат од Canon кој ја поддржува функцијата за GPS преку мобилни уреди. За да можете да ја користите оваа функција, мора да имате паметен телефон или таблет уред со GPS модул и апликацијата CameraWindow од Canon. Паметниот телефон/таблет уред може да се користи за следење на локациите додека снимате со фотоапаратот. Кога ќе завршите со снимањето, можете да ги синхронизирате локациите снимени во паметниот телефон со сликите во фотоапаратот преку Wi-Fi врска.

Далечинско фотографирање од паметен телефон

Контролирајте го фотоапаратот безжично преку вашиот паметен телефон на далечина до 5м, совршено за да бидете и вие дел од групните снимки со пријателите и семејството или, пак, за снимање на животот во дивината. Поврзете го фотоапаратот со вашиот паметен телефон преку Wi-Fi и контролирајте ја блендата, зумот, блицот и тајмерот со можност за прегледување во живо преку наменската апликација.

Вчитување на интернет од фотоапаратот

При поврзување со мобилен уред:
Некои мобилни уреди, вклучувајќи и паметни телефони, поддржуваат меѓусебна Wi-Fi врска или мобилни hot-spot пристапни точки. Тоа им овозможува да споделуваат мобилна мрежна врска за податоци со други уреди, меѓу кои и фотоапарати со Wi-Fi од Canon. Функцијата за моментално споделување на содржини од фотоапаратот при користење на меѓусебна врска е исто како да го поврзете фотоапаратот на стандардна Wi-Fi пристапна точка за интернет (погледнете подолу). Меѓусебната врска може да предизвика дополнителни трошоци од вашиот провајдер за мобилен пренос на податоци.

При поврзување со Wi-Fi пристапна точка:
За вчитување слики на веб-услуги преку фотоапаратот е потребен пристап до Wi-Fi пристапна точка за интернет и до image.canon. Сликите ќе се зачуваат во онлајн албумот на image.canon, а на вашата Facebook или Twitter сметка или преку е-mail порака ќе ви биде испратен линк до секој нов албум.
Кога споделувате на Facebook ќе можете да изберете дали сликата ќе се зачува само во Facebook, само во image.canon или и во двете локации.
Ако крајната цел е YouTube, видео снимките ќе се вчитаат и зачуваат директно на вашата YouTube сметка.
Сликите можат да се испраќаат и на вашите сметки на irista, Flickr и Google Drive.

image.canon

image.canon е онлајн услуга за споделување на фотографии и видео снимки. Нудејќи максимум 10 GB личен капацитет за складирање, таа е совршена за складирање на многу фотографии, дури и во целосна резолуција. Едноставниот интерфејс им овозможува на корисниците да пребаруваат слики, да создаваат комбинирани фотографии и видео албуми кои можат да добиваат коментари од пријатели, како и да споделуваат албуми директно преку e-mail и веб-сајтовите на социјалните мрежи. Фотоапаратите од Canon со можност за поврзување преку Wi-Fi ја користат услугата image.canon за да пристапат до разни веб-услуги, како што се социјалните мрежни услуги и е-mail клиентите, директно од фотоапаратот.

Архивирајте содржини на интернет или на компјутер (синхронизација на слики / испраќање преку сервер)

За архивирање на слики со помош на функцијата за синхронизација на слики или испраќање преку сервер, потребна е сметка на image.canon. Одредени слики можат да се архивираат на интернет (преку irista, image.canon, Flickr и Google Drive) и на определен компјутер.

Поврзување со компјутер

Фотоапаратот може безжично да се поврзе со компјутер, доколку и двата уреди се поврзани на истата Wi-Fi мрежа (пр. домашен Wi-Fi рутер). Компјутерскиот софтверот CameraWindow DC мора да се инсталира на компјутерот пред да се изврши поврзувањето.

Печатење од фотоапарат

Фотографиите од фотоапаратот можат безжично да се печатат на печатачи кои се компатибилни со PictBridge преку безжична LAN мрежа, вклучувајќи и одредени SELPHY и PIXMA печатачи од Canon.


- Wi-Fi е име на бренд кое означува сертификат за интероперабилност на безжични LAN уреди.
- Стандардите за компатибилност со безжични LAN мрежи се IEEE802.11 b, g и n (само фреквенција од 2,4 GHz). Режим на инфраструктура (компатибилност со WPS), ад-хок режим. Безбедност: WEP, WPA-PSK (AES/TKIP), WPA2-PSK (AES/TKIP).
- Информациите на оваа страница не важат за дигиталните безжични фотоапарати IXUS од Canon издадени во 2005 година.
Ознаката FLICKR е регистриран заштитен знак на Yahoo! Inc.