Canon PowerShot SX70 HS

Снимајте специјални моменти во неверојатен стил со PowerShot SX70 HS, најдобриот од палетата на хибридни модели од Canon што се одликува со DSLR-изглед и најнова технологија.

Одличен фотоапарат за...

Уште поголемо доближување

Приближете се уште повеќе со оптичкиот зум до 65x. Блиску или далеку - секогаш ќе добивате неверојатни детали и квалитет.

Создавање спомени

Создавајте драгоцени спомени од магичните моменти, без разлика дали станува збор за семеен одмор, специјална пригода или ден од секојдневниот живот.

Доловување на моментот

Снимајте прекрасни неочекувани портрети од луѓето што ги сакате, без да ја изгубите искрата од реалниот живот

DSLR изглед, фиксен објектив

Сè-во-едно уред што изгледа како DSLR уред, но со тежина и флексибилност како фотоапарат со фиксен објектив. Доловете сè, почнувајќи од детали во далечината па сè до макро снимки без да го менувате објективот.

Фокусирајте во далечина

Од широк агол до екстремно доближување - снимајте детали што се невидливи за човечкото око без да менувате објективи, независно дали сте оддалечени неколку метри или километри.

Формати 4k и RAW

Овозможете си лесна обработка по снимањето со фотографиите во RAW-формат или добијте остри JPEG-слики при самото снимање со фотоапаратот. Снимајте неверојатни видеозаписи со извонредно висока резолуција 4K и користете го влезот за висококвалитетни микрофони.

Брз и прецизен автоматски фокус

Сигурниот автоматски фокус на PowerShot SX70 HS овозможува лесно одвојување на заднината и објектите во предниот дел. Опција за континуиран автоматски фокус за снимање на најкратките моменти со врвни детали.

Спомени што траат доживотно, зачувани со совршени детали

Компактен сè-во-едно уред што ви нуди оптимално обликување на кадарот на интелигентен начин, независно колку се кратки моментите што ги доловувате.

Различни опции за поврзување

Правете резервни копии од сликите веднаш со функцијата за автоматско префрлување слики*. Функцијата за далечинско прегледување во живо ви овозможува да фотографирате, да го гледате приказот од фотоапаратот и да прилагодувате поставки преку мобилен уред.

Спецификации

  • Оптички зум до 65x

  • 20,3 мегапиксели

  • DIGIC 8

  • 4K видео

  • 10 fps

  • LCD екран од 7,5 cm со променлив агол

Што содржи кутијата

Дигитален фотоапарат PowerShot SX70 HS

  • Капаче за објектив

  • Ремен за на врат NS-DC11

  • Батерија LP-E12

  • Полнач за батерии LC-E12E

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење

Поврзани производи

  • PowerShot G3 X

    Уживајте во флексибилноста на овој хибриден фотоапарат со 25x зум кој е одличен и за фотографирање и за снимање.
  • PowerShot SX540 HS

    Патувајте и фотографирајте со овој хибриден фотоапарат со 50x зум и можности за поврзување кој е совршен за секоја авантура.
  • PowerShot SX60 HS

    Откријте ги деталите во дивината од далечина со овој фотоапарат со зум до 65x и кој нуди комбинација од забава и професионална контрола.