Откријте едноставен начин за складирање, гледање и споделување на вашите фотографии и видеоснимки во домот. Префрлете ги вашите најнови авантури со само еден допир на вашиот фотоапарат со NFC или вчитувајте и преземајте слики на едноставен начин од вашиот паметен уред преку апликацијата Connect Station. Потоа уживајте во нив на вашиот HD телевизор или споделете ги со пријателите и семејството преку интернет.
Вчитувањето слики од повеќе уреди е едноставно благодарение на можноста за поврзување на Connect Station преку NFC и Wi-Fi, апликацијата Connect Station за паметни уреди, USB приклучокот и отворите за мемориски картички. HDMI излезот ви овозможува да уживате во Full HD слики на вашиот телевизор. .
Складирајте фотографии и видеоснимки од вашиот фотоапарат и компјутер, како и фотографии од вашиот паметен телефон и други уреди во хард дискот на Connect Station со капацитет од 1TB.
Уживајте додека гледате Full HD слики, а потоа споделете ги на социјалните медиуми, Cloud или друг Connect Station на брз и едноставен начин.
Технологиите NFC и Wi-Fi овозможуваат лесно префрлување на вашите најнови фотографии и видеоснимки од фотоапарати или видеокамери со NFC од Canon во Connect Station со само еден допир. Увезувајте ги безжично постоечките слики од вашата колекција во компјутерот преку домашната Wi-Fi мрежа или искористете ги отворите за мемориски картички и USB приклучокот за да ги увезете најновите дела од повеќе уреди. Тоа значи дека може да уживате во сите ваши драгоцени моменти на големиот екран во домот за неколку секунди.
Преземете ја бесплатната апликација Connect Station за уреди со iOS и Android и поврзете се автоматски со вашиот паметен уред за брзо и лесно пребарување, префрлување и споделување датотеки. Преземајте и вчитувајте слики и видеоснимки* на интернет, а потоа гледајте ги и организирајте ги во Connect Station преку практичниот интерфејс, кој е оптимизиран и за таблет-уреди и за телефони.
Обединете ги сите фотографии и видеоснимки на едно место, благодарение на опциите за поврзување со повеќе уреди и хард дискот на Connect Station со капацитет од 1TB. Практичниот интерфејс овозможува едноставно организирање на фотографиите во албуми и гледање фотографии и видеоснимки. За поголема сигурност, може да направите резервна копија на надворешен хард диск од 1TB.
Споделувајте слики на социјални медиуми, Cloud или друг Connect Station
Споделувајте ги вашите фотографии и видеоснимки преку социјалните мрежи или друг Connect Station на брз и едноставен начин. Вчитувајте содржини на Cloud услуги или социјални медиуми како Flickr®, Facebook™ и Google™ за поедноставно споделување и правење резервни копии. HDMI излезот ви овозможува да уживате во Full HD слики на вашиот телевизор заедно со семејството и пријателите.
Пребарувајте. Изберете. Печатете. Connect Station се поврзува со вашиот безжичен печатач и ви овозможува да ги печатите сликите кои сакате да ги врамите или споделите со вашите пријатели. Едноставно гледајте ги вашите фотографии на телевизорот и изберете ги омилените кои сакате да ги испечатите.
* Споделувањето видеоснимки со апликацијата Connect Station ќе стане достапно на пролет 2017 година
Дознајте повеќе за функциите и можностите на Connect Station CS100.
Увезувајте фотографии и видеоснимки преку Wi-Fi и NFC
Испраќајте и примајте содржини од други Connect Stations
Секакви можности за поврзување
Меморија за складирање од 1TB
Компатибилни производи
Преминете на фотографирање со DSLR фотоапарати и уживајте во покреативна контрола со фотоапарат кој е едноставен за користење и нуди фотографии и видео снимки со одличен изглед.
Регистрирајте го вашиот производ и добивајте ажурирања и поддршка за сите ваши производи од Canon.