Компактни дигитални | PowerShot G7 X Mark III

Canon PowerShot G7 X Mark III

(Црна)

Идеален е за видеоблогери, блогери, видеоконференции и за сите кои објавуваат содржини на интернет. PowerShot G7 X Mark III ќе ви помогне да изгледате најдобро од сите со извонредни 4K-видеозаписи, голем сензор од тип 1,0 и фотографии со 20,1 мегапиксели - сето тоа сместено во уред со неверојатно пренослив дизајн што може да го носите насекаде.

Изберете боја

Пренесете ја вашата креативност

Комуницирајте со пријателите и семејството преку видеоконференции. Снимајте видеоблогови што ги надминуваат очекувањата и квалитетот што сте навикнати да го добивате од вашиот паметен телефон. Неверојатни 4K-видеоснимки, раскошни фотографии од 20,1 мегапиксели и фотографирање со голема брзина што ги замрзнува краткотрајните моменти.

Прекрасни видеозаписи што ќе им се допаднат на вашата публика

Снимајте пејзажи со 4K-острина. Снимајте спортови со забавени движења и големи стапки на слики до 120 fps. Поврзете надворешен микрофон за да снимате кристално јасен звук за вашите видеоблогови за патувања. Можностите со PowerShot G7 X Mark III се неограничени.

Создавајте содржини на ваш начин

PowerShot G7 X Mark III ви овозможува да бидете креативни на полесен начин. Без разлика дали снимате портрети, автопортрети, панорами или храна, сензорот со 20,1 мегапиксели ќе ви понуди извонредни резултати.

Истакнете се од конкуренцијата што користи паметни телефони

Привлечете го вниманието на вашата публика со мала длабочина на полето што ќе го нагласи вашиот субјект. Видеоснимките и фотографиите снимени при слаба осветленост се полни со детали и амбиентално чувство.

Дополнителни функции со ажурираниот фирмвер

Верзијата на фирмвер 1.3.2 нуди нов автоматски режим за видео што е идеален за снимање видеоблогови, со прецизно прилагоден автоматски фокус и автоматска експозиција. Mаркерите во вид на црно-бели ленти и маркерите за сооднос на видео на екранот, како и либелата во режимот за следење лица, се исто така нови и идеални за напредна контрола.

Canon има за цел да постигне нула нето емисии на CO2 од своите деловни активности до 2050 година

Оваа цел ќе ја постигнеме со просечна годишна стапка на подобрување од 3% на индексот за подобрување на емисиите на CO2 по производ. Доколку ја одржуваме стапката на подобрување, тоа би значело приближно 50% намалување на нивоата од 2008 година до 2030 година. Ова е во согласност со нивото на намалување утврдено со Парискиот договор.

Ќе продолжиме да ја ревидираме целта од долгорочна перспектива како начин на проверка на нашиот придонес за реализација на општество со мало ниво на емисии на јаглероден диоксид.

Брз и едноставен за употреба

Интуитивниот екран на допир се врти за да го олесни снимањето на видеоблогови и автопортрети. Прилагодете го нивото на контрола (многу или малку) по ваша желба со приспособливите контроли што се лесни за користење.

Одлично поврзување преку Bluetooth®*

Впарете го PowerShot G7 X Mark III со вашиот паметен телефон или таблет-уред за полесно споделување содржини на интернет. Користете ја апликацијата Canon Camera Connect за да можете сами да се снимате или фотографирате.

Технологија што ви нуди предности

Брзиот процесор DIGIC 8 ви овозможува да снимате фотографии со брзина до 30 fps - дури и во форматот RAW што нуди најголема флексибилност за уредување по снимањето.

Споредба

Куќиште на фотоапарат

PowerShot V1

PowerShot V1

PowerShot G7 X Mark II

PowerShot G7 X Mark II

PowerShot G7 X Mark III

PowerShot G7 X Mark III

PowerShot V10

PowerShot V10

Сензор

CMOS-сензор од 1,4 инч со 22,3 MP
CMOS од тип 1,0 со задно осветлување и 20,1 MP
CMOS од тип 1,0 со подредена структура и 20,1 MP
CMOS-сензор од 1 инч со 13,1 MP

Објектив

Еквивалентно на 3,1x 8,2-25,6 mm f/2,8
4,2x 24-100 mm еквив. f/1,8-2,8
4,2x 24-100 mm еквив. f/1,8-2,8
Еквивалент на 3,0x 19 mm f/2,8

Процесор за слика

DIGIC X
DIGIC 7
DIGIC 8
DIGIC X

Поврзување

Wi-Fi и Bluetooth
Wi-Fi и NFC
Wi-Fi и Bluetooth
Wi-Fi и Bluetooth

Континуирано фотографирање

15 fps механичка, 30 fps електронска
8 fps
20 fps со 30 fps во RAW-формат
Единечно фотографирање

Видеозаписи

60 fps 4K отсечено, 120 fps Full HD
60 fps Full HD
4K, 120 fps Full HD
30 fps 4K, 60 fps Full HD

Звук

Стерео микрофон и влез за микрофон од 3,5 mm
Стерео микрофон
Стерео микрофон и влез за микрофон од 3,5 mm
Стерео микрофон и влез за микрофон од 3,5 mm

Проследување

Проследување во живо на YouTube1
-
Проследување во живо на YouTube1
Проследување во живо на YouTube1

Екран

Екран на допир од 7,5 cm со променлив агол и 1,04 милиони точки
Екран на допир што се закосува од 7,5 cm со 1,04 милиони точки
Екран на допир што се закосува од 7,5 cm со 1,04 милиони точки
Екран на допир што се закосува од 5 cm со 460.000 точки

Бленда

Механичка макс. 1/2000, електронска макс. 1/16000
Механичка макс. 1/2000 сек.
Механичка макс. 1/2000 сек., бесшумна електронска 1/25600 сек.
макс. 1/2000 сек.

Дополнителни функции

Повеќефункционален приклучок, Canon Log 3
-
Панорама, 4K-видеоснимки со забрзано движење, зголемен приоритет на најсветли тонови, зголемена автоматска оптимизација на осветлувањето, полнење преку USB
Вграден држач, стерео микрофони

Издржливост на батеријата

400 снимки со едно полнење
240 снимки со едно полнење
265 снимки со едно полнење
290 снимки со едно полнење

Димензии

118,3 x 68,0 x 52,5 mm
105,5 x 60,9 x 42,0 mm
105,5 x 60,9 x 41,4 mm
63,4 x 90,0 x 34,3 mm

Тежина

426 g (вклучувајќи батерија и мемориска картичка)
Прибл. 319 g (вклучувајќи батерија и мемориска картичка)
Прибл. 304 g (вклучувајќи батерија и мемориска картичка)
211 g (вклучувајќи батерија и мемориска картичка)

Спецификации

  • 4K-видеоснимки и влез за микрофон од 3,5 mm

    Раскажете ја вашата приказна со видео

  • Full HD-видеоснимки со 120 fps

    Порамномерни и подетални забавени движења

  • 24 mm, зум до 4,2x

    Широкоаголен зум и f/1,8-2,8 во компактно куќиште

  • CMOS-сензор од тип 1,0 со подредена структура и 20,1 мегапиксели

    За врвен квалитет на слика

  • Екран што се закосува нагоре

    За автопортрети и фотографирање од низок агол

  • Bluetooth и Wi-Fi

    Постојано активна врска со вашиот паметен уред

  • Проследување во живо1 на YouTube1

    Поврзете се со мрежа и проследувајте во живо1 на вашиот канал на YouTube

  • Полнење преку USB

    Практично полнење каде и да сте

Нов фирмвер за усогласување со најновата директива за безбедност RED 18031 на ЕУ

Достапно е ново ажурирање на фирмверот со кое вашиот производ ќе се усогласи со стандардот EU EN 18031 од директивата за радиоопрема која важи за производи со Wi-Fi. Ова изборно ажурирање на фирмверот го оневозможува префрлувањето содржини на image.canon, како и проследувањето во живо на YouTube преку image.canon.
  • Редовното ажурирање на фирмверот на вашиот фотоапарат е добра практика. Преку ажурирање на фирмверот, Canon ви нуди нови функции, но во овој случај ажурирањето треба да се направи заради усогласување со новата регулатива за сајбер безбедност на ЕУ. Некои постари фотоапарати ќе изгубат одредени функции, главно за директно поврзување со image.canon преку Wi-Fi, а поновите фотоапарати ќе добијат повеќе функции за безбедност, како што е функцијата за PIN-код, која се додава заради усогласување со директивата за безбедност на ЕУ.

  • Не. Кај некои постари фотоапарати нема да биде достапно само поврзувањето со image.canon преку Wi-Fi. Поврзувањето преку Wi-Fi сè уште ќе биде можно, но и практично, на пример, за префрлување слики во вашиот паметен телефон. Исто така, за да префрлувате слики во image.canon ќе може да ја користите апликацијата Camera Connect.

  • Ве молиме проверете кои производи од Canon ги имате и користите, а потоа ажурирајте го фирмверот заради усогласување со директивата за безбедност на ЕУ. Прочитајте повеќе на оваа тема и дознајте кои функции ќе се променат со новиот фирмвер, а ние ви препорачуваме да пребарате на интернет за да дознаете повеќе за стандардот EU EN 18031 за сајбер безбедност.

Слични написи

Најдобриот компактен фотоапарат за создавање креативни содржини

Дознајте како PowerShot G7 X Mark III може да ви помогне да ја разбудите вашата креативна страна.

Креативно снимање видеоблогови со PowerShot G7 X Mark III

Ѕвездата на YouTube, „MikeVisuals“, открива како создава интересни видеоблогови со компактниот фотоапарат PowerShot G7 X Mark III од Canon и ги споделува неговите најдобри совети за снимање видеоблогови.

Што содржи кутијата

Сè што ви е потребно за доловување прекрасни детали додека патувате - додајте само мемориска картичка и торбичка за фотоапарати

  • Дигитален фотоапарат PowerShot G7 X Mark III во црна боја

  • Ременче за на зглоб WS-DC12

  • Батерија NB-13L

  • Полнач за батерии CB-2LHE

  • AC-кабел

  • Комплет со упатство за користење

#FreeYourStory

Бидете храбри. Изразете се. Бидете оригинални. Покажете ни го животот преку вашиот објектив. Без разлика дали преку фотографии, отпечатени материјали или видеоснимки, ние сакаме да ја видиме вашата уникатна перспектива на светот.

  1. За да бидат во согласност со регулативата за безбедност EU RED EN18031, производите кои се испорачуваат од август 2025 година ја немаат оваа функција. Потрошувачите кои купиле производ пред овој датум може да ја отстранат функцијата со изборниот фирмвер кој ќе стане достапен во јули 2025 година.