Без разлика на содржината што ја создавате, потребни ви се алатки коишто ќе ви помогнат да се изразите и да ја разбудите вашата креативна страна во секојдневниот живот. Во рамките на своето компактно тело, PowerShot G7 X Mark III од Canon нуди 4K-видео, сензор со 20,1 MP и екран на допир што се преклопува поради што претставува совршениот креативен придружник.
Без разлика дали сте видеоблогер, инструктор по јога, работите во канцеларија или сте родител или музичар, фотоапаратот со џебни димензии можете да го користите за видеоповици и безжично проследување во живо, како и за снимање на авантури во природа, дневни видеоблогови и фотографирање на вашите одмори. Со опциите како преносливост, разновиден широкоаголен објектив од 24 mm, можност за зумирање до 4,2x, напреден систем за стабилизација на сликата за снимање фотографии без потреси, како и вградената, интуитивна и практична технологија по којашто е препознатлив уредот, PowerShot G7 X Mark III од Canon ви овозможува да ги снимите и споделите важните мигови.
Тројца создавачи на содржина, инструкторката по јога и инфлуенсерка Sarah Malcolm, видеоблогерот и експертот за изработка на споменари Mei-Ying Chow и видеографот и фотограф Jamie James, ни откриваат како фотоапаратот им помага во споделувањето на нивната работа, живот и уметност на интернет.