A rock musician on stage at a festival plays the guitar. Photo by Ben Morse.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ФЕСТИВАЛИ

Костими, сонце и рокенрол: најдобри совети и техники за фотографирање фестивали

Без разлика дали ќе кампувате во шатор на фестивал со жива музика во текот на целиот викенд или ќе одите на концерт со пријателите, подгответе се за да ја доловите целата летна забава. Фестивалите и музичките настани имаат спектакуларни сцени, интересни костими и се разбира, неверојатни изведби што ја разубавуваат атмосферата. Затоа понесете го вашиот фотоапарат од Canon и следете ги овие најдобри совети од фотографот за фестивали за да снимите фотографии што ќе ги воодушеват вашите пријатели.

Ben Morse ја започна својата кариера како професионален фотограф за фестивали со само една е-порака. Тој беше надежен аматер кој сакаше да ги подобри своите вештини и го гледаше фотографирањето фестивали како начин да ја спои неговата љубов кон музиката со неговиот сè поголем интерес за фотографирање. „Тоа беа моите почетоци кога сакав да го проширам моето портфолио и да фотографирам многу повеќе, а не само музичарите. Фестивалите ми изгледаа како одлично место за да го направам тоа, па затоа го посетив 2000trees - мал и прекрасен рок фестивал во Челтнам, Англија - каде што очекував да го постигнам замисленото. Им пратив е-порака и тие одговорија „Да, ни се допаѓа твојата работа“. Всушност, ним толку им се допадна неговата работа што повторно го поканија следната година со паричен надоместок.

„Фотографирањето фестивали е многу позабавно од нивното посетување“, вели Ben. „Открив многу нова музика и ја чувствував креативната енергија на многу луѓе, што е многу возбудливо“. Различните услови за работа што ги наметнуваат фестивалите се совршена обука за почетниците - одлично место за усовршување на вашите вештини додека се забавувате.

Овде Ben ќе ги сподели своите совети за начинот на кој може да снимате покреативни фотографии преку искористување на вашето опкружување, барање невообичаени композиции и максимално искористување на зумот.

1. Застанете каде што нема други фотографи

„Една од одличните работи што ги научив при фотографирањето фестивали во изминатите години е дека се исплати да застанете каде што нема други фотографи“, вели Ben. „Едни од моите најомилени слики ги имам снимено кога стојам во публиката, а пејачот се симнал до оградата за публиката. Другите фотографии останаа на предвиденото место за медиуми бидејќи нивната пропусница важеше само за тоа место, но и не се потрудија да се поместат за да снимат подобри слики. Сакам да фотографирам од перспектива на посетителите бидејќи тоа е сликата што повеќето луѓе ја паметат. Моето присуство го сфаќам како работа и се движам низ луѓето за да ја почувствувам атмосферата“.

Овој совет не е наменет само за време на популарните изведби. Искористете го времето пред и по крајот на настапот за ги истражите разнобојните сцени околу локацијата каде што се одржува фестивалот. „На фестивалите може да фотографирате многу прекрасни работи. Секогаш има луѓе облечени во интересни костими кои шетаат наоколу. А според мене, ако носат костум значи дека сакаат да бидат видени, а уште повеќе ќе сакаат да бидат фотографирани. Нема да изгубите ништо ако ги прашате. Прашајте ги „Може ли да ве фотографирам? Изгледате прекрасно!“ Во повеќето случаи ќе кажат „Да“.

Слични написи
A group of friends pose holding sparklers, facing the camera with their faces illuminated by the sparkler light.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ЗАБАВИ

Бидете покреативни во фотографирањето забави

Сакате да ја доловите возбудата на забавите и прославите? Научете како да ги снимате овие весели моменти на креативни начини.

canon-get-inspired-10-tips-travel-photography

ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊА

10 совети за подобро фотографирање при патувања

10 начини за фотографирање за време на патувањата со поголема привлечност, вклучувајќи и најдобри подесувања за фотоапаратот за снимање фотографии за време на одморите и снимање невообичаени фотографии.

Men in blue jackets and bow ties pretend to play inflatable instruments in a field. Photo by Ben Morse.

2. Подгответе совршена опрема за фотографирање

Ако сакате да ги подобрите вашите вештини за фотографирање фестивали, тогаш PowerShot SX740 HS од Canon или EOS M50 од Canon ќе бидат вашите најдобри придружници на фестивалите. Моќниот оптички зум до 40x на компактниот PowerShot SX740 HS од Canon ќе ви помогне лесно да се префрлите од фотографирање на забавата со пријателите покрај вас на фотографирање на спектакуларниот настап на сцената во далечина. Освен тоа, со опциите за снимање 4K-видеоснимки ќе можете да ги снимите вашите омилени песни на прекрасен начин.

„Фотоапаратите PowerShot се одлична опција“, вели Ben. „Многу е практично да имате екран што се врти за да можете да го следите процесот. Практично е да имате и солиден зум за да ги доловите случувањата на сцената кога стоите во публиката“.

Прочитајте ги правилата за внесување опрема за фотографирање на фестивалите или настапите што ги посетувате пред да тргнете. На некои настани е дозволено да носите само компактен фотоапарат, а на некои може д биде дозволено да внесете фотоапарат без огледало или DSLR без легитимација за фотограф.

EOS M50 од Canon е компактен, а сепак доволно разновиден фотоапарат без огледало со сензор со DSLR-големина и 24,1 мегапиксели, моќен процесор DIGIC 8 и опција за снимање 4K-видео, со кој може да создадете незаборавни спомени со прекрасни бои и детали. Тој нуди автоматски режими за фотографирање што ги избираат правилните поставки наместо вас, како и рачни контроли што ќе можете да ги користите штом ги подобрите вашите вештини за фотографирање. Поврзувањето преку Wi-Fi ви овозможува лесно да ги споделувате вашите слики во паметни уреди преку апликацијата Canon Camera Connect. Освен тоа, екранот на допир со променлив агол на M50 ќе ви овозможи да фотографирате од сите агли - независно дали ќе се спуштите ниско за изведувачите да изгледаат повисоки или ќе застанете во агол за да добиете поширок приказ на случувањата.

Кога избирате објектив за употреба со EOS M50 од Canon, објективот EF-M 15-45mm f/3.5-6.3 IS STM од Canon што најчесто оди во комплет со фотоапаратот е висококвалитетен и повеќенаменски и може да се користи за широкоаголни и секојдневни фотографии, а има вградено и одлична стабилизација на слика.

Ben додава: „Ако сакам да се доближам повеќе, објективот EF-M 55-200mm f/4.5-6.3 IS STM од Canon има голем зум, а сепак е лесен и нуди одлични перформанси и стабилизација на слика. Големиот зум ќе ви овозможи да снимите одлични слики одблиску од инструментите и лицата на луѓето кои се на сцената. Со овие два објективи сте подготвени за сè“.

3. Опфатете ја целата сцена

За да снимите класична слика од сцената со сите членови на рок бендот во неа, Ben ви препорачува да користите помал отвор на блендата (поголем f-број) како f/4,5 или поголема вредност. На тој начин ќе добиете поголема длабочина на поле што ќе ви помогне целата сцена да биде во фокус.

A band play on an atmospheric stage at night, with smoke and blue light, and hands in the foreground. Photo by Ben Morse.

4. Не заборавајте на публиката

„Не треба целото време да го посветите на бендот“, советува Ben. „Не заборавајте да снимите неколку фотографии и од публиката. Ова е концерт со музика во живо. Во просторот за медиуми ќе има многу професионалци кои ќе снимаат слики одблиску од бендот, но вие ќе имате уникатна перспектива од која ќе можете да ја прикажете реакцијата на публиката. Може да прикажете како бендот влијае врз луѓето околу вас. Ако сакате да ги погледнете тие слики и да се сетите какви чувства предизвикал тој момент, најдобриот начин за тоа е да го погледнете бендот, а потоа да ги видите реакциите на лицата на луѓето околу вас“.

Или, пак, зошто не ги искористите вашите пријатели како модели? Додека разгледувате наоколу или чекате да почне музиката, фотографирањето на вашите пријатели е одличен начин за да вежбате да фотографирате и да го подготвите фотоапаратот. „Фотографирањето на пријателите е забавно, но оваа прилика можете да ја искористите и за правилно поставување на параметрите за решетката и ISO. Ако го искористите ова време за прилагодување на вашите поставки, тогаш ќе можете да се фокусирате на обликувањето на кадарот на вашите слики кога ќе започне музиката“.

A singer crowdsurfs in a tent, mic in hand. Photo by Ben Morse.

5. Зумирајте попаметно

Оптичкиот зум до 40x на PowerShot SX740 HS од Canon ви овозможува да се доближите до сите случувања на фестивалите. За да го искористите зумот максимално, Ben советува: „Обидете се да ги држите рацете колку што е можно постабилно кога фотографирате со голем зум. Не ги мрдајте рацете, чекајте го вистинскиот момент и оставете си доволно простор во кадарот доколку субјектот што го фотографирате - независно дали е пејачот, гитаристот или некој во публиката - ненадејно се помести, за да не ви пропадне фотографијата. Затоа не треба да зумирате премногу блиску; малку поширок кадар е многу попрактичен отколку да се доближувате премногу“.

Функцијата на PowerShot SX740 HS од Canon што ќе ви помогне брзо да зумирате и да се оддалечувате е функцијата за помош при обликување на кадарот. За да почнете да ја користите треба да го притиснете копчето за помош при обликување на кадарот на задната страна на фотоапаратот (лево од копчето за Wi-Fi) кој ќе одзумира и ќе го врати субјектот во фокус. Отпуштете го копчето и објективот автоматски ќе ве врати на зумираната положба.

Исто така, PowerShot SX740 HS од Canon е опремен со моќна стабилизација на слика која помага во намалување на ризикот од заматување на сликите поради тресење на рацете. Објективите EF-M 15-45mm f/3.5-6.3 IS STM од Canon и EF-M 55-200mm f/4.5-6.3 IS STM од Canon што Ben препорачува да ги користите со EOS M50 од Canon имаат вградена стабилизација на слика.

People in a festival audience hold up their hands as confetti showers down on them. Photo by Ben Morse.

6. Исклучете го блицот

„Не го користете вградениот блиц за фотографирање навечер кога стоите во публиката“, предупредува Ben. „Тоа премногу ќе ги осветли луѓето околу вас, создавајќи огромни бели точки во преден план и апсолутно ништо во заднина на фотографијата од бендот што се обидувате да го снимите од далечина. Освен тоа, ќе им пречи на сите околу вас. Имајте предвид дека бендот ја има осветлено сцената или арената на определен начин бидејќи сакаат да создадат таков ефект, па затоа треба да го користите тоа осветлување“.

7. Не заборавајте на балансот на белата боја

Условите на осветлување на фестивалите постојано се менуваат поради непредвидливите временски услови и различното осветлување на сцената. Зададените поставки на автоматскиот баланс на белата боја на вашиот фотоапарат ќе ви помогнат да се справите со овие промени, за боите секогаш да изгледаат природни и привлечни. „Кога бендот ќе излезе на сцената, таа најверојатно ќе биде поосветлена. Временските услови и периодот од денот влијаат врз поставувањето на балансот на белата боја, а флуоресцентното осветлување на сцената може да го збуни фотоапаратот“, вели Ben. „Не е срамота да фотографирате со автоматски баланс на белата боја, особено ако тоа ви помогне да добиете природни тонови на боите“.

PowerShot SX740 HS од Canon и EOS M50 од Canon имаат опција за автоматски баланс на белата боја, како и избор на однапред поставени параметри (како дневна светлина, сенка, облачно, вештачка светлина и флуоресцентна светлина). Тие нудат и одлична рачна контрола за да можете да експериментирате рачно со поставките за баланс на белата боја штом ќе се чувствувате подготвени за тоа. Само не заборавајте повторно да изберете автоматски баланс на белата боја кога ќе завршите. Исто така, EOS M50 од Canon ви овозможува да фотографирате во RAW-формат за да можете подоцна да го менувате балансот на белата боја на сликите со софтвер за уредување RAW-формати како што е Digital Photo Professional, преку таблет-уред или компјутер.

Независно од условите на осветлување, фотоапаратите од Canon можат да ви помогнат да добиете бои што ќе бидат прекрасни како и музиката!

Overhead shot of gig showing confetti exploding out from the stage and towards the audience. Photo by Ben Morse.

8. Експериментирајте со композицијата

„Пронајдете различни агли за гледање на истата работа“, вели Ben. „Спуштете се долу на земјата. Застанете и на повисоко место ако можете. Ако има изложено некои уметнички дела, тогаш застанете покрај нив бидејќи луѓето сакаат да ги сликаат. Така ќе можете да ги сликате луѓето што се движат околу нив. Може да фотографирате многу интересни работи. На еден фестивал снимив музичар кој вежбаше покрај дрва. Дрвата се вертикални линии што го привлекуваат погледот и затоа се природно фотогенични. Барајте слични облици и линии што најчесто се присутни на фестивалите бидејќи од нив се добиваат интересни фотографии“.

Ben додава дека користењето фотоапарат со вртлив екран - како екранот што се врти за 180° на PowerShot SX740 HS од Canon или екранот на допир со променлив агол на EOS M50 од Canon - можат многу да ви помогнат во пронаоѓањето креативни агли. „Мојот најстар трик е да се спуштам ниско на подот. Не мора да седнувате или клекнувате толку ниско ако имате екран што се закосува или врти - треба само да го држите фотоапаратот ниско“.

A guitarist practices among some trees. Photo by Ben Morse.

9. Доловете ги емоциите на публиката

Наместо да се нервирате кога луѓето пред вас мавтаат со рацете пред вашиот фотоапарат, зошто не се обидете да ги искористите овие детали? Плескањето со рацете може да ви помогне да ја пренесете атмосферата на настапот. „Ако сте во средината на просторот за публика, тогаш публиката изгледа како огромно море на лица и раце кои понекогаш се осветлени, понекогаш се половично осветлени, а понекогаш се само силуети“, вели Ben. „Ако стоите во средина и го чекате вистинскиот момент, тогаш може да снимите многу интересни слики ако експериментирате со овие силуети. Имав прилика во која едно момче пред мене плескаше со рацете. Гледав како се забавува и се обидов да фотографирам помеѓу неговите раце додека ракоплескаше за да го доловам бендот помеѓу две раце. Тоа беше забавен предизвик“.

За да снимите слика со раце како силуети и бендот во фокус, Ben ви препорачува да поставите висока вредност за ISO и голема брзина на блендата на фотоапаратот и да ја фокусирате сцената. Пронајдете ритам со блендата и обидете се да снимите серија слики помеѓу ракоплескањето. PowerShot SX740 HS од Canon и EOS M50 од Canon имаат режими за континуирано фотографирање што може да ги искористите за снимање групи од неколку слики во секунда.

„Не грижете се и не ги проверувајте сликите на лице место. Тоа може да го направите и дома. Ако сте го пропуштиле моментот нема поента да проверувате, а додека проверувате може да го пропуштите и следниот момент“, вели Ben. „Затоа фотографирајте со апаратот колку што е можно повеќе и бидете подготвени да следите сè што се случува околу вас. Ако сакате музика и сте си поминале супер, тогаш нема да ви биде проблем да проверите 500 фотографии откако ќе заврши настанот“.

A band perform on stage, with audience hands waving and clapping. Photo by Ben Morse.

10. Отпечатете ги вашите слики

„Една од работите што сакам да ги правам додека сум на турнеја е да носам мал инстант печатач со мене за да печатам слики од претходните ден-два и да им ги оставам во гардеробите на бендовите. Тоа им се допаѓа бидејќи не можат да го видат тоа што го гледам јас“, вели Ben.

„Ако одите на фестивал што трае неколку дена, ви препорачувам да понесете пренослив печатач Zoemini од Canon и да го чувате каде што престојувате. Печатете ги сликите што сте ги снимиле околу кампот и на некои од настапите, а потоа залепете ги околу вашиот шатор“, додава Ben. За да го користите печатачот треба да ги префрлите сликите што сакате да ги отпечатите во вашиот паметен телефон или таблет-уред (префрлувањето се врши преку модулите за Wi-Fi или Bluetooth на фотоапаратот што овозможуваат поврзување со апликацијата Canon Camera Connect). Потоа, отворете ја апликацијата Canon Mini Print за да ги отпечатите сликите директно од вашиот телефон преку Zoemini од Canon. Апликацијата Canon Mini Print ви овозможува и да додавате филтри, рамки, цртежи, текст и многу повеќе за да добиете забавни слики што вашите пријатели долго ќе ги паметат.


Напишано од Matthew Bowen

Слични производи

Слични написи

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники