Објективи за EOS M
Телефото објектив за зумирање со стабилизација на слика и STM, кој е совршен за доближување до далечните објекти.
Компактен објектив за зумирање за EOS-M фотоапарати кои ве доближуваат до случувањата. Стабилизацијата на слика спречува заматувања предизвикани од тресењето на фотоапаратот. Технологијата STM овозможува рамномерно и тивко фокусирање при снимање на видео снимки.
Погледнете ги сите спецификацииПриближете се поблиску до случувањата со вашиот EOS-M фотоапарат
Стабилизацијата на сликата ја задржува острината во сликите
Доволно компактен за да го носите насекаде
Рамномерно и речиси бесшумно STM фокусирање
Брзо прилагодување со прстенот за рачно фокусирање
Фотографирајте слики со одличен квалитет - полни со остри детали и богати бои
Приближувајќи ве до случувањата, EF-M 55-200mm f/4,5-6,3 IS STM е специјално дизајниран за EOS-M фотоапарати. Тој е совршен придружник за EF-M 18-55mm f/3,5-5,6 IS STM од Canon и ви овозможува да се приближите уште повеќе до далечните субјекти - идеално за животот во дивината, спорт и патувања.
За да обезбеди остра слика, EF-M 55-200mm f/4,5-6,3 IS STM се одликува со стабилизација на слика која го спречува заматувањето предизвикано од ненамерни движења при снимањето – познато како тресење на фотоапаратот. Брзината на блендата која може да се намали до 3,5 чекори од стандардната, ќе ви овозможи рачно фотографирање во услови со недоволна светлина.
Технологијата STM (чекорен мотор) овозможува брзо и прецизно фокусирање при фотографирањето, како и рамномерно и речиси бесшумно фокусирање при снимањето. Бидејќи движењата со STM се рамномерни и тивки, видео записите не содржат несакан шум предизвикан од фокусирањето и промени кои го одвлекуваат вниманието.
Софистицираните оптички материјали нудат фотографии кои се исполнети со остри детали, динамички контраст и богати бои. Насочете го вниманието кон вашиот субјект, така што ќе го изолирате наспроти рамномерно заматена заднина.
Прстенот за рачно фокусирање овозможува прецизно прилагодување на фокусот на брз и едноставен начин во секое време. Најкраткото растојание за фокусирање од 1 метар е одлично за моќни портрети и врвни детали при снимање одблиску.