EOS M50 Mark II

Фотоапарати без огледало

Canon EOS M50 Mark II

Преминете на подобра опција од вашиот паметен телефон и создавајте најдобри содржини, почнувајќи од видеоблогови и проследувања во живо па сè до автопортрети и фотографии.

Фотографирајте. Снимајте видеоблогови. Проследувајте.

Погледнете како инфлуенсерот на социјални медиуми Matt Adlard го користи EOS M50 Mark II за да се поврзе со својата публика: проследување во живо и снимање одлични видеоснимки и фотографии.

Спецификации

  • Влез за надворешен микрофон од 3,5 mm

    Снимајте неверојатен звук со надворешни микрофони

  • Сензор APS-C со 24,1 мегапиксели

    Одличен квалитет на слика и мала длабочина на полето

  • Full HD-видео со 60p

    Со Dual Pixel AF за рамномерно фокусирање

  • 4K-видеоснимки и вертикални видеоснимки

    За проектите коишто ви значат

  • Проследување во живо на YouTube1

    Проследувајте во живо до вашата публика преку секоја Wi-Fi-мрежа

  • Автоматско конвертирање на видеоснимки

    Префрлувајте ги брзо видеоснимките од вашиот фотоапарат во вашиот лаптоп или мобилен уред

  • Може да се користи како веб-камера

    Со бесплатен EOS Webcam Utility за неверојатен квалитет на слика

  • Одлични перформанси при слаба осветленост

    AF при многу слаба осветленост до -4EV и фотографирање со ISO 25.600

  • Континуирано фотографирање со 10 fps

    Снимајте динамични движења и краткотрајни моменти

Како ќе го користите вашиот?

  • СНИМАЊЕ ВИДЕОБЛОГОВИ

    Снимајте ги вашите видеоблогови на професионален начин

    Оставете одличен впечаток кај вашата публика

  • ФОТОГРАФИЈА

    Социјални медиуми

    Раскажете сопствена приказна со врвни фотографии за вашиот блог или социјални медиуми

  • ПРОСЛЕДУВАЊЕ ВО ЖИВО

    Емитувајте низ целиот свет

    Проследувајте во живо на YouTube директно од вашиот EOS M50 Mark II преку која било Wi-Fi-мрежа1

  • ПАТУВАЊЕ

    Вашиот компактен и креативен придружник со врвни перформанси

    Пренослив и опремен со креативни функции, EOS M50 Mark II е идеален придружник за патување

Canon Camera

Паметна технологија за прекрасни слики и видеоснимки

Уживајте во подобри перформанси независно што снимате и на кој начин снимате. Неверојатен квалитет на слика со мала длабочина на поле и видеоснимки со звук што е подеднакво добар како и нивниот изглед. Паметната технологија на EOS M50 Mark II ќе ви овозможи да бидете креативни.

Canon Camera

Континуирано фотографирање со 10 fps

Снимајте брзи движења и краткотрајни моменти

Canon Camera

Автоматски фокус дури до -4EV

Фокусирајте во потемни услови од месечевата светлина

Canon Camera

Интелигентен автоматски режим

Зголемете го или намалете го нивото на контрола врз техничкиот аспект на фотографирањето по ваша желба, почнувајќи од целосна автоматска контрола па сè до целосна рачна контрола - и многу нивоа измеѓу

Екранот со променлив агол ви овозможува да фотографирате како што сакате

EOS M50 Mark II има екран на допир со променлив агол за да можете да фотографирате креативно од различни агли - може да го завртите и кон вас кога снимате автопортрети или видеоблогови. Контролите на екранот на допир, како што е AF на допир, го олеснуваат снимањето автопортрети.

Лесен и компактен

Пренослив и креативен придружник со врвни перформанси! Куќиштето на EOS M50 Mark II има димензии од 116,3 x 88,1 x 58,7 mm и тежи само 387 g2, а сепак ќе ја понуди сета моќ и паметна технологија што ви е потребна за снимање на вашите најдобри содржини досега - независно каде се наоѓате.

Зголемете ја креативноста

Менувајте објективи за да ја промените перспективата. EOS M50 Mark II може да ги користи нашите EF-M-објективи, а компатибилен е и со повеќе од 70 објективи од сериите EF и EF-S со користење на адаптерот за монтирање објективи EF-EOS M од Canon. Поврзете надворешен микрофон во приклучокот од 3,5 mm за да снимате извонреден звук или користете Speedlite за креативно осветлување.

СНИМАЊЕ ВИДЕОБЛОГОВИ

Емитувајте во живо за целиот свет

Проследувајте видео со врвен квалитет во живо и директно на YouTube преку Wi-Fi1 - не е потребен компјутер. Или, пак, приклучете го HDMI-излезот на фотоапаратот во картичка за снимање во живо. EOS M50 Mark II може да се користи и како одлична веб-камера, со помош на нашиот софтвер EOS Webcam Utility.

ВИДЕОГРАФИЈА

Професионални видеоснимки со кои ќе се истакнете од конкуренцијата

Кога снимате видеоматеријали што сакате да ги уредите, EOS M50 Mark II ќе ви овозможи да снимите неверојатни видеоснимки и звук што ќе им се допаднат на вашата публика.

Canon Camera

Автоматски фокус на лице/очи

Кога се снимате самите, или некој друг, автоматскиот фокус на лице/очи и Dual Pixel CMOS AF ќе се погрижат да изгледате остро дури и ако се движите, па затоа може да се движите нормално.

Canon Camera

Тајмер за видео

Нашата функција за тајмер за видео му овозможува на фотоапаратот да почне да снима кога ќе бидете подготвени, а не кога ќе посегнете да го притиснете копчето за снимање.

Canon Camera

Автоматско конвертирање

Конверзијата на видеоснимките од еден формат во друг е важен дел од подготвувањето на содржините за гледање на интернет. EOS M50 Mark II ја врши оваа конверзија додека ги префрла снимените материјали кон вашиот паметен уред, а тоа значително го забрзува вашиот работен процес

Canon Camera

Canon има за цел да постигне нула нето емисии на CO2 од своите деловни активности до 2050 година

Оваа цел ќе ја постигнеме со просечна годишна стапка на подобрување од 3% на индексот за подобрување на емисиите на CO2 по производ. Доколку ја одржуваме стапката на подобрување, тоа би значело приближно 50% намалување на нивоата од 2008 година до 2030 година. Ова е во согласност со нивото на намалување утврдено со Парискиот договор.

Ќе продолжиме да ја ревидираме целта од долгорочна перспектива како начин на проверка на нашиот придонес за реализација на општество со мало ниво на емисии на јаглероден диоксид.

Photographer looking down view finder

EOS M50 Mark II

EOS M50 Mark II

PowerShot G7 X Mark III

PowerShot G7 X Mark III

Големина на сензор

APS-C со 24,1 мегапиксели
Сензор од тип 1,0 со подредена структура и 20,1 мегапиксели

Full HD-видео

до 60 fps
до 120 fps

4K-видео

до 25 fps (со отсекување)
до 30 fps

Автоматски фокус

Да (Dual Pixel CMOS AF3)
Да

Процесор на слика

DIGIC 8
DIGIC 8

Вграден ND-филтер

Не
Да

Заменливи објективи

EF-M и EF/EF-S со адаптер
Не

Дигитална стабилизација на слика

Да
Да

Влез за надворешен микрофон

Да
Да

Снимање стерео звук

Да
Да

Подвижен екран

Променлив агол
Екран што се закосува

Екран на допир

Да
Да

Информативен кориснички интерфејс

Да
Не

Тежина (со картичка и батерија)

387 g (црна боја), 388 g (бела боја)
304 g

Wi-Fi

Да
Да

Bluetooth

Да
Да

Canon Camera

ПОВРЗУВАЊЕ

Поврзете се, останете поврзани

Вашиот EOS M50 Mark II може да комуницира со различни уреди и услуги. Префрлувањето фотографии и видеоснимки во други уреди никогаш не било толку едноставно, а тоа значи дека ќе можете да споделувате содржини брзо и едноставно како никогаш досега.

Што содржи кутијата

Сè што ви е потребно за да снимите фантастични содржини за вашата публика на интернет

  • EOS M50 Mark II

  • Капаче за куќиштето R-F-4

  • Ремен за на врат EM-200DB

  • Полнач за батерии LC-E12E

  • Батерија LP-E12

  • Упатство за користење

Слична дополнителна опрема

  • Аудио

    Стерео микрофон DM-E100

    Снимајте одличен звук без напор со мал стерео микрофон што се приклучува едноставно и секогаш е подготвен за снимање.
  • Статив

    Tripod Grip HG-100TBR

    Фотографирајте подолго со поголема стабилност и креативна флексибилност благодарение на овој уникатен статив со држач и отстранлив далечински управувач.
  • Објективи за EOS M

    Mount Adapter EF-EOS M

    Прикачете ги сите EF објективи на вашиот EOS M, без загуби во квалитетот или брзината, преку овој лесен адаптер за монтирање.
  • Енергија

    DR-E12 DC Coupler

    Поврзете го вашиот EOS M-фотоапарат со AC-адаптер за струја.
  • Слични написи

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ХРАНА

    Рецепт за успех: ви го претставуваме Canon EOS M50 Mark II

    Самоукиот пекар и ѕвезда на социјалните медиуми Matt Adlard го пробува EOS M50 Mark II.

  • СНИМАЊЕ ВИДЕОБЛОГОВИ

    Како да станете видеоблогер

    Започнете и создавајте квалитетни видеоблогови со нашите совети за снимање видеоблогови за почетници.

  • СТАТИЈА

    Тајни за успешни видеоблогови

    Познатите видеоблогери The Michalaks ги споделуваат нивните техники и откриваат како фотоапаратите и објективите од Canon им помагаат во создавањето на нивниот многу популарен видеоблог.

  • СТАТИЈА

    Laura Bingham: освојување на реката Есекибо

    Авантуристот Laura Bingham го предводеше првото спуштање по реката Есекибо досега и сними видеоблог од авантурата со PowerShot G7 X Mark II.

  • Слични производи

  • Компактни дигитални

    PowerShot V10 (Black)

    Истакнете се на интернет, но бидете дискретни кога снимате со сè-во-едно камерата за снимање 4K-видеоблогови од Canon со џебна големина.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS RP

    Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS M6 Mark II

    Пренослив и моќен фотоапарат без огледало со резолуција од 32,5 мегапиксели и брзина на континуирано фотографирање до 14 fps.
  • Компактни дигитални

    PowerShot G7 X Mark III

    Фотоапарат со опции за поврзување што снима извонредни видеоснимки и фотографии што ќе им се допаднат на вашите следбеници.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS M200

    Комбинација од DSLR-квалитетот и практичноста на паметните телефони во паметно куќиште кое може да го понесете каде и да одите. Снимањето извонредни фотографии никогаш не било полесно и позабавно.
  • Пријавете се веднаш

    Добијте инспирација, пријавете се веднаш

    Не пропуштајте ги никогаш најновите понуди од Canon, совети и водичи, вести и покани за локални настани.
    1. Потребна е безжична мрежа поврзана на интернет со брзина од најмалку 6 Mbs и сметка на YouTube со најмалку 1000 претплатници
    2. Црна верзија. Вклучува батерија и мемориска картичка
    3. Функцијата Dual Pixel CMOS AF не е достапна при снимање во 4K