Кога ги обликувате вашите фотографии, Diana објаснува дека е важно да размислите што планирате да правите со сликата и да ја приспособите композицијата соодветно на тоа. На пример, портретите објавени на Instagram треба да имаат сооднос на слика од 4:5. Снимено со EOS R10 од Canon и објектив RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon со избрани 1/200 сек., f/1,8 и ISO200. © Diana Millos
Шпанската инфлуенсерка и фотограф Diana Millos почнала да патува за да присуствува на музички фестивали и концерти. Тоа во неа побудило љубов кон авантурите, што набрзо прераснала во целосна кариера како професионален фотограф за патувања и блогер со над 140 илјади следбеници на Instagram.
Овде, Diana, чии најнови потфати вклучуваат патувања во Куба и Шпанија, ги споделува своите најдобри 10 совети за фотографирање при патувања благодарение на кои ќе може да снимате извонредни фотографии додека истражувате нови локации.