ФОТОГРАФИРАЊЕ СВАДБИ
Создадете го вашиот свадбен албум
Создавањето свој свадбен албум може да биде многу пријатно искуство. Дознајте како со нашите стручни совети.
ФОТОГРАФИРАЊЕ СВАДБИ
Сите сакаат свадбата да им биде специјална, а тоа често значи смислување креативни идеи за изразување на нивниот карактер или забавни начини за вклучување на гостите во прославата. „Интимните или микро свадби стануваат сè попопуларни бидејќи се многу приспособени според стилот и карактерот на парот“ - вели Carrie Schwab, главниот уредник на Junebug Weddings, ресурс за планирање свадби наменет за креативни парови. Независно дали станува збор за домашно отпечатени покани, знаменца, книги за коментари од гостите или други задолжителни сувенири, постојат многубројни начини за да внесете сопствени елементи во вашата свадба преку печатење материјали пред, за време на и по свадбата.
Најголемите трендови во 2019 година беа мешани метални нијанси, графика со геометриски форми и меки пастелни бои, но Carrie предвидува премин кон поедноставни дизајни во 2020 година. „Минимализмот е многу популарен сега“ - вели таа. „Многу парови започнуваат да пребаруваат на интернет со зборовите „едноставна свадба“, а потоа дополнуваат за што се заинтересирани. Дебели и чисти линии и црно-бели тонови“.
Ако минимализмот не е за вас, тогаш другиот тренд за 2020 година се лисјата, почнувајќи од деликатни лисја од палма па сè до бујни тропски лисја. Canon PIXMA TS9551C има 45 вградени шаблони што може да ги искористите за вашите покани и поддржува хартија за картички од 12x12 инчи, како и двострана мат хартија од 7x10 инчи што се испорачува во пликови. „Исто така, употребата на домашниот печатач може да им ги намали трошоците на паровите“ - додава Carrie.
Ако планирате да имате кабина за фотографирање на свадбата, зошто не направите сопствени реквизити? Пронајдете одлични идеи на Creative Park, бесплатниот извор на материјали за модели од хартија од Canon што може да ги печатите со Canon PIXMA TS9551C. Комплетот реквизити за кабини за фотографирање (за свадби) содржи круна, смешни очила и знаменца за смешни слики. Или, пак, може да создадете сопствени знаменца за господин и госпоѓа што може да ги закачите во локацијата каде што ќе се одржува свадбата. Сите шаблони се испорачуваат со јасни инструкции за начинот на кој може да ги составите.
Подгответе знаци и картички со имиња за да им помогнете на гостите да си го пронајдат местото, се разбира со помош на апликацијата Creative Park. Преземете ги шаблоните и отпечатете ги врз мат фотохартија во A4-формат.
Надоврзувајќи се на темата за приспособено доживување, зошто не ја надополните прославата со отпечатени материјали, односно фотографии од инстант фотоапаратите како што е Canon Zoemini S2. Неговото вградено огледало и прстенесто светло се совршени за автопортрети, а неговата можност да се поврзе со апликацијата Canon Mini Print и да ги користи нејзините функции за тајмер и далечинско фотографирање се идеални за фотографирање поголеми групи на луѓе. Оставете Canon Zoemini S2 на посебна маса и поканете ги сите гости да се сликаат со него. Охрабрете ги гостите да стават рамка, да активираат филтер или да додадат сопствен цртеж за да се добие чувство на оригиналност. Или, пак, замолете ги да ги печатат фотографиите во квадратен формат за да можат да додаваат смешни коментари или лични забелешки во долниот дел на отпечатените материјали.
Украсете колаж со налепници во вид на панделки што ќе ги отпечатите од Creative Park и исполнете го со фотографии од гостите за да добиете специјален споменар за паметење.
Користете Canon Zoemini S2 или пренослив печатач Canon SELPHY Square QX10 за да направите сопствени украси. Замолете ги гостите да ги прикачуваат нивните фотографии на панделки што ќе ги закачите на дрвата украсени со светилки или да ги закачуваат на долг конец што ќе го закачите на дрвени палети. „Паровите сакаат да го истакнат карактерот или „брендот“ на нивната свадба“ - вели Carrie. „Домашно направените украси и други елементи стануваат сè попопуларни“.
Canon PIXMA TS9551C може да отпечати фотографија од 4x6 инчи за само 21 секунда со мастила што создаваат многу детални слики со век на траење до 100 години доколку се чуваат во албум, за да можете да изберете омилени фотографии што ќе ги споделите со пријателите и роднините или ќе ги ставите во рамка и ќе ги закачите во домот. Печатете, скенирајте и копирајте без напор преку вашиот паметен уред со апликацијата Canon PRINT или, пак, печатете без дополнителни апликации благодарение на компатибилноста со AirPrint (iOS) и Mopria (Android).
Напишано од Natalie Denton
Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.
Назад до сите совети и техникиФОТОГРАФИРАЊЕ СВАДБИ
Создавањето свој свадбен албум може да биде многу пријатно искуство. Дознајте како со нашите стручни совети.
ФОТОГРАФИРАЊЕ СВАДБИ
Направете незаборавни фотографии од среќната двојка на правилен начин.
ОСНОВИ НА УРЕДУВАЊЕ
Подобрете ги вашите фотографии од посебни прилики со овие едноставни совети за уредување фотографии.