„Создавањето албуми со фотографии коишто самите ги печатите може да биде особено пријатно искуство“, вели наградуваната фотографка за свадби, Hannah Millard. „Можете да создадете и специјални персонализирани албуми и да им ги подарите на семејството и пријателите.“
Успешниот свадбен албум ја раскажува приказната од заедничкиот ден којшто се случува еднаш во животот и ги чува скапоцените спомени за следните генерации. Сепак, изработката на свадбен албум од страна на професионалец може дополнително да го оптовари буџетот за свадбата, со што двојката може да ја пропушти неверојатната шанса да ги зачува спомените од посебниот ден. Зошто да не си го направите самите?
Hannah Millard, позната и како Camera Hannah, фотографира свадби од 2010 година и обожава да ги доловува емоциите коишто се раѓаат при магичните моменти. Носител е на меѓународни признанија, како и добитник на низа награди за својата работа којашто ќе ја одведе од родниот крај во Дарбишир, Англија, до егзотични локации низ целиот свет. Одржува и часови по фотографија, целодневни работилници и менторски сесии коишто се одвиваат на интернет или со физичко присуство, а обожава да се занимава и со креативни изработки и себеси се смета за тежок „гик“. Во продолжение, Hannah споделува совети за двојките коишто сакаат самите да создадат свој уникатен свадбен албум.