Водена сензација
Canon Water Challenge е за креативни умови кои сакаат да се забавуваат и да пробаат нешто ново.
Прифатете го предизвикот кој го постави Canon амбасадорот Lorenz Holder и добијте можност да освоите комплет Canon R10 во вредност од над 1.000 €, а исто така ќе имате можност да освоите патување во Истанбул и да учествувате во ексклузивна работилница за фотографија под менторство на самиот Lorenz Holder.
Победници на предизвикот Water Challenge на Canon се…
2. Konstantinos Migkos
3. Vlado Pirša
THE BRIEF
Доловете фотографија со вода
Гледајте го Canon амбасадорот Lorenz Holder, додека го открива овогодинешниот предизвик: Водена сензација. Направете ја вашата фотографија со вода, течност со бесконечни креативни можности.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО НАШИОТ СУДИЈА
Lorenz Holder
Наградуваниот фотограф на Multi Red Bull Illume, Лоренц, со седиште во Фрајзинг, Германија, е специјализиран за фотографии од акциони спортови во комбинација со пејзажна и архитектонска фотографија.
ГАЛЕРИЈАТА
Видете некои од неверојатните фотографии
Наградата
Еве што би можеле да освоите
Победете на Canon Water Challenge и ќе си заминете со пакет EOS R10 и RF-S 18-45mm 4.5/6.3 IS STM. Ќе освоите и екслузивно патување во Истанбул како и можноста длабоко да нурнете во светот на фотографијата со лична менторска сесија со самиот Lorenz Holder.
Правилата
Што треба да проверите пред да ја поднесете вашата фотографија
Фотографијата треба да го одразува предизвикот, тоа значи да се долови вода во која било форма, со или без човечки субјекти. Станува збор за споделување приказна поврзана со водата. Вашата победничка фотографија треба да биде креативна, влијателна и со содржина. Исто така, фотографијата не смее да биде премногу уредувана или изменета.
За крај, забавувајте се креирајќи.
Добијте инспирација
-
Најдобри совети за фотографирање вода
Без разлика дали тече, паѓа, прска или мирува, откријте како да доловите вода со овие 5 експертски совети.
-
Обликот на водата
Canon амбасадорот Lucia Griggi го надмина стравот, фрустрацијата и загубата, за да создаде свои бранови и да стане наградуван фотограф за акција и сурфање.
-
Слушајте ја водата
Младиот режисер Nicolai Deutsch, зборува за својата страст кон океанот и подводната кинематографија.