Мемориска картичка SanDisk Extreme SDHC UHS-I C10, 32 GB
Складирајте и префрлувајте фотографии и 4K-видеозаписи со голема брзина.
Најлесниот DSLR-фотоапарат во светот со подвижен екран*, класично ракување и најсовремена технологија. Снимањето одлични фотографии и 4K-видеоснимки е едноставно, а фотоапаратот комуницира интуитивно со паметни уреди.**
Во преносливото куќиште на EOS 250D е вграден сензор со 24,1 мегапиксели и процесор за слика DIGIC 8 за врвни резултати во движење. Оптичкиот визир нуди јасен приказ од светот во реално време.
Резолуц.
од 24,1 MP
DIGIC 8
Процесор
4K
Видеоснимки
3,0 инчи
Екран на допир
Оптички
Визир
Безжично поврзув.
Bluetooth и Wi-Fi
Како најлесниот DSLR-фотоапарат во светот со подвижен екран*, EOS 250D може да го носите на повеќе места и многу почесто со вас, за да добивате врвни резултати во секоја креативна прилика.
Снимајте фотографии со 24,1 мегапиксели и 4K-видеоснимки со неверојатна острина и извонредни бои. Сензорот со APS-C-големина и процесорот DIGIC 8 овозможуваат одлични резултати дури и при слаба осветленост.
Споделувањето слики со семејството и пријателите е едноставно - треба само да го поврзете EOS 250D со вашиот паметен телефон или таблет-уред* преку Bluetooth** и вградениот Wi-Fi во фотоапаратот ќе го направи останатото.
Без разлика дали го снимате моментот со 5 fps преку оптичкиот визир или користите Dual Pixel CMOS AF со прегледување во живо и автоматски фокус за очи, несомнено ќе добиете неверојатно остри резултати.
Уживајте во едноставно насочување и фотографирање, со информативен кориснички интерфејс и режим за креативна помош што ќе ви помогнат да ја изразите вашата креативност.
Подвижниот екран на допир го олеснува снимањето од тешки агли и снимањето автопортрети.
Разгледајте што друго може да купите веднаш
Фотографии со висока резолуција
од 24,1 мегапиксели
Оптички визир
Гледајте ги случувањата во реално време
4K-видеоснимки
Неверојатна острина
Dual Pixel CMOS AF
Извонреден AF при прегледување во живо
Подвижен екран
Снимајте автопортрети и снимајте од креативни агли
Информативен кориснички интерфејс
Дознајте повеќе за вашиот фотоапарат додека фотографирате
Wi-Fi и Bluetooth®**
Безжично поврзување со паметни уреди
Креативна помош
Користете поинакви перспективи и подобрете ги вашите фотографии
*250D (црна/сребрена боја) е најлесниот дигитален фотоапарат во светот со вграден објектив, сензор со APS-C-големина и подвижен LCD-екран. Вклучувајќи батерија и мемориска картичка, согласно CIPA-стандардите. Почнувајќи од 9 април 2019 год. (истражено од компанијата Canon).
**Паметниот уред треба да биде опремен со Bluetooth верзија 4.0 (или понова). Исто така, паметниот уред треба да го користи оперативниот систем iOS 8.4 (или понов) или Android 5.0 (или понов)
***Зборот, ознаката и логото на Bluetooth® се регистрирани заштитни знаци во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое користење на тие знаци од страна на Canon Inc. е дозволено со лиценца. Другите заштитни знаци и заштитни имиња им припаѓаат на нивните сопственици.
Сè што ви е потребно за да го доловите моментот на специјалните пригоди - додајте само мемориска картичка и торбичка за фотоапарати
Куќиште на дигиталниот фотоапарат EOS 250D
Заштитник за очи EF
Капаче за фотоапарат R-F-3
Широк ремен EW-400D-N
Полнач за батерии LC-E17E
Батерија LP-E17
Кабел за напојување
Комплет со упатство за користење
Складирајте и префрлувајте фотографии и 4K-видеозаписи со голема брзина.
Оригинална резервна батерија или оригинална батерија за замена од Canon за вашиот компатибилен фотоапарат
Компактен блиц Speedlite со разновидна примена за различни прилики
Пронајдете го совршениот фотоапарат за да снимите сè што ќе посакате, со помош на нашата алатка за избирање фотоапарати.
Запознајте се со новите производи од Canon - дизајнирани да ви помогнат во создавањето приказни за паметење
Нашата апликација Photo Companion е најдобриот партнер за сите корисници кои раскажуваат приказни преку видео бидејќи нуди пристап до прилагодени и професионални информации и содржини кога тоа најмногу ви е потребно, за да можете да внесете реалистичност во вашите приказни.
Разгледајте фотоапарати со заменливи објективи од палетата EOS што ќе ги подобрат вашите приказни.
Како да снимате совршени семејни фотографии со едно кликнување со помош на EOS 250D од Canon.
Софистициран DSLR што лесно се користи.
Зачекорете во иднината со иновативната технологија на овој модерен и компактен фотоапарат без огледало што нуди разни опции за поврзување.
Снимајте извонредни фотографии со 24,1 мегапиксели и Full HD видеоснимки. Зголемете ја креативноста со овој забавен и едноставен DSLR фотоапарат.
Добивајте ги најновите вести и информации за производите
ПРЕТПЛАТИ СЕ