Фотоапарати без огледало

Canon EOS M200

Никогаш не било полесно да снимате и споделувате креативни фотографии со професионален изглед. EOS M200 е паметен и лесен фотоапарат со опции за поврзување кој ќе ја разбуди вашата креативност и ќе го подобри вашето фотографирање.

Пријавете се за нашето списание. Добивајте ги сите најнови вести и информации за производите.

Подобрете го вашето фотографирање

Снимајте многу повеќе од обични слики со паметен телефон. Висококвалитетните фотографии снимени со EOS M200 траат со години - доловувајќи ја атмосферата на важни настани и прикажувајќи ги вашите субјекти во најдобро светло.
EOS-M200

Беспрекорно поврзан со вашиот дигитален живот

Покажете им ги вашите креативни вештини на пријателите и на следбениците. Поврзете го EOS M200 со вашиот паметен уред преку Wi-Fi и Bluetooth за автоматско префрлување слики, споделување фотографии на интернет и за далечинска контрола на фотоапаратот.

Разбудете ја вашата креативност

Никогаш не било полесно - или позабавно - да снимате фотографии во вашиот препознатлив стил. Корисничкиот интерфејс со совети и режимот за креативна помош на EOS M200 го олеснуваат снимањето фотографии со професионален изглед.

Дизајн што може да го понесете каде и да одите

EOS M200 е толку мал и лесен што можете да го носите во вашата чанта. Екранот на допир што се завртува нанадвор за 180˚ ви овозможува да го обликувате кадарот од креативни агли и да снимате извонредни автопортрети.

Раскажете ги сите приказни

Раскажете ја вашата приказна со огромен избор на заменливи објективи. Инспирирајте ја вашата креативност со преносливиот објектив EF-M или со извонредната флексибилност на сите EF/EF-S објективи со употреба на адаптер.
Разгледајте веднаш
Canon Camera

Canon EOS M200 Interchangeable Lens Streaming Kit

Connect with your followers, friends and family with the affordable Canon EOS M200 HDMI live streaming kit.

Завршете ја приказната со 4K-видеозапис

Фотоапаратот EOS M200 снима 4K-видеозаписи што изгледаат неверојатно на вашиот 4K-телевизор. Исто така обидете се да снимате видеозаписи со забавени движења со 120 fps во HD-режим или видеозаписи со забрзано движење во неверојатна 4K-резолуција.

Canon Camera

4K-видеозаписи и HD со120 fps

Деталните видеозаписи изгледаат извонредно на вашиот 4K-телевизор

Canon Camera

Dual Pixel CMOS AF

Снимајте со помош на Dual Pixel CMOS AF што нуди извонредно рамномерни и прецизни промени на фокусот

Canon Camera

Canon има за цел да постигне нула нето емисии на CO2 од своите деловни активности до 2050 година

Оваа цел ќе ја постигнеме со просечна годишна стапка на подобрување од 3% на индексот за подобрување на емисиите на CO2 по производ. Доколку ја одржуваме стапката на подобрување, тоа би значело приближно 50% намалување на нивоата од 2008 година до 2030 година. Ова е во согласност со нивото на намалување утврдено со Парискиот договор.

Ќе продолжиме да ја ревидираме целта од долгорочна перспектива како начин на проверка на нашиот придонес за реализација на општество со мало ниво на емисии на јаглероден диоксид.

Photographer looking down view finder

Спецификации

  • 24,1 мегапиксели

    Сензор со APS-C-големина

  • 4K видео

    Со 120 fps во HD

  • Креативна помош

    Го олеснува снимањето фотографии со професионален изглед

  • Bluetooth* и Wi-Fi

    За споделување слики и далечинска контрола

  • Екран на допир

    што се закосува нанадвор за 180 степени

  • Видеозаписи со забрзано движење

    Снимајте движења во различна димензија

Преземете ги сликите со максимална резолуција

Што содржи кутијата

EOS M200 од Canon се испорачува подготвен за употреба од моментот кога ќе го вклучите.

  • EOS M200

  • Капаче за фотоапарат R-F-4

  • Ремен за на врат EM-200DB

  • Батерија LP-E12

  • Полнач за батерии LC-E12E

  • Кабел за напојување

  • Комплет со упатство за користење

  • EF-M15-45mm f/3.5-6.3 IS STM

  • Капаче за објектив E-49

  • Капаче за заштита од прав за објективи EB

Компатибилна дополнителна опрема

  • Мемориска картичка SanDisk Extreme SDXC UHS-I C10, 64 GB

    Складирајте и префрлувајте видеозаписи и слики со висока резолуција со екстремна брзина на префрлување и огромен капацитет.

  • Ремен за на врат EM-E2 од Canon - светла кафеава боја

    Удобен, цврст и стилски ремен за на врат од вештачка кожа во светла кафеава боја, наменет за фотоапаратот EOS M50

  • Предна навлака EH31-FJ од Canon - светла кафеава боја

    Заштитете го и приспособете го вашиот EOS M100 со стилска предна навлака од вештачка кожа во светла кафеава боја

  • Адаптер за монтирање објективи EF-EOS M од Canon

    Овој компактен адаптер за монтирање објективи ви овозможува да ги поврзете сите објективи EF и EF-S со целата палета на фотоапарати без огледало EOS M

  • Батерија LP-E12 од Canon

    Оригинална резервна батерија или оригинална батерија за замена од Canon за вашиот компактен фотоапарат

  • Ремен за на врат EM-E2 од Canon, црна боја

    Носете го вашиот фотоапарат во стил со овој врвен ремен за на врат од вештачка кожа

  • Ремен за на врат EM-E2 од Canon, темна кафеава боја

    Носете го вашиот фотоапарат во стил со овој врвен ремен за на врат од вештачка кожа

  • Предна навлака EH31-FJ од Canon - тиркизна боја

    Заштитете го и приспособете го вашиот EOS M100 со стилска предна навлака во тиркизна боја

  • Предна навлака EH31-FJ од Canon - темна кафеава боја

    Заштитете го и приспособете го вашиот EOS M100 со стилска предна навлака од вештачка кожа во темна кафеава боја

  • Предна навлака EH31-FJ од Canon - жолта боја

    Заштитете го и приспособете го вашиот EOS M100 со стилска предна навлака во жолта боја

Слична дополнителна опрема

  • Аудио

    Стерео микрофон DM-E100

    Снимајте одличен звук без напор со мал стерео микрофон што се приклучува едноставно и секогаш е подготвен за снимање.
  • Статив

    Tripod Grip HG-100TBR

    Фотографирајте подолго со поголема стабилност и креативна флексибилност благодарение на овој уникатен статив со држач и отстранлив далечински управувач.

Може да ве интересира и

  • Фотоапарати без огледало

    EOS M100

    Раскажувајте прекрасни приказни без напор.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS M6 Mark II

    Пренослив и моќен фотоапарат без огледало со резолуција од 32,5 мегапиксели и брзина на континуирано фотографирање до 14 fps.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS M50

    Зачекорете во иднината со иновативната технологија на овој модерен и компактен фотоапарат без огледало што нуди разни опции за поврзување.

#FreeYourStory

Бидете храбри. Изразете се. Бидете оригинални. Покажете ни го животот преку вашиот објектив. Без разлика дали преку фотографии, отпечатени материјали или видеоснимки, ние сакаме да ја видиме вашата уникатна перспектива на светот.

Canon Camera