Canon EOS M100

Мал, стилски и практичен фотоапарат без огледало со повеќе опции за поврзување и неверојатен квалитет на слика. Совршена надградба на паметните телефони.

Каде и да одите, раскажете ја вашата приказна.

Квалитет без напор

Имресионирајте ги другите со совршено фокусирани фотографии и Full HD видеоснимки со филмски изглед и дење и ноќе со помош на CMOS сензорот од 24,2 MP, Dual Pixel CMOS AF, максимално ISO од 25600 и автоматските режими.

Canon Camera

Компактна спонтаност

EOS M100 е модерен, компактен и ви нуди моќ на DSLR во пренослив пакет. Снимајте прекрасни слики со процесорот DIGIC 7 и доловувајте ги случувањата со брзина од 6,1 fps.

Лесно поврзување

Лесно поврзувајте паметни уреди преку Bluetooth®*, Wi-Fi и апликацијата Canon Camera Connect. Уживајте во контрола како кај паметните телефони со интерфејсот на екранот на допир што се закосува и што е одличен за автопортрети.

Canon Camera
Canon Camera

Уникатен дизајн

Направете го вашиот фотоапарат уникатен - достапен е избор на многу стилови. Изберете фотоапарат во некоја од 3-те прекрасни бои, а потоа додадете ја предната навлака EH31-FJ во различни бои и дизајни.

Canon има за цел да постигне нула нето емисии на CO2 од своите деловни активности до 2050 година

Оваа цел ќе ја постигнеме со просечна годишна стапка на подобрување од 3% на индексот за подобрување на емисиите на CO2 по производ. Доколку ја одржуваме стапката на подобрување, тоа би значело приближно 50% намалување на нивоата од 2008 година до 2030 година. Ова е во согласност со нивото на намалување утврдено со Парискиот договор.

Ќе продолжиме да ја ревидираме целта од долгорочна перспектива како начин на проверка на нашиот придонес за реализација на општество со мало ниво на емисии на јаглероден диоксид.

Photographer looking down view finder

Апликација Canon Photo Companion

Нашата апликација Photo Companion е најдобриот партнер за сите корисници кои раскажуваат приказни преку видео бидејќи нуди пристап до прилагодени и професионални информации и содржини кога тоа најмногу ви е потребно, за да можете да внесете реалистичност во вашите приказни.

Canon Camera

Што содржи кутијата

  • Куќиште EOS M100

  • Капаче за фотоапарат R-F-4

  • Ремен EM-300DB

  • Полнач за батерии LC-E12E

  • Батерија LP-E12

  • Кабел за напојување

Препорачани објективи

* За да ги користите објективите EF 50mm f/1.8 STM, EF 70-300mm f/4-5.6 IS II USM, EF-S 10-18mm f/4.5-5.6 IS STM со EOS M100, ќе треба да го користите и адаптерот за монтирање објективи EF-EOS M.

  • Објективи за EOS M

    EF-M 22mm f/2 STM

    Мал објектив во вид на „палачинка“ со голема решетка од f/2, кој е совршен за портрети и фотографирање во услови со слаба осветленост.
  • Објективи за DSLR

    EF 50mm f/1.8 STM

    STM објектив со достапна цена, брза решетка од f/1.8 за општо фотографирање, фотографирање при слаба осветленост и портрети.
  • Објективи за EOS M | EF-M 55-200mm f/4.5-6.3 IS STM

    EF-M 55-200mm f/4.5-6.3 IS STM (Black)

    Телефото објектив за зумирање со стабилизација на слика и STM, кој е совршен за доближување до далечните објекти.
  • Објективи за EOS M

    EF-M 11-22mm f/4-5.6 IS STM

    Објектив за зумирање со извонредно широк агол, стабилизација на слика и STM, кој е одличен за фотографии и видеоснимки со пејзажи.
  • Објективи за DSLR

    EF-S 10-18mm f/4.5-5.6 IS STM

    Објектив за зумирање со достапна цена, извонредно широк агол, STM и стабилизација на слика, кој е идеален за пејзажи, патување и видеоснимки.

Компатибилна дополнителна опрема

Батерија LP-E12 од Canon

Оригинална резервна батерија или оригинална батерија за замена од Canon за вашиот компактен фотоапарат

Мемориска картичка SanDisk Extreme SDHC UHS-I C10, 32 GB

Складирајте и префрлувајте фотографии и 4K-видеозаписи со голема брзина.

Предна навлака EH31-FJ од Canon - светла кафеава боја

Заштитете го и приспособете го вашиот EOS M100 со стилска предна навлака од вештачка кожа во светла кафеава боја

Адаптер за монтирање објективи EF-EOS M од Canon со отстранливо лежиште за статив

Овој компактен адаптер за монтирање објективи ви овозможува да ги поврзете сите објективи EF и EF-S со целата палета на фотоапарати без огледало EOS M

Кабел за интерфејс IFC-400PCU од Canon

Пренесувајте фотографии и видеоснимки од вашиот фотоапарат во компјутер или Mac преку овој USB-кабел

Торбичка HL110 од Canon, сива боја

Безбедно складирање и пренесување на вашиот DSLR-фотоапарат и комплетот објективи со оваа стилска торбичка од Canon

Предна навлака EH31-FJ од Canon - ленти во темна сина/бела боја

Заштитете го и приспособете го вашиот EOS M100 со стилска предна навлака со ленти во темна сина/бела боја

Предна навлака EH31-FJ од Canon - тиркизна боја

Заштитете го и приспособете го вашиот EOS M100 со стилска предна навлака во тиркизна боја

Ремен за на врат EM-E2 од Canon, црна боја

Носете го вашиот фотоапарат во стил со овој врвен ремен за на врат од вештачка кожа

Спецификации

  • CMOS сензор од 24,2 MP

    CMOS сензор со 24,2 MP и APS-C големина

  • DIGIC 7

    Моќна обработка со DIGIC

  • Dual Pixel CMOS AF

    Брзо за фотографии, рамномерно за видеозаписи

  • 6,1 fps

    Снимајте континуирано со 6,1fps

  • Full HD 60P

    Рамномерни, пореалистични видеозаписи

  • LCD екран на допир од 7,5cm

    Екран на допир со висока резолуција и можност за вртење

  • Wi-Fi / NFC

    Поврзете се, споделувајте или правете резервни копии безжично

  • Bluetooth

    Постојано активна врска

Раскажете ги сите приказни

Раскажете ја вашата приказна со огромен избор на заменливи објективи. Инспирирајте ја вашата креативност со преносливиот објектив EF-M или со извонредната флексибилност на сите EF/EF-S објективи со употреба на адаптер.
РАЗГЛЕДАЈТЕ ДЕНЕС

Поврзани производи

  • Фотоапарати без огледало

    EOS M50 Mark II

    Создадете висококвалитетна содржина за вашата публика и внесете го својот креативен стил во сликите, видеоснимките или проследувањето во живо.
  • DSLR-фотоапарати

    EOS 2000D

    Снимајте извонредни фотографии со 24,1 мегапиксели и Full HD-видеоснимки. Зголемете ја креативноста со овој забавен и практичен DSLR-фотоапарат.
  1. *Опремен со технологија за Bluetooth® со мала потрошувачка на енергија. Зборот во ознаката Bluetooth® и лого ознаките на Bluetooth се регистрирани заштитни знаци во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое користење на тие знаци од страна на Canon Inc. е дозволено со лиценца. Другите заштитни знаци и заштитни имиња им припаѓаат на нивните сопственици.