EOS R System

СИСТЕМОТ EOS R

Благодарение на нашата интелигентна технологија за AF и неверојатна палета на објективи RF, наградуваниот систем EOS R нуди многу интуитивен пристап кон фотографирањето и снимањето, работејќи беспрекорно со вас за да можете да се фокусирате на вашиот субјект и на фотографирањето.

„EOS R ми овозможува полесно да се фокусирам на креативноста“

Brent Stirton, амбасадор на Canon
EOS R by Brent Stirton, Canon Ambassador

Создаден за вашите потреби. За вас.

  • Затоа што ги разбираме вашите потреби

    Ние дизајнираме и создаваме брзи технологии за обработка на слика што ви овозможуваат да го доловите вашиот свет.

  • Технологија што ќе ви овозможи да напредувате

    Паметна технологија за длабоко учење и оптички дизајн што ви овозможуваат врвна контрола.

  • Подготвени за иднината. Сега.

    Систем што ги задоволува вашите креативни потреби не само денес, туку и во иднина.

The new EOS generation

Новата генерација на EOS. Како започна и во која насока ќе продолжи.

Дознајте како инженерите на Canon започнаа да ја развиваат серијата EOS R и нејзиниот револуционерен приклучок за објективи - со поширок дијаметар, фокусирање со кратко придвижување наназад и побрза комуникација - и погледнете зад сцените на овој уникатен систем што нуди најдобра рамнотежа помеѓу механички, електричен и оптички дизајн - со неограничени идни можности.
Прочитајте ја целата приказна

Револуционерна технологија што ги поместува границите

Дознајте ги главните предности на системот EOS R и откријте како новата технологија на Canon доловува неверојатни детали што досега биле невозможни.

  • Извонредна оптичка супериорност

    Следната генерација на објективи што може да ги создаде само Canon.

  • Брзо и сигурно фокусирање

    Уште поневеројатен AF благодарение на Dual Pixel CMOS AF II.

  • Моќна оптичка и вградена стабилизација на слика

    Неверојатна стабилизација што го компензира вашето движење и дишење - па дури и вртењето на Земјата.

  • Интуитивен и ергономски дизајн

    Одлична и врвна ергономија.

Извонредна оптичка супериорност

Објективите RF нудат оптичко совршенство, неверојатен дизајн и сигурни перформанси во сите услови.

Stunning optical RF Lenses
RF 70-200mm F2.8L IS USM

RF 70-200mm F2.8L IS USM - Беспрекорен дизајн со неверојатен квалитет на слика. Сето тоа од мало и компактно куќиште што е помало од кој било друг професионален објектив од 70-200 mm. Никој не веруваше дека можеме да го направиме тоа, но го направивме. Сето тоа е благодарение на предностите што ги нуди приклучокот RF.

Објективи RF 600mm и 800mm F11 IS USM

Објективи RF 600mm и 800mm F11 IS USM - Компактни и лесни телефото објективи со решетка f/11 што овозможуваат креативност со значително зголемување. Благодарение на RF-дизајнот и на фотоапаратите со системот EOS R со Dual Pixel CMOS AF, постојат нови можности за фотографирање и снимање.

RF 50mm F1.2L USM

RF 50mm F1.2L USM - Објективот RF што поставува нови стандарди за оптички дизајн, нудејќи врвна острина, дополнителна креативна контрола и неверојатни перформанси при слаба осветленост.

RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE

RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE - Доловете го светот во неверојатна виртуелна реалност со 8K-резолуција со овој револуционерен објектив од серијата L, што може да се постигне само благодарение на приклучокот RF и неговиот дизајн на фокусирање со кратко придвижување наназад.

Брзо и сигурно фокусирање

Независно каде е позициониран вашиот субјект, фотоапаратите од серијата EOS R ќе го најдат благодарение на чувствителниот и интелигентен AF – без оглед на условите. Вештачката интелигенција со длабоко учење може да препознава луѓе, возила и животни, како и да се фокусира на очите, лицето, главата или телото на субјектите.

Fast dependable focusing
Canon EOS R - Low Light

Слаба осветленост

Дури и кога нивото на светлина се намалува, не треба да се грижите дека ќе ја пропуштите снимката или дека ќе треба да поставите блиц што може да го наруши расположението. Системот за стабилизација на слика на Canon нуди неверојатни перформанси во најтемни услови.

Видео и фотографии

Canon го воведе Full HD-видеото во DSLR пред повеќе од една деценија, а сега зачекорува во нови светови со системот EOS R, со 8K-видео и фотографии со висока резолуција благодарение на хибридните фотоапарати што го искористуваат најдоброто од сите наши револуционерни технологии.

Canon EOS R - Video and Stills 8K
Canon EOS R - Fast moving subjects

Субјекти што се движат брзо

Системот EOS R одново ги дефинира можностите со автоматскиот фокус. Нашата технологија за следење субјекти го постави стандардот за континуиран AF што нуди неверојатни нивоа на прецизно фокусирање.

Vladimir Rys

„Треба само да го насочите објективот во вистинската насока и да фотографирате“.

Vladimir Rys, амбасадор на Canon

Моќна оптичка и вградена стабилизација на слика

Фотографирајте со сигурност дури и во лоши услови, благодарение на технологиите на Canon за оптичка и вградена стабилизација на слика.

Powerful Optical and In-body image stabliser
Sure and stable video

Неверојатно стабилни резултати во движење

Рачното фотографирање со долги експозиции никогаш нема да претставува проблем. Благодарение на фотоапаратите со технологијата за вградена стабилизација на слика (IBIS) на Canon, тие работат заедно со компатибилните објективи RF за да овозможат стабилизација со максимум 8 чекори*.

Rock Steady results on the move

Сигурно и стабилно видео

Фотографирајте со сигурност дури и во лоши услови со дигиталната стабилизација на слика за видео. Во комбинација со технологиите на Canon за оптичка и вградена стабилизација на слика, оваа функција внесува дополнително ниво на рамномерност во вашите видеоснимки.

Интуитивен и ергономски дизајн

Процесот на снимање слика треба да биде интуитивен. Фотоапаратите од серијата EOS R на Canon се приспособени на вашето тело. Нашата ергономија е светски позната и ги спојува фотоапаратот и телото на нови револуционерни начини.

Intuitive, ergonomic design

Фотоапарати кои можете удобно да ги држите во вашите дланки - инженерите на Canon се стремат да ги направат нашите фотоапарати совршено да одговараат на вашето тело. Ова започнува со дизајн што е развиен од многу различни прототипи за да се создаде држач кој одлично одговара на вашите дланки.

Интуитивни контроли кои никогаш не го одвлекуваат вниманието - Контролите се толку лесни, што не ни забележувате дека ги користите. Благодарение на паметниот дизајн на нашите фотоапарати, вашето внимание е секогаш на субјектот - дури и додека правите прилагодувања.

Прстен за контрола на објективот за прилагодувања во движење - Благодарение на дизајнот на објективите RF и нивната можност за побрза и подинамична комуникација со фотоапаратот, приспособливиот прстен за контрола на објективот додава дополнителни опции за прилагодување на поставките за фотоапаратот додека фотографирате.

Јасни менија за одлична прегледност - Едноставна навигација низ системот на менија на EOS што е внимателно усовршен за да ги задржи познатите групи на поставки и опции за прилагодување.

Приспособете и персонализирајте го фотоапаратот - приспособете го вашиот стил на фотографирање според фотоапаратот и прилагодете ги потребните поставки што ќе ви овозможат побрзо и подобро фотографирање.

Кога големите димензии се најважни. Фотоапарати за целосна слика EOS R

Дизајнирана за неуморните креатори, палетата на фотоапарати за целосна слика без огледало EOS R од Canon нуди неверојатен квалитет на слика, како и најдобра технологија за најдобри резултати. Затоа што не очекувате ништо помалку.

  • Фотоапарати без огледало

    EOS R8

    Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R6 Mark II

    Фотографии или видео, акција или портрет - комбинацијата од перформанси и квалитет на слика што ја нуди EOS R6 Mark II ви овозможува да бидете максимално креативни
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R3

    Со брзина како суштинска карактеристика, ова е фотоапарат без огледала што го чекаа професионалните фотографи за спорт, вести и диви животни.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R5

    Променете ја вашата перспектива за фотоапаратите без огледало. Беспрекорните перформанси на EOS R5 ќе го подобрат начинот на кој фотографирате и снимате.
  • Систем Cinema EOS

    EOS R5 C

    Снимајте прекрасни видеоснимки со резолуција од 8K и фотографии со 45 MP со најмалата камера Cinema EOS којашто ќе одговори на сите предизвици.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R6

    Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R

    Фотоапарат без огледало за целосна слика кој отвора нови креативни можности за фотографите и снимателите.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS RP

    Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања.
  • Поголем дострел. Предноста на APS-C

    Форматот APS-C нуди многу предности, од кои една е и помалата големина на фотоапаратот, а притоа ја прави технологијата EOS R достапна за сите кои сакаат да бидат креативни.

    • Фотоапарати без огледало

      EOS R50

      Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред.
    • Фотоапарати без огледало

      EOS R7

      Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината.
    • Фотоапарати без огледало

      EOS R10

      Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C.

    Објективи RF

    Објективите RF нудат оптичка супериорност и динамични перформанси во сите услови, додека адаптерите EF кон EOS R ви овозможуваат да ги користите објективите EF-S и EF на фотоапаратите EOS R
    Погледнете ги сите објективи Погледнете ги сите адаптери

    Во рацете на професионалците

    Погледнете што може да направи системот EOS R во рацете на професионалните фотографи и сниматели

  • СНИМАЊЕ

    Опремата од Canon со која се сними серијата Pistol од FX

    Дознајте кои камери и објективи од Canon ги користеше Anthony Dod Mantle, режисерот на Pistol, за да ја прикаже панк културата на екраните.

  • СТАТИЈА

    Одење во дивината со Canon EOS R3

    Фотографот за мотоспортови, Vladimir Rys, го испробува револуционерниот AF со опција за следење тркачки автомобили на EOS R3 од Canon на неговото прво фотографирање на електрични автомобили за рели.

  • СТАТИЈА

    Први слики со EOS R5 од Canon: ги доловува прекрасните детали на природата

    Ulla Lohmann и Robert Marc Lehmann говорат како сензорот со 45 MP и функцијата за AF со следење очи на EOS R5 од Canon им помогнале да направат спектакуларни слики на отворено.

  • СТАТИЈА

    Снимање патописен филм со EOS R5 C

    Како снимателот Kevin Clerc доловил уникатна перспектива на Мадеира со максимално опремената хибридна камера од Canon.

  • СТАТИЈА

    Танцување во светлината: фотографирање со EOS R6 од Canon

    Амбасадорката на Canon, Wanda Martin, говори за нејзината модна фотосесија инспирирана од уметноста и првите фотографии со Canon EOS R6.

  • СТАТИЈА

    Тестирање на EOS R од Canon до неговите граници при слаба осветленост

    Фоторепортерот Daniel Etter фотографирал темни и архаични услови во романски рудници за јаглен користејќи го фотоапаратот за целосна слика без огледало EOS R од Canon.

  • СТАТИЈА

    Фотографирање авантури со EOS RP

    Фотографот за надворешни активности и животен стил, Jake Baggaley, објаснува како лесниот EOS RP од Canon му дава креативна предност.

  • Слични производи

    Разгледајте го остатокот од палетата на фотоапарати од Canon

    • Фотоапарати без огледало

      Огромен квалитет, мали димензии. Фотоапаратите за целосна слика без огледало од сериите EOS M и EOS R нудат моќ како DSLR-фотоапарат вградена во куќиште на компактен фотоапарат.

    • DSLR-фотоапарати

      Нашата палета на EOS DSLR-фотоапарати нуди извонреден квалитет на слика, независно од вашето професионално искуство

    • Компактни дигитални фотоапарати

      Палета на преносливи и сè-во-едно фотоапарати PowerShot и IXUS што содржи професионални, креативни и компактни модели па сè до фотоапарати со извонреден зум и модели од типот „насочи и фотографирај“.

    • Систем EOS VR

      Создавајте прекрасни тродимензионални содржини користејќи компатибилен EOS-фотоапарат за целосна слика и објектив RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE, со поефикасен и поедноставен работен процес благодарение на системот EOS VR.

    • Систем Cinema EOS

      Исклучителен квалитет на слика, неограничена креативна контрола. Без разлика дали снимате моќни независни документарци, популарни серии или наградувани филмови, Canon ќе ви понуди производ од палетата Pro Video којшто ќе ја подигне вашата креативност до нови нивоа.

    1. * 8 чекори врз основа на стандардот CIPA во зависност од објективот што го користите.