Системот нуди помош и при нивелирањето на кривите хоризонти и одржувањето на острината на субјектите додека го поместувате фотоапаратот или снимате панорами.
Фотоапарати без огледало
Комбинација од технологија EOS R и дизајн APS-C во хибриден фотоапарат без огледало што е мал, брз и моќен.
Автоматско фокусирање што препознава и следи луѓе, животни и возила
Покрај тоа, снимање серии со брзина од 30 fps со електронската бленда на фотоапаратот4
Идеална рамнотежа помеѓу резолуцијата, брзината и перформансите при слаба осветленост
Прецизно фокусирање при услови на слаба осветленост
Стандардна максимална чувствителност
За извонредно рамномерни движења9
Стабилизација на слика во куќиштето и во објективот кои соработуваат за најмногу 7 чекори3 заштита од тресење на фотоапаратот
Снимање видео
Со стапка на освежување до 120 fps10
Поинаков поглед на вашиот субјект
Контрола со брз одзив и минимално доцнење на EVF
ВИ ГО ПРЕТСТАВУВАМЕ EOS R7
Го опремивме EOS R7 со вештачка интелигенција со длабоко учење и AF со iTR-технологија, исто како и нашите фотоапарати EOS R3, EOS R5 и EOS R6. Тоа значи дека тој може да открива луѓе, животни и возила и да ги фокусира со голема острина каде и да се движат низ кадарот.
Фотографите на диви животни ќе го обожаваат препознавањето на птиците во лет, кои ќе останат јасни додека летаат низ пејзажот. Спортските фотографи ќе ја ценат можноста за следење луѓе кои се движат брзо и непредвидливо - дури и ако носат шлем, гледаат во друга насока или се превртени обратно.
Системот за фокусирање Dual Pixel CMOS AF II на EOS R7 ги покрива и следи субјектите на речиси 100 проценти од кадарот 1 и обезбедува брз, прецизен AF, дури и кога осветленоста е -5EV 2 или со максимална решетка од само f/22.
Замислете си да можете да фотографирате долги експозиции рачно, а притоа намерно да ги заматувате субјектите во движење без да користите статив. Или, пак, да снимате извонредно рамномерни видеоснимки додека чекорите со фотоапаратот. Вградената стабилизација на слика (IBIS) кај EOS R7 нуди различни нови начини за креативност и може да направи да го преиспитате начинот на кој го користите вашиот фотоапарат и опремата.
Системот за вградена стабилизација на слика на фотоапаратот соработува со оптичката стабилизација на слика што е вградена во многу од нашите објективи RF. Благодарение на извонредната брзина на комуникацијата на RF-приклучокот и физичката ширина, можни се до 7 чекори3 со RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM и до 8 чекори13 стабилизација со 5 оски со другите објективи RF, што овозможува стабилно рачно фотографирање со долга експозиција, без никакво тресење на фотоапаратот.
Кога фотографирате со објективи без стабилизација на слика (како што се брзите примарни објективи), широкиот приклучок за објективи на системот EOSR му овозможува на EOS R7 кој има вградена стабилизација на слика IBIS да обезбеди високоефикасна стабилизација од тресење на фотоапаратот.
Системот нуди помош и при нивелирањето на кривите хоризонти и одржувањето на острината на субјектите додека го поместувате фотоапаратот или снимате панорами.
Совршениот фотографски момент може да трае само дел од секундата, па затоа го дизајниравме EOS R7 да биде исклучително брз. Снимајте RAW, JPEG и HEIF-датотеки со брзина од неверојатни 15 fps6 - или до 30 fps4 кога ја користите тивката електронска бленда на фотоапаратот7 - со континуиран AF и AE што постојано реагира додека снимате. Максималната брзина на електронската бленда од 1/16.000 сек. открива детали што голото око често не ги регистрира.
Процесорот DIGIC X на фотоапаратот нуди брзо и прецизно ракување и речиси го елиминира доцнењето на визирот за да овозможи фотографирање со навистина брз одзив. Може да се снимат до 42 RAW-датотеки и 126 JPEG-датотеки во една серија од 30 fps.8
Кога снимате видеозаписи, достапна ви е стапка на слики до 60p во 4K и до 120p при снимање Full HD-снимки9. Доловувајте ги подвижните објекти со неверојатна прецизност и создавајте извонредно рамномерни ефекти на забавени движења во обработката по снимањето.
Без разлика дали фотографирате или снимате, CMOS-сензорот со 32,5 мегапиксели и процесорот за слика DIGIC X на EOS R7 ќе ви обезбедат врвни резултати. Техничките предности на системот EOS R во комбинација со нашето искуство во оптика и дизајн на сензори ви нудат подобар квалитет на слика од кога било претходно.
Фотографиите се преполни со детали, бои и динамички опсег, дури и при слаба осветленост, благодарение на максималната чувствителност од ISO 32.000. Со прекумерно семплирање на излезниот сигнал во 7K од сензорот може да се добијат 4K-видеоснимки со извонреден квалитет, а Canon Log 3 обезбедува широк динамички опсег и голем број опции за уредување по снимањето.
Преземете ги следните креативни чекори со фотоапарат што ви нуди нова технологија, но го задржува познатото чувство и инстинктивноста на вашиот DSLR-фотоапарат. Новиот дизајн со функции како избирач на комбинирани AF-точки и задно контролно тркалце го надополнува класичното ракување во стилот на EOS страниците на менито што веднаш ќе ги препознаете, така што уште на почетокот сè ќе ви изгледа препознатливо.
EOS R7 е создаден со сензор со APS-C-големина, затоа објективите нудат поголем телефото „опсег“ од истата фокусна должина на фотоапаратите за целосна слика. Помалиот формат на сензорот овозможува поголема преносливост на EOS R7, што е одлично за патувања низ дивината, фотографирање паради со авиони или доловување на случувањата од спортските терени.
Кога станува збор за објективите, може да ги користите сите ваши постоечки EF и EF-S објективи со EOS R7 благодарение на адаптерите за монтирање објективи од Canon, со кои нивните перформанси ќе бидат такви какви што ги паметите - ако не и подобри, благодарение на подобрената функционалност на системот EOS R.
Може да го прилагодите EOS R7 според вашиот начин на работа. Прилагодливите копчиња и вртливи копчиња ги надополнуваат приспособливите режими на фотографирање и екранот Мое мени, што може да се програмира по желба.
„ДА ИМАТЕ ФОТОАПАРАТ СО БРЗИНАТА И ОПСЕГОТ НА СИСТЕМОТ R ВО КОМБИНАЦИЈА СО СЕНЗОР APS-C Е НЕВЕРОЈАТНО.“
EOS R7 е фотоапарат со многу опции за поврзување и може да го користите заедно со вашиот паметен телефон, таблет-уред или компјутер преку апликацијата Canon Camera Connect. Bluetooth-врската со мала потрошувачка на енергија овозможува поврзување со вашиот паметен уред за да може да пребарувате, преземате и да споделувате слики и видеоснимки со целосна или редуцирана големина преку Wi-Fi, независно каде снимате. EOS R7 функционира и со iPhone11, така што може да го поврзете преку USB-C-кабел со голема брзина.
Прикажувајте им ги возбудливите настани на вашите следбеници на социјалните медиуми онака како што се случуваат или директно испраќајте слики до клиентите со кои професионално соработувате. EOS R7 овозможува дури и проследување видеоснимки во живо на YouTube5.
Вградениот Wi-Fi ви овозможува независно поврзување со нашата онлајн услуга, image.canon, за беспрекорно директно префрлување12 на вашите фотографии и видеоснимки на услугите за складирање на Cloud и можност за нивно подоцнежно прегледување. Префрлете ги сите слики за тие да бидат подготвени кога ќе се вратите дома, или, пак, оценувајте, избирајте и пренесувајте ги само оние слики што ги претпочитате.
Оваа цел ќе ја постигнеме со просечна годишна стапка на подобрување од 3% на индексот за подобрување на емисиите на CO2 по производ. Доколку ја одржуваме стапката на подобрување, тоа би значело приближно 50% намалување на нивоата од 2008 година до 2030 година. Ова е во согласност со нивото на намалување утврдено со Парискиот договор.
Ќе продолжиме да ја ревидираме целта од долгорочна перспектива како начин на проверка на нашиот придонес за реализација на општество со мало ниво на емисии на јаглероден диоксид.
Сѐ што ви е потребно за да ги направите следните чекори во фотографирањето и снимањето видеозаписи.
Куќиште на EOS R7
Капаче за фотоапарат R-F-5
Ремен за фотоапарат ER-R7
Капаче за приклучок ER-SC2
Полнач за батерии LC-E6E
Батерија LP-E6NH
Капак за батерија
AC-кабел
Комплет со упатство за користење
Објективи RF
Speedlite блиц
Широкоаголен примарен објектив
Макро објектив
Извонредно широкоаголен објектив со зум
Објективи за EOS R
ДИВИ ЖИВОТНИ
Дознајте како фотографот за диви животни Dani Connor го употреби EOS R7 од Canon за да го долови загрозениот Ибериски рис во неговото природно живеалиште.
ДИВИ ЖИВОТНИ
Специјалистите за диви животни Markus Varesvuo, Marina Cano и Dani Connor откриваат која е нивната омилена опрема за снимање неверојатни слики од светот на природата.
ОПРЕМА
Дознајте за главните сличности и разлики помеѓу APS-C-фотоапаратите од новата генерација, што се дел од палетата на фотоапарати EOS R без огледало.
ТЕХНОЛОГИЈА
Која е разликата помеѓу APS-C-фотоапаратите и фотоапаратите за целосна слика и кој е правилниот избор за вас?
Фотоапарати без огледало
Фотоапарати без огледало
Фотоапарати без огледало
Регистрирајте го вашиот производ и добијте пристап до сите поволности
ПРИЈАВЕТЕ СЕПодигнете ги вашите вештини на повисоко ниво со приспособени совети и инспирација
Редовни ажурирања на фирмверот за врвни перформанси на вашата опрема
Новости за производи
Покани за настани во ваша близина
Понуди како ексклузивни попусти