RF-објектив за виртуелна реалност
Доловете го светот во неверојатна виртуелна реалност со овој револуционерен објектив од серијата L што е дизајниран за беспрекорни и едноставни работни процеси со виртуелна реалност.
Доловете го светот во виртуелна реалност со RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE - компактен и стереоскопски RF-објектив од серијата L кој снима извонредно остри содржини што, заедно со останатите компоненти на СИСТЕМОТ EOS VR од Canon, вклучувајќи фотоапарат и софтверско решение - ги претвора во извонредно визуелно доживување со кое ќе потонете во опкружувањето.
Погледнете ги сите спецификацииРазгледајте
ИСТРАЖУВАЈТЕ
ДОБИЈТЕ ПОИНАКВА ПЕРСПЕКТИВА
Компактниот дизајн со еден приклучок овозможува брзо поставување на фотоапаратот за снимање професионални стереоскопски содржини од типот 180° VR, доколку користите компатибилен фотоапарат за целосна слика со RF-приклучок и висока резолуција како што се EOS R51 и R5 C.
Двете кружни слики со ефект на „рибино око“ имаат стереоскопско видно поле од 190° и се совршено синхронизирани и снимени една покрај друга преку еден сензор за целосна слика, а со тоа се подготвени за моќниот софтвер EOS VR Utility2/дополнителната компонента2 од Canon што ќе ги обработи беспрекорно за конечно уредување, елиминирајќи ја потребата од дополнително спојување.
Компатибилните RAW-видеодатотеки снимени со поддржани фотоапарати (вклучувајќи датотеки 8K / 60P RAW LT од EOS R5 C) се обработуваат автоматски во EOS VR Utility, што дополнително ги олеснува работните процеси со RAW-формати и поголеми стапки на слика.
Опремен со две совршено порамнети леќи со ефект на „рибино око“ што се насочени нанапред, објективот RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE користи по два UD-елементи за леќа за да ги коригира аберациите, а специјалните слоеви SWC од Canon ги намалуваат одблесоците и отсјајот, дури и во услови со задно осветлување.
RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE нуди врвни перформанси при слаба осветленост поради брзата решетка од f/2,8 со правилно синхронизирана експозиција и прецизна контрола благодарение на дизајнот со две електромагнетни мембрани (EMD).
Поради тоа што е објектив од серијата L, RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE е создаден за професионална употреба. Отпорен е на прав и прскање со вода и опремен е со слоеви од флуор за заштита од вода и нечистотии на површината на објективот.
RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE има држач за филтри од желатин на задната страна наменет за однапред отсечени ND-желатини што може да се користат за прецизна контрола на нивоата на светлина, доколку го користите објективот за снимање видеоснимки во форматот 180° VR.
Снимање совршено порамнети стереоскопски слики преку еден сензор за целосна слика
Снимање со извонредно широк агол на гледање за пореално доживување
За природно стереоскопско доживување
Исклучителни перформанси при слаба осветленост
Професионален квалитет на слика за остри слики со голем контраст и помалку одблесоци и отсјај
Прецизната контрола и синхронизација на решетката овозможуваат еднаква експозиција помеѓу левите и десните слики
Дизајниран и создаден за врвни перформанси во лоши услови
За поголема флексибилност при фотографирање во светли услови
Слушајте го поткастот
Дознајте како да ја истражите и доловите виртуелната реалност со врвни детали од нашите професионални сниматели.
RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE се испорачува со сè што ви е потребно за подготовка и користење со вашиот компатибилен фотоапарат.
RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE
Капаче за објектив 5.2
Мека торбичка за објектив LS1014
Имбус
Капаче за заштита од прав за објективи RF
Систем Cinema EOS
Фотоапарати без огледало
АЖУРИРАЊЕ НА ФИРМВЕРОТ