DSLR-фотоапарати и фотоапарати без огледало со APS-C-сензор
Што е APS-C?
Дозволете ни да ви помогнеме да го најдете совршениот фотоапарат од Canon
Фотоапарати EOS R со APS-C-сензор
Палетата на фотоапарати без огледало со APS-C-сензор се опремени со најдобрите технологии од серијата EOS R и нудат креативни опции за сите.
-
EOS R7
Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината. -
EOS R10
Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C. -
EOS R50 V
Бидете креативни со фотоапарат со заменливи објективи претежно насочен кон снимање видео, опремен со напредни функции за снимање за да ги усовршите вашите содржини. -
EOS R50
Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред. -
EOS R100
Создајте совршени спомени во извонреден квалитет со интуитивниот фотоапарат EOS R што е секогаш подготвен.
DSLR-фотоапарати EOS со APS-C-сензор
APS-C DSLR фотоапаратите нудат стандардно доживување при фотографирањето со поголемо куќиште, заменливи објективи и оптички визир за да можете да гледате што точно снимате директно низ објективот.
-
EOS 2000D
Снимајте извонредни фотографии со 24,1 мегапиксели и Full HD-видеоснимки. Зголемете ја креативноста со овој забавен и практичен DSLR-фотоапарат.
Зошто да изберете APS-C?
Приближете се
Факторот на отсекување на сензорот APS-C овозможува помалите или подалечни субјекти да изгледаат поголеми во кадарот, со што се зголемува ефективната фокусна должина на секој објектив за 1,6x. Тоа може да биде голема предност за фотографирање диви животни, движења и спорт. Ако користите објектив со високи перформанси, но сепак достапна цена, каков што е EF 70-300mm f/4-5.6 IS II USM од Canon со APS-C-фотоапарат, ќе добиете ефективен опсег на зумирање од 112-480 mm, со што би добиле перформанси слични на извонреден телефото објектив.
Задржете го квалитетот
Може да ги отсекувате сликите снимени со фотоапарати за целосна слика за да го добиете истиот ефект, но бројот на мегапиксели ќе биде помал, што значи дека фотографиите кои ќе ги добиете ќе бидат помали и помалку остри доколку повторно ги зголемите. Фотографирањето со фотоапарат со APS-C-формат ви заштедува и време и напор за рачно отсекување на сликите во фазата на уредување.
Компактен и лесен
Бидејќи APS-C-сензорите се помали, фотоапаратите може да бидат покомпактни и полесни, што е идеално за улично фотографирање и фотографирање при патувањата. Бидејќи од објективот дизајниран за APS-C-фотоапаратите се бара помала кружна слика, објективот може да биде помал и полесен, а според тоа и подостапен.