Canon EOS R5
Променете ја вашата перспектива за хибридните фотоапарати без огледало. Независно дали снимате фотографии, видеоснимки или мешавина од двете, беспрекорните перформанси на EOS R5 ќе ја зголемат вашата креативност.
Одново дефиниран професионален фотоапарат без огледало
Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R5 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што досега не биле можни. Снимајте прекрасни фотографии со 45 мегапиксели и брзина до 20 слики во секунда или поместете го преклопникот за да снимате 8K RAW-видеоснимки со 12 бита, користејќи ја целосната ширина на сензорот на фотоапаратот. Напредниот AF е програмиран да користи вештачка интелигенција со длабоко учење, а вградената стабилизација на сликата заедно со стабилизацијата на слика на објективот овозможуваат максимум 8 чекори* на заштита од тресење на фотоапаратот.
Погледнете ги сите спецификацииСпецификации
-
Резолуција од 45 мегапиксели
Репродуцирајте ги дури и најситните детали
-
20 слики во секунда
Претворете ги краткотрајните моменти во прекрасни слики
-
Внатрешно снимање на 8K RAW-видео во формат на целосна слика
RAW-видео со 12 бита и 24/25/30p што изгледа навистина реално
-
4K-видео со 120P во формат на целосна слика
Снимајте видеоснимки со висока стапка на слики, 10 бита и 4:2:2 за да ја подобрите секоја креативна продукција
-
Стабилизатор на слика со максимум 8 чекори*
Фотографирајте рачно во услови во кои досега не било можно.
-
ISO 100-51.200
Врвен квалитет на слика дури и при недоволна осветленост
-
Вграден Wi-Fi и Bluetooth
Поврзете се и испраќајте слики од локацијата на која работите
-
Нова функција за IBIS со висока резолуција
Спојување 9 слики за да се добие слика со висока резолуција од 400 MP
-
Отвори за картички CFexpress и SD
Максимална брзина, максимална компатибилност
Што содржи кутијата
-
Куќиште EOS R5
-
Капаче за фотоапарат R-F-5
-
Ремен ER-EOS R5
-
Полнач за батерии LC-E6E
-
Батерија LP-E6NH
-
Капак за батерија
-
AC-кабел
-
IFC-кабел IFC-100U + заштитник
-
Упатство за користење
Canon EOS R5
Оценки и прегледувања
Препорачани објективи
Компатибилни објективи и дополнителна опрема
Слични производи
- 8 чекори засновани на стандардот CIPA со RF 24-105mm F4 L IS USM со фокусна должина од 105mm. Електронска бленда од прибл. 20 fps со AF/AE-следење: се однесува на некои RF/EF објективи, кога апертурата е целосно отворена. Посетете ја официјалната веб-страница на Canon за список на компатибилни објективи. Брзината на континуирано сликање варира во зависност од брзината на блендата, параметрот за апертура, состојбата на апертурата при континуирано сликање, условите на субјектот, осветленоста (особено при слаба светлина) и видот на објективите. Механичка бленда од прибл. 12 fps со AF/AE следење: кога се користат RF објективи и некои EF објективи. Посетете ја официјалната веб-страница на Canon за список на компатибилни објективи. Брзината на континуирано сликање варира до 3 фази, во зависност од видот на батеријата, колку е полна батеријата, бројот на батерии, кој објектив се користи, температурата, параметрите на вградениот Wi-Fi (Вклучено/Исклучено) и дали се користи додаток за батерии и WFT единица, спојувач за еднонасочна струја или USB-адаптер за напојување. Покрај горенаведените фактори, максималната брзина на континуирано сликање може да се намали како резултат на брзината на блендата, апертурата, употребата на блицот, функцијата за намалување на треперењето, условите на субјектот, осветленоста (особено во темно место).