EOS-1D X Mark II ви отвора нови можности со EOS како никогаш досега. Пронајдете го соодветниот објектив кој ќе одговара на вашиот стил и изберете дополнителна опрема дизајнирана за врвни перформанси.
EF200-400mm f/4L IS USM со додаток за продолжување од 1,4x
Уникатен објектив од серија L од Canon кој има вграден додаток за продолжување од 1,4x, стабилизација на слика во 4 чекори и три IS режими. Додадете го на EOS-1D X Mark II за да го добиете најдоброто решение за фотографирање спорт и животот во дивината со неверојатен зум, кое ќе го исполни кадарот дури и со далечните објекти.