Canon EF 24mm f/1.4L II USM

EF 24mm f/1.4L II USM

Широкоаголни леќи со голем перформанс, EF 24mm f/1,4L II USM брзата f/1,4 бленда и комбинацијата на UD и асферични елементи на леќи обезбедуваат неверојатен, професионален квалитет на слика.

EF 24mm f1.4L II USM

Придобивки

  • Широка 24mm должина на фокус
  • Брза f/1,4 бленда
  • Асферични и UD елементи на објектив
  • Структура на обвивка под бранова должина
  • USM мотор на фокус со целосен рачен фокус
  • Пловечки внатрешен механизам за фокусирање
  • Херметички затворен како заштита од временски услови и прашина
  • Робусно граден квалитет

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon EF 24mm f/1.4L II USM

Врвни леќи со широкоаголна бленда


EF 24mm f/1,4L II USM има голем максимум на бленда од f/1,4, со што нуди шанса да се прават фотографии при слабо светло, а циркуларната бленда и тесната длабочина на полето даваат пријатно засенчена позадина. Должината на фокусот од 24mm е идеална за широкоаголна фотографија: леќи направени според потребите на фоторепортерите, на фотографите на пејзажи и оние кои уживаат да фотографираат од поширока перспектива.

Асферични и UD елементи


Квалитетот на сликата е значително подобрен со EF 24mm f/1,4L II USM благодарение на додадените две високо прецизни асферични леќи за да ги коригираат отстапувањата вклучително и искривувањето на полето и нарушувањето. Хроматското отстапување кое е вообичаено при широкоаголно сликање е исто така решено со вклучувањето на две UD леќи, со што се обезбедува оптимален квалитет на сликата и детали од едниот до другиот агол.

Обвивка на структурата на леќите под бранова должина.


Дизајниран за употреба кај дигитална фотографија, патентираниот елемент на обвивката на леќите на Canon помага да се сведе на минимум двојната слика и одблесокот предизвикани од внатрешни рефлексии. Со елиминирање на причината, обвивката ги намалува рефлексиите и помага да се направат остри, јасни слики.

USM мотор на фокус


Скоро беззвучниот Ултра соничен мотор на EF 24mm f/1,4L II USM (USM) овозможува супер-брзо автоматско фокусирање со целосно прескокнување на рачниот режим. Пловечкиот систем на внатрешниот фокус исто така помага да се одржи високиот квалитет на сликата преку опсег на фокусот.

Робусно граден квалитет


Леќите на Canon се изработени на начин со кој се постигнува тие да бидат издржливи при редовна употреба во најразлични околини. Леќите се херметички затворени за да бидат заштитени од временски услови и прашина и тоа обезбедува дополнителна заштита, а исто така во пакетот се вклучени и поколопец и торба.

Безоловна оптика


При изработувањето на EF 24mm f/1,4L II USM се користи еколошко безоловно стакло.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon EF 24mm f/1.4L II USM, неговите функции и можности.

Можеме ли да ви помогнеме да го изберете вашиот следен објектив?

Нашата алатка за избирање објективи ќе ви ја прикаже целата наша палета на објективи и ќе ви помогне да го пронајдете објективот кој совршено ќе ви одговара вам и на вашиот фотоапарат EOS.