Разновидност, рамноправност и инклузија
Компанијата Canon се стреми кон создавање разновидна култура и развивање инклузивно работно опкружување, како и создавање порамноправно општество за сите. Со над 22.000 вработени и 102 националности низ Европа, Средниот Исток и Африка, како и 180.000 на глобално ниво, ќе сретнете луѓе од секоја област.
Веруваме во филозофијата Kyosei - заеднички живот и работа за доброто на сите. Желбата да имаме удел во развојот на подобро општество ја поткрепува нашата желба за поинклузивен и порамноправен свет.
Се стремиме кон создавање на разновидно, инклузивно и рамноправно работно опкружување што ги одразува различните заедници во коишто работиме, како и потрошувачите кои ги услужуваме во регионот EMEA. Сакаме да го постигнеме ова преку создавање работно опкружување во коешто луѓето се ценети, почитувани, имаат чувство на припадност и можат да успеат на професионално и лично ниво.

Остварување инклузивна визија предводена од луѓе
„Разновидноста, рамноправноста и инклузијата се темелите врз кои нашите колеги ја отелотворуваат и одразуваат нашата корпоративна филозофија ‘Kyosei‘. Исто така, на тој начин ја изразуваме нашата посветеност кон градење разновидна организација каде што луѓето можат да бидат свои и каде што им е дадена секоја можност да успеат во својата улога и да ја развијат својата кариера“.
Воспоставуваме разновидна култура
Заедно со нашите предводници и вработени, ние ги претставуваме и правиме пример за инклузивно однесување. Имаме за цел да создадеме опкружување во кое сите се чувствуваат почитувано, ценето и во кое може да успеат на лично и професионално ниво.