Компатибилност со објективи

Дознајте повеќе за различните типови на објективи за фотоапарати од Canon и како да препознаете дали се компатибилни со вашиот фотоапарат.
Жена прикачува RF-објектив на фотоапарат со R-систем.

Компатибилност со објективи

Приклучоци за објективи од Canon

Најлесниот начин да дознаете кои објективи се компатибилни со вашиот фотоапарат е да ги погледнете индексните ознаки на приклучокот за објектив на предниот дел од фотоапаратот. Едноставно отстранете го објективот од фотоапаратот со притиснување на копчето за ослободување на објективот и вртење на објективот во спротивен правец од стрелките на часовникот. Фотоапаратите од Canon имаат четири типа на приклучоци.

  • Слика одблиску од црвена линија сместена централно горе на приклучокот од фотоапарат EOS R.

    Систем EOS R

    Ако видите црвена линија на приклучокот за објективи, тоа значи дека вашиот фотоапарат има EOS R-систем со APS-C-сензор или EOS R-систем без огледало со сензор за целосна слика.

  • Слика одблиску од црвен круг сместен централно горе на приклучокот и бел круг десно горе на приклучокот на фотоапарат EOS 200D.

    EOS APS-C DSLR

    Ако видите црвен круг и бел квадрат на приклучокот за објективи, тоа значи дека вашиот фотоапарат е од типот EOS APS-C DSLR.

  • Слика одблиску од црвениот круг сместен централно горе на приклучокот на фотоапарат EOS 6D Mark II.

    EOS DSLR за целосна слика

    Ако видите само црвен круг на приклучокот за објективи, тоа значи дека вашиот фотоапарат е од типот EOS DSLR за целосна слика.

  • Слика одблиску од бел круг сместен горе лево на приклучокот на фотоапарат EOS M50.

    Серија EOS M

    Ако видите бел круг на приклучокот за објективи, тоа значи дека вашиот фотоапарат е од серијата EOS M без огледало со APS-C-сензор.

  • Видови на објективи од Canon

    Во зависност од видот на вашиот фотоапарат, тој може да се користи со различни видови на објективи со или без адаптер за монтирање објективи.

  • Lens RF100mm F2.8 L MACRO IS USM standing on the wooden table with a butterfly sitting on it.

    RF и RF-S

    Создадени за фотоапарати со EOS R-систем.

  • Canon lens EF 24-105mm f4L IS II USM placed amongst the snow with blue sky in the background.

    EF, TS-E, MP-E

    Компатибилни со сите EOS-фотоапарати произведени досега, вклучувајќи ги и фотоапаратите од новите серии EOS R и EOS M, доколку се користат со соодветниот адаптер за објективи.

  • Somebody taking a macro picture with a Canon camera and lens EF-S 35MM F2.8 IS STM MACRO with a macro lite on.

    EF-S

    Дизајниран за фотоапарати EOS APS-C DSLR. Компатибилен со фотоапарати од сериите EOS R и EOS M, доколку се користи со соодветниот адаптер за објективи.

  • A hand holding lens EF-M 32MM F1.4 STM in the street showing the same street upside down through the lens.

    EF-M

    Создаден за фотоапарати од серијата EOS M.

  • Табела на компатибилност на објективи од Canon

    Погледнете кои објективи од Canon се најдобри за вашиот фотоапарат во табелата подолу.

    Објективи \ фотоапарат

    Фотоапарат EOS APS-C R

    EOS R систем за целосна слика

    EOS APS-C DSLR

    EOS DSLR за целосна слика

    Серија EOS M

    RF


    Целосно компатибилен1


    Целосно компатибилен


    Некомпатибилен


    Некомпатибилен


    Некомпатибилен

    RF-S


    Целосно компатибилен1


    Компатибилен1 2


    Некомпатибилен


    Некомпатибилен


    Некомпатибилен

    EF, TS-E, MP-E


    Компатибилен со адаптер EF-EOS R 1


    Компатибилен со адаптер EF-EOS R


    Целосно компатибилен1


    Целосно компатибилен


    Компатибилен со адаптер EF-EOS M 1

    EF-S


    Компатибилен со адаптер EF-EOS R 1


    Компатибилен со адаптер EF-EOS R1 2


    Целосно компатибилен1


    Некомпатибилен


    Компатибилен со адаптер EF-EOS M 1

    EF-M


    Некомпатибилен


    Некомпатибилен


    Некомпатибилен


    Некомпатибилен


    Целосно компатибилен1

    1. Комбинацијата од објектив и фотоапарат ќе има фактор на отсекување од 1,6.
    2. Користењето наменски објективи APS-C на фотоапаратите EOS R за целосна слика може да има дополнителни ограничувања, подетални информации погледнете во прирачникот за корисници на вашиот фотоапарат.

    Адаптери за монтирање објективи од Canon

    Адаптерите за монтирање објективи од Canon нудат целосна компатибилност со објективите EF, EF-S, TS-E и MP-E од Canon, со што на корисниците на фотоапарати од сериите EOS R и EOS M од Canon им овозможуваат целосна интеграција со постоечките објективи.*

  • Адаптер за монтирање објективи EF-EOS R прикажан странично.

    Адаптер за монтирање објективи EF-EOS R

    Стандардниот адаптер за монтирање објективи EF-EOS R овозможува користење на објективите EF, EF-S, TS-E и MP-E со фотоапарати EOS R.

  • Адаптер за монтирање објективи со прстен за контрола EF-EOS R прикажан странично.

    Адаптер за монтирање објективи со контролен прстен EF-EOS R

    Адаптерот за монтирање објективи со контролен прстен EF-EOS R ја нуди истата конверзија на приклучок за објективи како и адаптерот за монтирање објективи EF-EOS R, но придодава и контролен прстен на објективот.

  • Адаптер за монтирање објективи со внатрешен филтер EF-EOS R прикажан странично.

    Адаптер за монтирање објективи со внатрешен филтер EF-EOS R

    Адаптерот за монтирање внатрешен филтер EF-EOS R ја има истата функција како и адаптерот за монтирање објективи EF-EOS R и придодава можност за користење внатрешни филтри.

  • Адаптер за монтирање објективи EF-EOS M прикажан странично.

    Адаптер за монтирање EF-EOS M

    Изберете објектив од големата палета на Canon во којашто се вбројуваат објективите EF, EF-S, TS-E и MP-E и прикачете го за фотоапарат од серијата EOS M со користење на малиот и лесен адаптер за монтирање EF-M.

  • Објективи по вид на фотографија

    Прочитајте ги статиите подолу за да дознаете повеќе и да добиете препораки што ќе ви помогнат да ги снимите посакуваните слики и да дознете кој е идеалниот објектив со кој ќе ги снимите тие слики.

  • Фотограф фотографира модел заплискан со виолетова светлина којшто држи стебленце од растение.

    ФОТОГРАФИРАЊЕ ПОРТРЕТИ

    Совршен објектив за портрети

    Што да земете предвид кога избирате објектив за портрети?

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ

    Најдобри објективи за диви животни

    Снимајте прекрасни слики од диви животни и птици со овие примарни објективи и објективи со зум.

  • Дрвено пристаниште врз езеро опкружено со планини. Облаците се рефлектираат во површината на езерото.

    ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ

    Најдобри објективи за пејзажи

    Сите информации што ви се потребни за да изберете достапни примарни објективи и објективи за зумирање.

  • Најдобри објективи за фотографирање движења

    ФОТОГРАФИРАЊЕ ДВИЖЕЊА

    Најдобри објективи за фотографирање движења

    Нашиот водич за најдобри објективи за фотографирање движења.

  • Шуплива чоколадна топка исполнета со сладолед, гарнирана со ливчиња и чоколадни трошки.

    ФОТОГРАФИРАЊЕ ХРАНА

    Најдобри објективи за фотографирање храна

    Снимајте прекрасни фотографии од храна со нашиот избор на објективи од Canon кои мора да ги имате.

  • Дланка вади фотоапарат од Canon со прикачен објектив Canon RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM од торба.

    ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊА

    Најдобри фотоапарати и објективи за патување

    Без разлика дали истражувате градски улици или рурални области или, пак, летате до другиот крај на светот, добро е да патувате со лесен багаж. Ова е најидеалната опрема од Canon за снимање доживувања, без да го надминете вашиот буџет.

  • СНИМАЊЕ ВИДЕОБЛОГОВИ

    Снимање видеоблогови за патувања со извонредно широк објектив

    Видеоблогерката за патувања Chloe Gunning на еднодневно снимање во град со RF 16mm F2.8 STM од Canon.

  • Фотографка стои на карпи во плитка вода и фотографира езеро опкружено со планини.

    ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ

    Предизвик за фотографирање со објектив за пејзажи

    Професионалната фотографка Verity Milligan го споделува своето искуство во фотографирањето креативни пејзажи со два лесни објективи.