digital photo professional express
alt text goes here

Digital Photo

Professional Express

Преземете на IOS

Digital Photo Professional Express

Апликацијата Digital Photo Professional Express (DPP Express)* од Canon е наменета за преносливи и безжични работни процеси за дигитално фотографирање и нуди повеќе моќни функции од компјутерскиот софтвер DPP на Canon за вашиот компатибилен iPad. Во комбинација со апликацијата Camera Connect од Canon, Digital Photo Professional Express од Canon овозможува увезување, пребарување и уредување слики од форматите JPEG или .CR3 RAW на Canon во движење.

*Ве молиме имајте предвид дека апликацијата Digital Photo Professional Express, почнувајќи од верзијата 1.2.0 или понова, ќе биде достапна со месечна претплата од октомври 2019 година. Очекувајте повеќе информации наскоро.

digital- photo professional express video

Безжично поврзување

Откако ќе ја инсталирате апликацијата* Camera Connect на вашиот компатибилен iPad, ќе можете лесно и безжично да го поврзете со вашиот фотоапарат за да преземате слики. Сликите зачувани во мемориската картичка на фотоапаратот може да се преземат моментално и автоматски за прегледување, споделување или уредување со апликацијата DPP Express.

camera and app

Обработувајте ги вашите слики во движење

Откако ќе ги увезете сликите ќе можете да ги прегледувате, обработувате и уредувате во форматите JPEG и .CR3 RAW од Canon со целосна резолуција со помош на оригиналниот конвертор за RAW-датотеки на Canon и може да бидете сигурни дека вашите датотеки ќе се обработат со најдобар можен квалитет и бои.

using the app

Создавајте и применувајте истории на уредување

За да создадете и споредите различни верзии на истата слика, DPP Express овозможува повеќе истории на уредување. Оваа функција е практична за разликување и споредување ефекти или промени на подесувањата за една иста слика и ви овозможува да создадете најмногу четири истории на уредување што ќе можете да ги прегледувате и зачувате. За да примените иста група на корекции за различни фотографии, историите на уредување може да се копираат и применат врз слика со помош на функциите за копирање и залепување на DPP Express.

edit histories on app

Повеќе распореди, почнувајќи од измешан па сè до обележувачи и налепници

  • Измешаниот распоред автоматски меша фотографии со различен сооднос на слика за да создаде колаж
  • Распоредот „N-up“ го дели листот еднакво на 2, 4 или 8 фотографии по страна
  • Распоредот за обележувачи создава два долгнавести распореди за обележувачи
  • Комбинираниот распоред спојува фотографии со различни големини што можат да се исечат и раздвојат по печатењето.
  • Распоредот за налепници создава распореди практични за печатење на SELPHY-хартија за налепници KC-18IL, KC-18IS (се продава посебно)

Преземете веднаш

Апликацијата Digital Photo Professional Express може да се преземе од Apple App Store за компатибилни уреди со iOS.


Компатибилност

Верзија на оперативен систем: iOS 11.4
Уреди: сите модели на iPad Pro/iPad(6-та генерација) /mini4/Air2 (iPad со капацитет на RAM од 2 GB или повеќе) 


Може да се инсталира на првата генерација на iPad mini2/mini3/Air, но не е поддржана. Апликацијата не може да се инсталира на постара верзија на
горенаведените модели на iPad и iPhone / iPod touch

Јазици

Јапонски, англиски, француски, германски, италијански, шпански, кинески (едноставен), руски, корејски, турски, бразилски португалски